Povik mentorstvo cm

Аплицирај за учество во менторската програма на Цивика мобилитас

Дали сакаш да бидеш дел од Цивика мобилитас и при тоа да соработуваш со институционалните грантисти на програмата? Дали ги имаш потребните квалификации за да станеш ментор за организациски развој? Тогаш овој повик е за тебе.

МОР- Менторство за организациски развој е дел од програмата за градење капацитети која ќе ги формира менторите на Цивика мобилитас. Менторите ќе обезбедат поддршка за новата генерација на институционални грантисти (2019-2022) при разработувањето и спроведувањето на Плановите за организациски развој (ПОР).

Потенцијалните ментори кои ќе учествуваат во програмата за организациски развој, ќе научат да им помогнат на грантистите при спроведувањето на ПОР преку пренесување на знаење и вештини, како и преку градење на чувството на сопственост кај грантистите за процесот на планирање и резултатите од него.

Зошто да бидеш дел од менторската програма на Цивика мобилитас?

  • Ќе посетуваш интерактивна експериментална програма: ќе ги разберете и вградите теоретските концепти, адаптирајќи ги и применувајќи ги во секојдневни ситуации;
  • Ќе станете вешт ментор: ќе добиете поголема самодоверба преку искуство, а ќе бидете водени и обучени од интернационален експерт на Цивика мобилитас;
  • Во иднина, ќе можете да ги употребувате стекнатите вештини: многу организации од граѓанскиот, приватниот и јавниот сектор имаат потреба од менторство;
  • Цивика мобилитас ќе ги покрие твоите трошоци за учество во фазите на градење на вештини и знаење;
  • Ако бидеш избран за ментор во наредната фаза, ќе добиеш финансиска и професионална поддршка за да работиш со грантистите на Цивика мобилитас при развојот и спроведувањето на нивните ПОР;

Апликантите можат да аплицираат до 17 Мај, 2019 година, најдоцна до 16 часот, на оваа е-маил адреса: mod@civicamobilitas.mk 

Преземи Водич за апликантите и Образец за пријава.

Продолжи со читање

  • Приказни за жени кои научија дека дискриминацијата не е „нормална“

    Дискриминацијата врз жените ретко се препознава веднаш. Таа се крие зад „така функционира системот“, зад молк, срам и страв од последици. За многу жени, првиот чекор не е институционална пријава, туку внатрешна борба т.е дали тоа што го доживуваат е неправда или само нешто што мора да се прифати. Случаите…

  • Доделени единаесет партнерски грантови на Цивика мобилитас

    Комисијата за избор на грантови ги оцени пријавите кои организациите ги поднесоа на повикот за партнерски грантови на Цивика мобилитас (ЦМ-ПГ-2) што беше отворен до 15 октомври 2025 година. На повикот пристигнаa 111 пријави на вкупно 248 граѓански организации (111 носители и 137 партнери). Од нив, 100 ги исполнија административните…

  • „Граѓанскиот сектор помага да се затвори јазот меѓу институциите и народот“

    „Ниту една влада, колку и да е силна, не може сама да ги носи промените. А ниту едно граѓанско општество, колку и да е развиено, не може да ја исполни својата улога без институции кои се отворени, транспарентни и подготвени за дијалог“, рече премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на Националниот…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025

    Финален преглед на медиумските објави за локалните избори 2025 [15 септември – 3 ноември] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања Локалните избори 2025 ја обликуваа јавната агенда повеќе од било кој друг настан во годината. Над 25.700 медиумски написи и 3.600 објави на социјални мрежи беа посветени на изборниот…

  • Ајде да решиме заедно!

    „Овие протести покажаа дека храброста и истрајноста можат да променат многу. Од борба за воздух – до пример за човечност и заедништво. Нека ова биде инспирација и за другите иницијативи низ Македонија“,  вака им се обрати на собраните граѓани еден од членовите на независната иницијатива „Стоп за Вардариште“ кои 40…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор