Bitola otvoren grad 1

Цивика мобилитас на „Битола отворен град 2016“

Регионалниот форум за соработка на граѓанските организации и активисти од Плагонискиот и Југозападниот регион се одржа 24 јуни 2016 година, во Порта Џез- Битола како дел од програмата на 15-тот издание на фестивалот „Битола отворен град 2016“.
Форумот се одвиваше во два дела, работилница и јавна дебата. Работилницата беше наречена „Фото глас- алатка за граѓански активизам на локално и на регионално ниво“. Алатката може да послужи да се идентификуваат потенцијалните или постоечките проблеми во заедниците преку фотографирање. Потоа фотографиите кои го визуелизираат пробемот се кристат за влијание врз институциите да се ангажираат во решавањето на проблемите. Освен кај институциите, може да се влијае и кај граѓаните, да им се подигне свеста за проблемите што ги опкружуваат.

Bitola otvoren grad 1

 

Покрај презентацијата на алатката, учесниците, поделени во пет групи, излегоа на терен да ги снимат проблемите.

Вториот дел од форумот беше наменет за јавна дискисија на темата „Родов гејминг за еднакви права“ со новинарката и граѓанска активистка Ана Јовковска. Таа ја објасни моменталната состојба со рамноправност на жената во Македонија и во светот. Јовковска зборуваше за тоа дали навистина светот во кој живееме е рамноправен; дали всушност живееме во политичка идеологија за еднаквост. „Доколку продолжиме со ова темпо на живот треба да чекаме 75 години за стигнеме до еднакво вреднување на мажите и жените за иста работа во Македонија “ рече Ана Јовковска.

Bitola otvoren grad 2

 

Во дискусијата беше начнато и прашањето на религијата, односно, како да се дознае дали религиозноста е автентичен или наметнат избор и за прашањето за позитивна дискриминација.

Организатор на Битола Отворен град 2016  и ко-организатор на регионалниот форум беше Младинскиот културен центар – Битола, институционален грантист на Цивика мобилитас од пелагонискиот регион.

Продолжи со читање

  • Практична поддршка за полесно финансиско известување

    На 30 април 2026 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во Скопје, тимот на Цивика мобилитас одржа работилница за финансиско известување. Работилницата беше наменета за добитниците на партнерските грантови од повикот ЦМ-ПГ-2. Вкупно 19 учесници од сите 11 грантисти, вклучително координатори на проекти и лица задолжени за финансии,…

  • Придонесот на граѓанските организации во медиумската слобода

    „Обликување иднина во мир“ е глобалната порака под која оваа година се одбележува 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, посветен на улогата на новинарството во заштитата на човековите права, демократските процеси и јавниот интерес. Денот се одбележува од 1993 година, по одлука на Обединетите нации и препорака…

  • Седма едукативна работилница во Куманово за унапредување на здравјето на мајките и децата со фокус на мајчиното ментално здравје

    На 23.04.2026 година во Куманово се одржа седмата по ред едукативна работилница посветена на здравјето на мајките и децата, со посебен фокус на мајчиното ментално здравје. На работилницата учествуваа 18 жени, бремени или во период до 12 месеци по породувањето. Работилницата им овозможи на учесничките да добијат важни информации за…

  • Наша моќ, наша планета: Граѓанскиот сектор предводник на промените

    Секоја година, 22 април нè потсетува дека планетата не се заштитува само со големи ветувања, туку со секојдневни работа, одлуки, практични решенија и заедници кои знаат дека имаат моќ да направат промена. Овогодинешното мото на Денот на планетата Земја, „Нашата моќ, нашата планета“, особено силно се поврзува со работата на…

  • Меѓународниот ден на Ромите низ призмата на граѓанското општество

    Меѓународниот ден на Ромите е уште една можност за проверка на напредокот на општеството за предизвиците со кои се соочуваат нашите сограѓани, но исто така и е и можност да го препознаеме придонесот на сите оние што секојдневно работат на нивно надминување. Во тој процес, граѓанските организации имаат клучна улога….

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор