Festival

Бидете дел од овогодинешниот фестивал „Ден на Граѓанските Организации“

Тимот на  Цивика мобилитас со особено задоволство Ве поканува да земете учество на овогодинешниот фестивал  „Ден на Граѓанските Организации“ што ќе се одржи на 25 септември во Градскиот парк во Скопје пред Школка.

Цивика мобилитас фестивалот е најголемиот настан од ваков вид, каде нашата заедница и бројните граѓански организации ќе имаме можност и оваа година да се претставиме пред граѓаните со цел информирање и остварување на интерактивни средби за работата и активностите на нашите проекти и програми. Овогодинешната тема и главен фокус на фестивалот е „30 Години Граѓански Активизам“ и по тој повод Ве покануваме да го претставите вашиот придонес и постигнувања на Вашата организација.

Како и секоја година, настанот ќе го поздрави и отвори НЕ Сибил Сутер Техада, Амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија. Ова ќе биде последното обраќање на амбасадорката во тој капацитет имајќи предвид дека на крајот на септември го завршува својот мандат во нашата земја. Еден Фестивал не ги прави спомените од граѓанското општество, но разбирливо е дека сакаме да и остане во добро сеќавање токму овој, за неа последен настан на Цивика мобилитас.

Цивика мобилитас секогаш во практикува принципот на партиципативност, така и овој пат содржината на програмата за самиот настан ќе биде креирана согласно со вашите предлози/пријави за активности  кои треба да ни ги испратите најдоцна до 17ти септември 2021 (петок) во 12:00 часот.  

Истовремено со оваа порака Ве покануваме да земете учество на онлајн информативната средба што ќе се одржи на 15ти септември (среда) во 11:00часот, каде ќе можеме подетално да разговараме и одговориме на сите Ваши прашања и предлози во врска со настанот.

Линк за средбата: Join Zoom Meeting
https://us06web.zoom.us/j/81304098144
Meeting ID: 813 0409 8144

Сите активности на настанот ќе бидат организирани во согласност со мерките за безбедност и заштита на здравјето на учесниците и посетителите. Истовремено би сакале да Ве известиме доколку до датумот на одржување се донесат нови мерки и забрана за организирање на настани истиот ќе биде одложен.

Со нетрпение ги очекуваме Вашите предлози,
Со почит,
Тимот на Цивика мобилитас

festival-2021

Продолжи со читање

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави #2

    Месечен преглед на медиумските објави [20-30 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Периодот по првиот изборен круг, помеѓу 20 и 30 октомври, донесе висока медиумска активност и интензивен онлајн ангажман. Иако првичниот еуфоричен тон по изборните резултати постепено се намали, јавниот простор остана динамичен, исполнет со анализи,…

  • Кога штедењето станува политичка одговорност

    „Штедењето на државно ниво не значи одрекување од трошоци, туку нивно рационализирање и насочување кон политики што создаваат додадена вредност – образование, здравство, инфраструктура и иновации“, вели Благица Петрески, извршна директорка на „Фајнанс Тинк“ (Finance Think), и така концизно ја објаснува суштината на јавните финансии: „Владата треба да штеди на…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #6

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #6 [20 – 26 октомври 2025] И по завршувањето на изборниот процес, изборите продолжија да ја диктираат медиумската агенда. Иако бројот на објави е нешто помал од претходните недели, јавниот интерес остана висок. Со повеќе од 4.400 медиумски текстови и 560 објави на социјалните мрежи, медиумскиот простор остана…

  • Соработката меѓу граѓанските организации и бизнис секторот носи многу заемни придобивки

    „Причината поради која сите сакаме да соработуваме е затоа што сите сакаме да имаме корист. Без разлика дали доаѓате од бизнис секторот или од граѓанскиот, треба да почнете да развивате покомплексно разбирање за заемните придобивки“, им рече Сајмон Форестер, меѓународниот експерт на Цивика мобилитас, на учесниците на  работилницата „Зајакнување на…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #5

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #5 [13 – 17 октомври 2025] Во последната недела пред изборниот молк имаше засилена активност и обновена мобилизација во медиумските објави со повеќе од 3.000 медиумски текстови и 240 објави на социјалните мрежи, и со јасен раст на ангажманот кон крајот на неделата. Кампањата влезе во завршна фаза…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави

    Месечен преглед на медиумските објави [15 септември – 14 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Изборите за локалната власт беа една од најдоминантните теми во медиумскиот простор со над 11.000 медиумски написи и над 1.100 објави на социјалните мрежи. Анализата открива јасна слика: изборната кампања се води…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор