Dobitnici grantisti

Цивика мобилитас ги додели новите десет грантови

Комисијата за избор на грантови на Цивика мобилитас ги оцени пристигнатите пријави и препорача десет од нив да склучат договори. Грантовите  ќе ги спроведуваат вкупно 34 организации (списокот на добитниците/спроведувачите е на крајот од текстот).  Вкупниот буџет за доделените грантови е околу 55,5 милиони денари. Спроведувањето ќе трае од 24 до 28 месеци.

Грантовите се наменети да ја зголемат активната вклученост на граѓаните во планирањето и спроведувањето на проектите и да ја подобрат нивната вклученост во управувањето со ГО. Со финансиската поддршка ќе се  спроведуваат конкретни акции за ангажирање на граѓаните во сите осум плански региони.

На повикот што беше отворен до 12.04.2024г. пристигнаа  57 пријави на вкупно 184 граѓански организации.  Од нив, 57 организации се пријавија како носители, а 127 како партнери. Вкупно 49 ги исполнија административните критериуми и беа доставени до Комисијата за оценка пријавите.

Подолу се организациите добитници на грантовите и акциите што ќе ги спроведуваат:

Здружението Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Скопје во партнерство со Здружението за заштита и унапредување на животната средина ЕКО-ЛОГИК Скопје и Здружението на граѓани ФЛОРОЗОН-Центар за еколошка демократија Скопје ќе го спроведуваат проектот  „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“. 

Здружението на граѓани Финанце тхинк – Институт за економски истражувања и политики, Скопје во партнерство со Здружението Македонски центар за граѓанско образование МЦГО Скопје; Здружението на граѓани Младински образовен форум Скопје;  Здружението на граѓани Центар за развој и унапредување на демократијата, медиумските и новинарски стандарди и слободата на изразување во Република Македонија 360 Степени Скопје и Македонско лекарско друштво Скопје ќе го спроведуваат проектот „Граѓански надзор: Премостување на јазот помеѓу политичките ветувања и остварувања во четири развојни области“.

Здружението Хелсиншки комитет за човекови права Скопје, Скопје во партнерство со Здружението  ХОПС-Опции за здрав живот Скопје и Коалицијата за сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници Маргини Скопје ќе го спроведуваат проектот „Еднаквост сега – Зајакнување на маргинализираните заедници за социјална инклузија и недискриминација“.

Центарот за помош на лица со ментален хендикеп Порака Неготино, во партнерство со Здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко-живот Кавадарци и Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености Велес ќе го спроведуваат проектот Соочување со предизвиците и стигматизацијата“.

Хуманитарното здружение Мајка Куманово, во партнерство со  Здружението Регионален центар за соработка Спектар Крива Паланка; Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово и  Здружението Регионален центар за одржлив развој Кратово ќе го спроведуваат проектот „Активни жени“.

Здружението Центар за развој и промоција Промо идеа Струмица, во партнерство со Здружението на граѓани Центар за истражување и анализи Новус Струмица и Здружението за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните Круна плус Радовиш ќе го спроведуваат проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“..

Здружението за заштита на работничките права Гласен текстилец Штип, во партнерство со Здружението ЕХО едукативно-хуманитарна организација Штип и Здружението ИНИЦИЈАТИВА НА НЕВРАБОТЕНИ ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ Виница ќе го спроведуваат проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“.

Здружението Асоцијација за демократска иницијатива Гостивар, во партнерство со Здружението на граѓани ЦЕНТАР ЗА ЕДУКАЦИЈА И РАЗВОЈ с. Теарце, Теарце; Здружението  Институт за лидерство и јавни политики, Тетово Shoqata Instituti per lidership dhe politika publike, Tetovё и Асоцијацијата Институт за социјална промена-ИнСоК Тетово ќе го спроведуваат проектот „Зајакнување на младите: поттикнување на граѓанскиот ангажман и претприемништвото во Полошкиот Регион“.

Здружението Извиднички Поречански Одред Крсте Јон Струга, во партнерство со  Здружението Центар за одржлив развој на заедницата Дебар и Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина РЕГИОНАЛЕН ЗЕЛЕН ЦЕНТАР Охрид ќе го спроведуваат проектот „Да учиме за климатските промени!!!“.

Здружението Центар за граѓанска иницијатива Прилеп, во партнерство соЗдружението за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. Прилеп и Мултиетничко здружение за сите возрасти с. Црнилиште, Долнени ќе го спроведуваат проектот „Нејзин глас – нејзина моќ: Зајакнување на маргинализираните жени и девојки во Пелагонија“.

Продолжи со читање

  • Цивика мобилитас и ПРАГГ разменија искуства и знаење од спроведувањето на програмите за поддршка на граѓанското општество

    Тимот на Цивика мобилитас се сретна со колегите од швајцарската програма „Проактивни граѓани и граѓанки“ (ПРАГГ) во Босна и Херцеговина од 15 д 19 јуни 2026 година во Сараево. Размената на искуства во поддршката на граѓанското општество во двете земји беше во фокусот на дискусиите. Посетата беше одлична можност да…

  • На граѓанскиот и бизнис секторот им се потребни партнерства за одржлива соработка

    „Од краткорочни донации кон долгорочни партнерства“! Ова беше главната порака на работилницата „Зајакнување на соработката помеѓу приватниот сектор и граѓанското општество“, што се одржа на 10 јуни во Скопје. Повеќе од 20 претставници на граѓански организации разговараа за тоа како соработката со компаниите може да се развие во одржлив модел…

  • Кодексот за граѓански организации како алатка за критика и пофалба од сопствената фела

    На 2 јуни 2026 година, во просториите на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), тимот на Цивика мобилитас јa организираше првата работилница посветена на унапредување на спроведувањето на Кодексот за граѓански организации. Работилницата ги собра грантистите на Цивика мобилитас од Скопје, Куманово, Тетово и Гостивар, кои дискутираа за можностите за…

  • Мониторинг посетите ја потврдија одржливоста на партнерствата и резултатите од грантовите

    Во периодот од 8 до 21 мај, тимот на Цивика мобилитас реализираше посети за мониторинг на организациите корисници на  грантови. Посетите се одвиваа во просториите на организациите носители на проектите, а на средбите најчесто присуствуваа и претставници на партнерските организации. Со оглед дека најголем дел од проектите влегуваат во завршна…

  • Старо-новите предизвици на граѓанскиот сектор

    Предлог – Законот за здруженија и фондации, односно коментарите и предлозите поврзани со него предизвикаа повеќе дебати во граѓанскиот сектор во  почетокот на годината. Ова беше и разбирливо ако се има предвид дека станува збор за основниот закон според кој функционираат граѓанските организации. Поднесените околу 130 коментари многу јасно го…

  • Практична поддршка за полесно финансиско известување

    На 30 април 2026 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во Скопје, тимот на Цивика мобилитас одржа работилница за финансиско известување. Работилницата беше наменета за добитниците на партнерските грантови од повикот ЦМ-ПГ-2. Вкупно 19 учесници од сите 11 грантисти, вклучително координатори на проекти и лица задолжени за финансии,…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор