Sredba za vmrezuvanje (4)
|

Граѓански импулс #4: месечен осврт на активностите на грантистите

април 2025

Во април се потврди упорноста на граѓанските организации да направат конкретни, реални промени за граѓаните.

Месецот започна со консултативна работилница во Скопје, на која матичните лекари по семејна медицина дискутираа за можностите, потребите и потенцијалните пречки за нивно вклучување во спроведувањето на Програмата за скрининг на рак на грлото на матката. Лекарите се согласија дека треба да имаат активна улога во програмата – преку здравствена едукација на жените, земање ПАП или ХПВ брисеви, како и преку континуирана соработка со матичните гинеколози од истиот регион. Нивната улога е особено важна во руралните и оддалечени средини, како и во општини каде што нема матични гинеколози. Работилницата беше дел од проектот „Унапредени здравствени права на девојките, жените и ранливите групи“.

По повод Светскиот ден на здравјето 7 Aприл, кој годинава се одбележува под мотото „Здрави почетоци, надежна иднина“, организацијата ХЕРА заедно со Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), Иницијативата за правата на жените од Шуто Оризари и Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ, укажуваа на важноста државата да инвестира во здравствена превенција и квалитетна и достапна здравствена заштита како основа за достоинствен живот. Четирите организации упатија јасни барања до институциите. Од достапна гинеколошка заштита и зајакнати патронажни тимови, до поголем буџет за превентивни програми и креирање политики базирани врз докази, притоа најавувајќи континуиран мониторинг сè до усвојувањето на ребалансот на буџетот.

Паралелно со ова, во Пелагонискиот регион, Центарот за граѓански иницијативи – Прилеп, организираше предавања на тема „Превенција за подобро здравје“ во општините Могила, Новаци и Битола, каде со локалното население разговараше за исхрана, физичка активност, ментално здравје и посебно за техниките за справување со стресот.

На полето на екологијата, Центарот за ресурси во животна средина, Еко Логик и здружението Флорозон, покрај редовните работилници во Биотехнолошката лабораторија со ученици од скопските училишта, месецов го одбележаа Денот на планетата земја. На 22 април, го започна првиот Научен караван во ООУ „Климент Охридски“ – Драчево. Како дел од проектот, организираа практична демонстрација на експерименти за биоотпад, а учениците активно учествуваа и учеа за важноста на одржливото управување со отпад.

Во меѓувреме, Центарот за климатски промени заедно со партнерите, ги заокружи скрининг посетите на 15 општини во Североисточниот, Југоисточниот и Вардарскиот регион. Средбите беа насочени кон зацврстување на соработката помеѓу општините и граѓанскиот сектор, со фокус на спроведувањето на насоките од Зелената агенда.
Особено значајна беше иницираната посета на претставници од Куманово во Прилеп, каде на терен ги разгледаа долгогодишните практики за селекција на комунален отпад и ја посетија новата постројка за сортирање која е во изградба.

Април пулсираше и со младинска енергија. Центарот за едукација и развој (ЦЕД) од Теарце, со партнерите одржа обука за граѓанска ангажираност во Europe House во Тетово. Обуката, се реализира со младите од Полошкиот регион како дел од проектот: „Јакнење на младите: Поттикнување на граѓанската ангажираност и претприемништвото во Полошкиот регион“. Околу 20 мотивирани млади лица дискутираа за граѓанската ангажираност, истражувајќи го концептот на волонтерство и споредувајќи како е регулирано во различни контексти.

На крајот на месецот, КРИК реализираше тридневна обука „Зелено застапување преку зелена социјална и младинска работа“ во Велес, каде учесниците се запознаа со концептите на младинска работа, зелено застапување и зелена социјална работа. Преку интерактивна програма, тие развиваа сопствени зелени иницијативи што ќе ги спроведат во сите осум плански региони низ земјата.

Комбинацијата од здравствени заложби, зелени иновации, женско економско јакнење и младински активизам уште еднаш покажа дека граѓанските организации се двигатели на општеството, претворајќи ги локалните потреби во национални приоритети и конкретни резултати.

Продолжи со читање

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави #2

    Месечен преглед на медиумските објави [20-30 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Периодот по првиот изборен круг, помеѓу 20 и 30 октомври, донесе висока медиумска активност и интензивен онлајн ангажман. Иако првичниот еуфоричен тон по изборните резултати постепено се намали, јавниот простор остана динамичен, исполнет со анализи,…

  • Кога штедењето станува политичка одговорност

    „Штедењето на државно ниво не значи одрекување од трошоци, туку нивно рационализирање и насочување кон политики што создаваат додадена вредност – образование, здравство, инфраструктура и иновации“, вели Благица Петрески, извршна директорка на „Фајнанс Тинк“ (Finance Think), и така концизно ја објаснува суштината на јавните финансии: „Владата треба да штеди на…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #6

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #6 [20 – 26 октомври 2025] И по завршувањето на изборниот процес, изборите продолжија да ја диктираат медиумската агенда. Иако бројот на објави е нешто помал од претходните недели, јавниот интерес остана висок. Со повеќе од 4.400 медиумски текстови и 560 објави на социјалните мрежи, медиумскиот простор остана…

  • Соработката меѓу граѓанските организации и бизнис секторот носи многу заемни придобивки

    „Причината поради која сите сакаме да соработуваме е затоа што сите сакаме да имаме корист. Без разлика дали доаѓате од бизнис секторот или од граѓанскиот, треба да почнете да развивате покомплексно разбирање за заемните придобивки“, им рече Сајмон Форестер, меѓународниот експерт на Цивика мобилитас, на учесниците на  работилницата „Зајакнување на…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #5

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #5 [13 – 17 октомври 2025] Во последната недела пред изборниот молк имаше засилена активност и обновена мобилизација во медиумските објави со повеќе од 3.000 медиумски текстови и 240 објави на социјалните мрежи, и со јасен раст на ангажманот кон крајот на неделата. Кампањата влезе во завршна фаза…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави

    Месечен преглед на медиумските објави [15 септември – 14 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Изборите за локалната власт беа една од најдоминантните теми во медиумскиот простор со над 11.000 медиумски написи и над 1.100 објави на социјалните мрежи. Анализата открива јасна слика: изборната кампања се води…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор