[Aggregator] Downloaded image for imported item #48920

ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА ЗА Ангажирање на UI/UX Designer за дизајн на веб-апликацијата „Eco Patrol“

Повик 3/2026: ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА ЗА Ангажирање на UI/UX Designer за дизајн на веб-апликацијата „Eco Patrol“.

ПОСТАПКА СО БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ

Информации за проектот:

НОСИТЕЛ: Здружение на еколози „Натура“ – Струга

ДОНАТОР: Европски фонд за Балканот

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ: 5 месеци – 15.06.2026 до 15.10.2026

ОПИС НА ЗАДАЧАТА НА ОВАА БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ

Во рамките на проектот „Eco Patrol – Дигитална платформа за пријавување и реакција на загадување во реално време“, покрај останатите проектни активности, предвидена е следната активност:

A1.3. Ангажирање на UI/UX Designer за дизајн на веб-апликацијата „Eco Patrol“.

За таа цел потребно е ангажирање на искусен UI/UX Designer, кој под директен надзор на Здружението на еколози „Натура“ – Струга и проектниот координатор ќе биде одговорен за креирање на корисничкиот интерфејс (UI) и корисничкото искуство (UX) на веб-апликацијата „Eco Patrol“, со цел да се обезбеди интуитивна, пристапна и функционална платформа за сите категории корисници.

Главни очекувани резултати

Главниот очекуван резултат од работата на ангажираниот експерт е изработка на современ, функционален и лесен за користење дизајн на веб-апликацијата „Eco Patrol“, прилагоден на потребите на граѓаните, институциите и организациите за заштита на животната средина.

Експертот ќе биде одговорен за:

  • Анализа на потребите и профилите на корисниците на платформата;
  • Креирање на целокупниот UI/UX концепт на веб-апликацијата;
  • Изработка на wireframes и user flow дијаграми;
  • Дизајн на сите главни екрани и функционалности на платформата;
  • Дизајн на интерфејсот за:
    • регистрација и најава на корисници;
    • пријавување загадување;
    • преглед на пријавите на интерактивна мапа;
    • административен панел;
    • профили на различните категории корисници;
  • Обезбедување responsive дизајн за користење на мобилни телефони, таблети и компјутери;
  • Изработка на интерактивен прототип за тестирање на корисничкото искуство;
  • Соработка со Web App Developer при имплементацијата на дизајнот;
  • Подготовка на финални UI компоненти и Design System за понатамошен развој.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ НА ЕКСПЕРТОТ

За да може да биде ангажиран, експертот треба да ги исполнува следните услови:

  • Завршено високо образование од областа на графички дизајн, информатички технологии, дигитални медиуми или сродна област;
  • Најмалку 1 година професионално искуство во UI/UX дизајн;
  • Одлично познавање на алатки за UI/UX дизајн (Figma, Adobe XD, Sketch или слични);
  • Креативност, аналитички пристап и способност за работа во тим;
  • Почитување на рокови и способност за самостојна организација на работата.

Кандидатите задолжително треба да достават:


ВРЕМЕНСКА РАМКА

Периодот за реализација на оваа активност е согласно динамиката на проектот, но не подоцна од завршувањето на петмесечниот период на имплементација.

Максималниот број на експертски денови за реализација на оваа активност е 30 работни дена.

Експертот ќе доставува периодични извештаи до проектниот координатор, а конечниот резултат ќе биде комплетен UI/UX дизајн, интерактивен прототип и сите потребни дизајн елементи подготвени за имплементација од страна на Web App Developer.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

  • Плаќањето ќе се изврши во рок од 30 дена по уредно доставена фактура за изработен извештај, со трансакција на паричните средства од страна на Здружението на еколози Натура Струга на сметката на избраниот извршител на услугата.
  • Авансно плаќање не се предвидува. Начинот на плаќање е задолжителен.

 ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА УСЛУГА 

  • Договорниот орган, по спроведената постапка за евалуација на понудите како последна фаза во постапката за барање за прибирање на понуди, договорот му го доделува на понудувачот кој понудил најниска цена.
  • Во случај да е поднесена само една прифатлива понуда во првата фаза од постапката, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на единствениот понудувач кој поднел прифатлива  понуда.

