20181201 Vest vmrezuvannje

Четвртата средба за вмрежување на организациите со признанија за посебни постигнувања

„Во последните две-три години иницијативите на граѓанското општество обезбедија опипливи промени во земјата што го потврди потенцијалот за зголемување на неговото влијание. Секако, свесни сме дека овие реформи се уште се далеку од очекувањата на граѓаните, но барем постои добра основа за дијалог и отвореност за соработка.“ Со овие зборови амбасадорката на Швајцарија, нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада ја отвори четвртата Средба за вмрежување на Цивика мобилитас, последна во оваа фаза на програмата. Вчера  (30 ноември 2018 г.) се собраа 132 претставници на граѓанските организации поддржани од програмата во изминативе четири години, со цел да ги разменат искуствата и да ги презентираат промените кои тие ги постигнале досега.

„Ова е најголемата програма за поддршка на граѓанските организации, односно програма која овозможила најширок опфат во историјата, што ме прави многу среќен“, рече Александар Кржаловски, националниот тим лидер на Цивика мобилитас. Тој ги сумираше резултатите на програмата кои вклучуваат над 2000 обуки за граѓанските организации, над 1800 истражувања на различни теми, над 500 дебати и дискусии, над 600 истражувачки стории итн.

Емина Нурединоска, заменик национален лидер на тимот, ги презентираше предизвиците и научените лекции од оваа фаза на програмата кои се однесуваат на општеството и на самата програма. Поддршката овозможи да се зголеми буџетот кај 34 институционални грантисти, а во еден случај, тој е зголемен за дури седум пати.

Петруш Тоинес, меѓународен тим лидер на програмата, зборуваше за заедничките вредности на заедницата Цивика мобилитас и за меѓусебната солидарност. Изненадувачки е фактот што 90% изјавија дека сакаат да останат во заедницата, дури и ако не добијат грант.

Сајмон Форестер, меѓународен експерт на програмата, ги воведе учесниците во концептот Оценка на корисници (Beneficiary assessment) кој се однесува на мерење на постигнувањата преку испитување на мислењата на корисниците.

Денешниот ден беше затворен со 10 презентации во кои организациите ги претставија своите постигнувања пред аудиториумот и беа оценети од истиот. Истите беа наградени со суми од 3000 до 5000 швајцарски франци од страна на Цивика мобилитас  како признание за нивните посебни постигнувања. Овие организации се: Центарот за граѓански комуникации, Геосфера, Полио плус, Црвен крст на град Скопје, Здружението на новинари, Сината птица, Коалиција Маргини, Рурална коалиција, Центар за климатски промени, Здружение Форум – Центар за стратешки истражувања и документација и Центарот за едукација и развој.

Продолжи со читање

  • Средба со раководителката на секторот за Источна Европа на СДЦ

    Тимот на Цивика мобилитас на 5 март се сретна со Северин Доне-Декарт (Séverine Donnet-Descartes), раководителката на секторот за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Таа се интересираше за предизвиците во граѓанското општество, како и за можностите што програмата ги нуди за граѓанските организации во земјата. Александар…

  • Швајцарскиот амбасадор Зомер во посета на семејствата од Кочани и граѓанските иницијативи

    Повеќе од десет родители и членови на семејствата погодени од трагедијата во дискотеката во Кочани се сретнаа со швајцарскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Кристоф Зомер. На средбата со нивното здружение – Здружение на граѓани „16-ти Март 2025“ учествуваа ипретставници од Амбасадата на Швајцарија и тимот на Цивика мобилитас. Истиот ден,…

  • Социјалната правда не се слави, таа се создава!

    Денот на социјалната правда не е датум што треба само формално да се одбележи. Тој треба да не потсети дека правдата не е апстрактен поим, туку конкретна реалност што директно влијае врз животот на луѓето: врз нивната плата, сигурност, достоинство и иднина. За нас од „Гласен текстилец“, социјалната правда не…

  • Јавниот интерес пред скриената сопственост

    Во светот долго време се знаеше за постоењето на т.н. „шел“ или празни компании кои без познат сопственик и без вработени си префрлаа меѓу себе огромни суми пари за фиктивни услуги, за да се затскрие трагата на овие пари кои најчесто потекнуваа од црни и неоданочени бизниси. Но по откритијата…

  • Граѓанските организации дискутираа за како подобро да ги промовираат своите постигнувања

    Комуникациите и видливоста на Цивика мобилитас и на граѓанските организации беа тема на работилницата што се одржа на 11 февруари 2026 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар. Вкупно 21 претставник од 20 граѓански организации, актуелни добитници на партнерски грантови (ЦМ-ПГ-2), дискутираа за комуникациските предизвици и како полесно да ги…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор