ТЕШКИОТ ПАТ КОН НАУКАТА И ИНОВАЦИJATA
Во време кога економскиот и општествениот развој на една држава сè повеќе е поврзан со нејзиниот капацитет…

Во време кога економскиот и општествениот развој на една држава сè повеќе е поврзан со нејзиниот капацитет…

На 8 октомври 2025 година, во Europe House – Скопје, се одржа средбата „Густа плетка: вмрежување 2.0“, организирана од Форум за разумни политики во рамки на проектот „Застапување за инклузивен развој“, поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас. На средбата беше презентиран акцискиот план, кој ги обедини клучните коментари, забелешки и предлози што […]

Иако Северна Македонија е дел од Европскиот простор за високо образование од 2003 година, формалното усвојување на…

Интервјуираше: Енис Шаќири BIRC Institute Владимир Ѓорѓевски е директор на локалната подружница на RYCO во Скопје. Во…

Фондација Метаморфозис, Рурална Коалиција и Центар за социјални иновации Блинк 42-21, на 24 септември 2025 година организираат тематски форум „Отворена општина – активна заедница“ со почеток од 10:30 часот во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (Скопје). Агендата за форумот е достапна тука. Сузбивањето на корупцијата е клучно за довербата во локалната власт, демократијата и доброто управување на локално ниво. Граѓаните ја гледаат како еден од најгорливите … Покана за тематски форум „Отворена општина – активна заедница“ Read More »

Здружението на социјални работници на Македонија – ЗСРМ, Скопје за потребите на проектот ЗЗЗ – ЗАЕДНИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНО ЗАСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА финансиран од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, а кој го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС, НИРАС од…

Интервјуираше: Енис ШакириBIRC Institute Раманда Шеху е мотивирана професионалка со посебен интерес за меѓународните односи и комуникацијата…
![[aggregator] downloaded image for imported item #37360](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/08/viber_image_2025-07-28_21-02-10-848-990x1024-1-768x794.jpg)
На 28.07.2025, во општина Кичево, ја реализиравме информативна и едукативна сесија на тема: „Фацилитација за олеснување на пристапот до институциите за микрофинансирање и програми за микрозаеми“. Целта на сесијата беше да се поттикне економското јакнење на жените преку споделување на информации за достапни ресурси и поддршка. Присутните добија корисни насоки за пристап до грантови, обуки…
![[aggregator] downloaded image for imported item #37111](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/07/dokument-za-informirawe-na-politiki-e1755807281744.jpg)
Контекст и значење на интервенцијата Ракот на грлото на матката претставува значаен јавно-здравствен предизвик во Северна Македонија. Ефикасен организиран скрининг е клучен за рано откривање на преканцерозни лезии и спречување на инвазивна болест. Моменталниот модел на скрининг главно се потпира на гинеколозите, но недоволниот број на матични гинеколози во одредени…

Автор: м-р Бардул Заими
Образовниот систем во Северна Македонија во ниту еден момент не изгледа дека успеал да им одолее на бројните политички турбуленции од транзицискиот период, партиските влијанија и други влијанија кои во голема мера го намалија квалитетот. Во Северна Македонија не беше создаден кохерентен систем во областа на образованието кој ќе одговара на професионализмот и максималната посветеност што ја бара оваа толку значајна општествена сфера. Напротив, постојано се забележуваат експерименти во образовните политики, моментални решенија, кои повеќе беа импровизации отколку реални обиди за суштинска трансформација, која подразбира добро осмислена законска рамка, документи изработени од професионалци и долгорочни стратегии што градат визија усогласена со глобалните развои.
Во тој контекст, експертите веќе укажуваат дека усогласувањето со европскиот концепт, односно европските закони во образовниот систем на Северна Македонија, претставува витален императив за создавање на нови динамики во високото образование во насока на подобрување на квалитетот.
Кластерот 3, кој ќе се отвори со ЕУ, го става фокусот на конкуренцијата и инклузивниот раст. Во синхронизација со овој кластер, земјите-членки треба да располагаат со законска, административна и финансиска рамка, како и со неопходните спроведувачки капацитети за да се обезбеди здраво финансиско управување со програмите за образование, обука и млади. За целосно и успешно учество во рамковните програми, земјите-членки треба да обезбедат спроведувачки капацитети во областа на истражување и технолошки развој, без да се занемари соодветниот кадар.
Во овој контекст, реформите во областа на образованието и научноистражувачката дејност не се само секторски приоритет, туку и стратешка неопходност која е директно поврзана со квалитетот на човечкиот капитал и способноста на земјата да изгради одржлива и конкурентна економија. Кластерот 3 ги опфаќа поглавјата поврзани со образованието, научноистражувачката дејност и културата (поглавја 25 и 26), додека Кластерот 1 се фокусира на владеењето на правото, етиката и демократското функционирање на институциите. Сите овие димензии имаат директно влијание врз образовниот систем.
ЦЕЛИОТ ИЗВЕШТАЈ ПРОЧИТАЈТЕ ГО ТУКА
Текстот е работен во рамки на проектот „Застапување за инклузивен развој“, финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.
Содржината на овој текст е единствена одговорност на Форум за разумни политики, ИОХН и БИРС и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.
Нема повеќе содржини
Нема повеќе содржини
Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.