ПРИЈАВУВАЊЕ  

Комплетната понуда, понудувачите треба да ја испратат на еmail: contact@natyra.org.mk или  по пошта на адреса Здружение на еколози „Натура“ Струга, ул. Пролетерски Бригади бр. 22 Струга најдоцна до 07.07.2026 – до 17.00ч со назнака “ „ECO PATROL“UI/UX Designer за дизајн на веб-апликацијата „Eco Patrol“,,: (име на понудувачот)“  Понудите кои не ги содржат сите податоци назначени во повикот, односно кон кои не е приложена бараната придружна документација, ќе се сметаат за некомплетирани и нема да се разгледуваат.

Повеќе информации или прашања можете да поставите на contact@natyra.org.mk или телефон +38970601622.

ДОВЕРЛИВОСТ

Сите информации кои се поврзани со повикот и доставените понуди нема да бидат споделувани со никој кој не е официјално вклучен во оценка на понудите. Сите  податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат надвор од овој повик и целта на истиот.

ДОПОЛНИТЕЛНА ИНФОРМАЦИЈА

Сите евентуални трошоци околу прибирање и поднесување на потребната документација за учество на овој повик ги сноси понудувачот.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на еколози „Натура“

Продолжи со читање

  • Јавен повик за избор на експерт(к)и за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на животната средина

    Македонското здружение на млади правници (МЗМП) објавува јавен повик за избор на двајца/две експерт(к)и за изработка на Извештај за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на правата од областа на животната средина во рамки на проектот „Зајакнато граѓанско учество во заштита на животната […]
    The post Јавен повик за избор на експерт(к)и за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на животната средина appeared first on Myla.

  • Повик за нови членови на Управниор одбор на МОФ

    Врз основа на член 19 и 27 од Статутот на Младинскиот образовен форум, како и врз основа на одлука на Претседателот на Младински образовен форум донесена на 01.10.2026 година, на 01.10.2026 се распишува ПОВИК за нови членови на Управниот одбор Повикот се распишува за избор на нов состав на Управниот одбор на Младински образовен форум […]
    The post Повик за нови членови на Управниор одбор на МОФ appeared first on МОФ.

  • Повик за учество во иницијативата за проценка на деловен интегритет: Станете дел од Белата книга за деловен интегритет!

    Дали вашата компанија негува високи етички стандарди, транспарентност и политики за заштита од корупција?
    Ги покануваме сите одговорни и визионерски компании во Република Северна Македонија да се пријават и да бидат дел од процесот на мапирање и проценка на деловниот интегритет.

  • Youth Climate Diplomacy Forum – Skopje Local Point: Повик за млади за климатска акција и дипломатија

    Младите се важен дел од разговорот за климатските промени и иднината на животната средина. Тие не се само идни носители на промени, туку и активни учесници во процесите што се одвиваат денес. Токму затоа, Eco Logic – Скопје, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го организира презентацискиот и промотивниот настан за YCDF Skopje […]

  • Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели

    RISE Balkans Зајакнување на гласот на младите: одговорност, интегритет, солидарност и граѓанско ангажирање на Балканот Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели Регионалниот проект RISE Balkans бара мотивирани и ангажирани млади луѓе кои ќе се приклучат на возбудлива програма за лидерство меѓу врсници – Млади граѓански двигатели. Избраните учесници ќе бидат обучени како фасилитатори на Клиниките за добро владеење – интерактивни, тематски работилници кои се дизајнирани да го доближат владеењето до граѓаните и…

  • [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција

    Мобилизација заснована на податоци и консултации со граѓаните Пријави се за дводневната онлајн програма на 28 и 29 септември, од 15:00 до 19:00 часот, и запознај се со практични алатки за застапување, вклучување на граѓаните и поттикнување општествени промени. Како да го препознаеме проблемот што сакаме да го решиме? Како да ги разбереме искуствата на […]
    The post [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција appeared first on МОФ.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор