cm-adh-02-fb
|

ПОВИК ЗА АД-ХОК ГРАНТОВИ [ЦМ-АДХ-02]

Цивика мобилитас објавува повик за доделување ад хок грантови [ЦМ-АДХ-02] на граѓанските организации кои преземаат итни активности за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19.

Пријави можат да поднесат граѓански организации кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (2010 г. Сл. Весник 52/10). Апликантите може да соработуваат со други граѓански организации.

Општа цел на повикот е да ја поддржи Република Северна Македонија во запирање на ширењето на коронавирусот и да помогне во ублажувањето на последиците од пандемијата за граѓаните, со фокус на најранливите;

Специфична цел е да се поддржат граѓанските организации да одговорат на потребите на граѓаните, со акцент на најранливите, со цел да се минимизираат последиците од пандемијата Ковид-19 и вонредната состојба во земјата.

Предложените акции треба да придонесат кон некои од следните резултати:

  • Подобрена координација на граѓанските организации за ефективни хуманитарни и волонтерски активности;
  • Информирана јавност, а пред се специфичните целни групи за мерките и препораките на државните институции во вонредната состојба;
  • Обезбедена хуманитарна помош за најзагрозените на локално ниво;
  • Обезбедена правна, психолошка помош и безбедносни совети за најзагрозените групи.

Повикот се состои од Водич за апликантите, Oбразец за концепт и Прилог за буџет:

Времетраењето на една акција не може да биде подолго од три месеци.

Висината на ад хок грантот треба да биде помеѓу 50.000 и 100.000 денари. Вкупната сума која е на располагање за овој повик за предлози е 500.000 денари (со можност да се зголеми на 1.000.0000 денари).

Првиот рок за поднесување на пријави е 15 април 2020 година (среда) до 12 часот. Од сите поднесени пријави до тој рок, ќе се изберат проекти до вкупен износ од 500.000 денари од расположливиот буџет.

Пријави ќе може да се достават и по 15 април, а најдоцна до 30 април 2020 година, и тие ќе бидат тековно оценувани (како што ќе пристигнуваат).

Пријавите се доставуваат на електронската адреса: cm-adh-02@civicamobilitas.mk

Прашања и одговори

Продолжи со читање

  • Граѓаните и граѓанственоста се создаваат во училиштата и универзитетите

    Што е граѓанинот и каде го бараме? Ја губиме граѓанственоста, но може ли да загубиме нешто што сме немале? Како всушност да се консолидира граѓанството? Прашања кои на трибината „Граѓанственоста денес: Француски и македонски предизивици“ ги отвори проф. д-р Ило Трајковски, уредник на едицијата „Социологија на граѓанственоста – една француска…

  • Повик за смирување на тензиите и продолжување на широките консултации за тнр. „Француски предлог”

    Актуелните настани не ставаат пред сериозни предизвици, не само како луѓе од граѓанските организации туку и индивидуално, како граѓани. Неколку грантисти на Цивика мобилитас иницираа заедничка реакција на последните случувања во кои насилството се заканува да го заземе местото на мирното протестирање и дебатирање. Во продолжение прочитајте го во целост…

  • Граѓанските организации побараа поголем ангажман од властите за државното финансирање

    „Ние не сме песимисти, ние сме очајни реалисти!“, рече Селмин Несимоски од здружението Млади за јавен интерес од Дебар со што отслика најголем дел од дискусијата на денешниот Тематски форум на Цивика мобилитас насловен: „Државното финансирање за поголема одржливост на граѓанските организации“. „Борбата за гол опстанок го оневозможува работењето на…

  • Кодексот ќе ја зголеми меѓусебната доверба на организациите и ќе изгради подобра слика за нив

    Денес, 31 март 2022г., се одржа онлајн информативна сесија за Кодексот на граѓански организации на која учествуваа 34 претставници од организациите, грантисти на програмата Цивика мобилитас. Учесниците беа запознаени со процесот на подготовка на Кодексот, придобивките од оваа алатка за поголема отчетност и нејизната цел. „Кодексот претставува катализатор за постојано…

  • Доделени четири нови мали грантови за граѓанските организации

    Комисијата за избор на грантови ги оцени концептите кои организациите ги поднесоа на повикот за мали акциски грантови на Цивика мобилитас (ЦМ-МАК-02) во периодот од 1 октомври до 30 декември 2021. Беа доставени 59 пријави, од кои четири организации се добитници на мал грант, и тоа: Меѓуопштинско здружение на лица…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор