CMGGA

  • Кабинетите по хемија како мали лаборатории за иновации и одржливост

    Кога училниците по хемија се претвораат во мали лаборатории, а учениците во вистински иноватори, учењето добива ново значење. На 25 ноември 2025 година, тимот реализираше интерактивна работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпадот во ООУ „Партенија Зографски“, во општина Кисела Вода. Активноста беше дел од настаните на отворено со караванот за демонстрирање експерименти во […]

  • Селектирање и оптимизирање на органска фракција од цврстиот комунален отпад

    1⃣ Што претставува органската фракција на цврстиот комунален отпад (ЦКО)?
     

    Вклучува: отпад од храна, градинарски/зелен отпад, хартиени бришачи, салфети, биоразградливи пакувања
    Исклучува: пластика, метал, стакло, опасен отпад, пакување и отпад од пакување
    претставува 30–50% од вкупниот ЦКО во повеќето општини → основна суровина за компостирање, производство на биогас и циркуларна економија.

     
    2⃣ Како да селектираме органска фракција
    Чекор 1 – Селекција на изворот во домаќинствата, и комерцијалниот сектор
     

    Вообичаено се користат кафени канти или кеси за компостирање.
    Јасно обележете со „ДА/НЕ“ во листата (пр. лушпи од овошје, пластика).

     
    Чекор 2 – Собирање & Сортирање

    Собирање од-врата-до-врата или означување на собирни точки во заедницата.
    Користете паметни канти (RFID ознаки, сензори за тежина) за следење на исполнетоста.

     
    Чекор 3 – Пред-третман

    Механичко одвојување (отстранување на загадувачи).
    Сечкање и хомогенизација пред биолошки третман.

     
    Собирањето на отпад од храна од изворите на создавање, најчесто наметнува примена на сертифицирани кеси за компостирање, со цел да се спречат истекувања и собирните места да се одржат чисти. Жителите на некои земји се должни да го сортираат отпадот од храна во хартиени кеси или во разградлива пластика[1].
    [1] Технички стандард за пакување, согласно Европскиот стандард EN 13432
     
    3⃣ Оптимизирање на селективното собирање на органската фракција
     
    Подигнување јавна свест & Образование → училишни кампањи, социјални медиуми, работилници во заедницата.
    Инфраструктура → обезбедување доволно канти на јавни места.
    Олеснувања → плати-колку-што-исфрлаш (помали надоместоци за оние кои правилно одвојуваат  фракции).
    Мониторинг → следење на стапката на контаминација, ефикасност на собирање, учество.
    Innovation → паметни канти, дигитални апликации за насочување на жителите, систем на награди.
    Систем за повратни информации → (на пр., „нашата заедница успеа да пренамени 40% органски отпад овој месец“)

    Пр. за контролен систем – налепници коишто означуваат неправилно постапување
     
    Контроли на квалитетот за време на собирањето
    Спроведувањето на контроли на квалитетот за време на услугата за собирање може да послужи како клучна алатка во спречувањето на влегувањето на физички загадувачи во постројките за органско рециклирање. Ова е особено значајно во областите каде што се користат шеми за собирање, бидејќи добро обучена екипа за собирање може визуелно да ги провери индивидуалните канти од домаќинствата. Тие можат да одбијат да ги испразнат контејнерите што не ги исполнуваат стандардите за квалитет наведени од локалниот оператор.
     
    (Извор: ISWA Practitioner’s Guide_Contaminants Report 2023)
     
    Оваа статија е подготвена во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија,  Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
     
    Содржината на оваа статија е единствена одговорност на Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.
     

  • Инвестирањето како клучна финансиска вештина за младите

    Во просториите на Up Hub Струмица, на 17 декември 2025 година, се одржа едукативно предавање посветено на инвестирањето и развојот на финансиски вештини кај младите. Настанот беше насочен кон практично разбирање на инвестирањето во хартии од вредност и улогата на финансиската едукација во носењето секојдневни и долгорочни финансиски одлуки. Во период кога младите сè порано […]

  • Работилница во ООУ Петар Поп Арсов

    На 17.12.2025 година завршивме со „Работилниците за повторна употреба и пренамена на био-отпад за ученици” во училиштата од општините Ѓорче Петров, Карпош и Кисела Вода, за оваа година. Последно во низата на настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата беше училиштето ООУ “Петар Поп Арсов”. Вкупно во период од септември до декември 2025 година реализиравме работилници во 15 училишта.
    Голема благодарност до сите Директори на училиштата коишто беа учесници во нашиот караван, наставниците и учениците кои земаа учество во нашите проектни активности и се наша инспирација, да смислуваме нови предизвици и интерсни активности.
    Нашите млади научници многу внимателно ги следеа и извршуваа насоките при изработка на Експертите што демонстрираат намалување на био-отпадот до успешно добивање на биодизел и органска пластика од лушпи од компири што можем да се користи за пакување на различни производи и да ја замениме пластиката.
    Продолживме да учиме за циркуларна економија и нејзините придобивки од реупотребата и пренамената на органскиот отпад.

    Караванот на Resource Environmental Center – REC North Macedonia, Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – Florozon се реализира во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ ќе продолжи и во останатите училишта на општините кориснички во наредната година.

    Затоа, следете нè – во новата година следуваат уште многу интересни и инспиративни активности со учениците и училиштата!

  • ПОКАНА ЗА ИЗЛОЖБА

    ИЗВЕСТУВАЊЕ / ПОКАНА ЗА ИЗЛОЖБА   Центарот за одржлив развој на заедницата – Дебар со задоволство ги поканува учениците, родителите, наставниците […]

  • Од био-отпад до вредни ресурси: Научниот караван во ООУ „Рајко Жинзифов“ – Драчево

    Првиот и најважен чекор кон намалување на био-отпадот е неговото спречување. Но, подеднакво значајно е и препознавањето на можностите био-отпадот, наместо да заврши на депонија, да се пренамени и претвори во корисни производи со реална вредност. Водени од ова мото, активностите на Научниот караван продолжија и оваа седмица. Во вторник, на 9 декември, караванот го […]

  • Работилница во ООУ „Рајко Жинзифов“

    Првиот чекор кон намалување на био-отпадот е да не го создаваме. Но, подеднакво важно е да ги препознаеме сите можности тој, наместо да заврши на депонија, да се претвори во корисни производи со реална вредност.

    Водени од ова мото, продолжуваме со активностите од научниот караван, кој оваа седмица (вторник, 9 декември) го посети ООУ „Рајко Жинзифов“ во Драчево и одржа „Работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпадот за ученици”.

    И повторно, ги поттикнавме учениците да го соберат и донесат маслото што го користеле во изминатите денови, како и да соберат, исушат и донесат лушпи од компири.

    Кој беше резултатот? Учениците самостојно изведоа два интересни експерименти за добивање биодизел и биопластика и дискутираа на тема: пренамена на био-отпадот.

    Караванот на Resource Environmental Center – REC North Macedonia, Еко Логик и Center for Environmental Democracy – Florozon продолжува и во останатите училишта во општините Кисела Вода, Карпош и Ѓорче Петров. Затоа, следете нè – во новата година следуваат уште многу интересни и инспиративни активности со учениците и училиштата!

    Голема благодарност до директорката на училиштето, професорките и учениците за одличната соработка.

    Настаните на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата се реализираат во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Македонија, во партнерство со Еко Логик и Center for Environmental Democracy – Florozon.

  • Работилнинца во ООУ “Лазо Трповски ”

    На 10.12.2025 го посетивме ООУ “Лазо Трповски ” со мобилната опрема од Биотехнолошката лабораторија во рамките на „Работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпад за ученици“во рамките на настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата.

     

    Дали знаете дека од масло од семки од сончоглед, сусам, чиа можеме да добиеме био дизел?, ги прашавме учениците. Денот го поминавме со 30 ученици кои вредно работеа на експериментите за био отпад и биопластика од лушпа од компири. Волонтерите се сеќаваа како работевме во Биотехнолошката лабораторија и им раскажуваа на новите ученици.

     

    Размислете за вашите зелени идеи за реупотреба на био отпад кои ќе ги работиме заедно во март април во Биотехнолошката лабораторија наредната година ги замоливме учениците. Секако, со возбуда ни одговорија тие.

    Дали ви е сега појасно што е циркуларна економија ги прашавме на крајот?
     
    Овие настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата се реализираат во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија.
     
    Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

  • Работилница во ООУ“ Војдан Чернодрински”

    Продолжуваме со настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата односно „Работилница за повторна употреба и пренамена на био-отпад за ученици” кои ги рализираме. На 5.12.2025 го посетивме ООУ “ Војдан Чернодрински” од општина Карпош кадешто триесетина ученици од основното училиште имаа можност да се запознаат со опремата од Биотехнолошката Лабораторија и заедно да изведуваме експеримети за пренамена на органскиот отпад.
    Знаете ли зошто се користи биодизелот и каде ги прашавме нашите ученици, по што самите направија био дизел. Продолживме со експериментирањето и дискусијата за циркуларна економија и за намалување на отпадот.

    Овие настани на отворено со караванот за демонстрирање на експерименти во училиштата се реализираат во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од РЕЦ Македонија Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија.

    Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор