насловна

Цивика мобилитас поттикнува подобра комуникација и видливост на граѓанските организации

На 27 август 2024 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје, се одржа работилница посветена на комуникациите на Цивика мобилитас и на граѓанските организации.

Вкупно 34 претставници од 33 граѓански организации, актуелни добитници на грантовите за граѓански ангажман, дискутираа за комуникацисите предизвици и како полесно да ги следат правилата за  успешно известување за постигнувањата.

Сите се согласија дека е важно да се стави поголем акцент на споделувањето на постигнувањата од  ангажманите наместо информирање само за реализација на активностите. Иако информирањето за активности останува значајно, клучно е да се пренесат резултатите и ефектите на нивните ангажмани, што може да помогне во подобрување на јавната свест и перцепција за делувањето на граѓанските организации.

Во текот на работилницата, дел од учесниците ги споделија своите искуства за комуникацијата со медиумите и за ефикасна употреба на медиумските платформи за зголемување на видливоста и влијанието на нивните активности. Дискутирани беа и прашањата за видливоста, употребата на логоата, процесот на известување за настани и слично. Тимот на Цивика мобилитас ги презентираше ресурсите кои им се на располагање на грантистите, нагласувајќи ја употребата на хаштаговите и спомнувањата (mentions) на профилите на Цивика мобилитас и СДЦ за зголемување на досегот на информациите. Истотака, беше презентирана и новата е-платформа или веб сајт на Цивика мобилитас, кој нуди многу опции за поддршка на комуникациските напори на грантистите. Сепак, дали овие опции ќе бидат искористени или не, зависи целосно од грантистите и од нивната активна употреба.

Учесниците беа поттикнати да ги разберат комуникациските навики на нивните целни групи и да ги адаптираат своите стратегии за постигнување на подобри резултати. Иако објавувањето на социјалните мрежи е брзо и едноставно, важно е и редовното објавување на веб-страниците. Дополнително, беа разгледани и споредени примери од фотографии, објаснувајќи ја важноста на добро селектирање  квалитетни фотографии за добра приказна или позитивна слика во медиумите.

На крајот од работилницата, учесниците изразија согласност за засилување на комуникацијата и соработката помеѓу себе, додека тимот на Цивика мобилитас ќе продолжи да нуди поддршка за подобрување на комуникациските стратегии на граѓанските организации.

Продолжи со читање

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

  • Швајцарскиот амбасадор Зомер во посета на семејствата од Кочани и граѓанските иницијативи

    Повеќе од десет родители и членови на семејствата погодени од трагедијата во дискотеката во Кочани се сретнаа со швајцарскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер. На средбата со нивното здружение – Здружение на граѓани „16-ти Март 2025“ учествуваа ипретставници од Амбасадата на Швајцарија и тимот на Цивика мобилитас. Истиот ден,…

  • Социјалната правда не се слави, таа се создава!

    Денот на социјалната правда не е датум што треба само формално да се одбележи. Тој треба да не потсети дека правдата не е апстрактен поим, туку конкретна реалност што директно влијае врз животот на луѓето: врз нивната плата, сигурност, достоинство и иднина. За нас од „Гласен текстилец“, социјалната правда не…

  • Јавниот интерес пред скриената сопственост

    Во светот долго време се знаеше за постоењето на т.н. „шел“ или празни компании кои без познат сопственик и без вработени си префрлаа меѓу себе огромни суми пари за фиктивни услуги, за да се затскрие трагата на овие пари кои најчесто потекнуваа од црни и неоданочени бизниси. Но по откритијата…

  • Граѓанските организации дискутираа за како подобро да ги промовираат своите постигнувања

    Комуникациите и видливоста на Цивика мобилитас и на граѓанските организации беа тема на работилницата што се одржа на 11 февруари 2026 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар. Вкупно 21 претставник од 20 граѓански организации, актуелни добитници на партнерски грантови (ЦМ-ПГ-2), дискутираа за комуникациските предизвици и како полесно да ги…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор