[Aggregator] Downloaded image for imported item #48915

ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ИТ ЕКСПЕРТ ЗА РАЗВОЈ НА ВЕБ-АПЛИКАЦИЈАТА „ECO PATROL“

Повик 1/2026: ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ИТ ЕКСПЕРТ ЗА РАЗВОЈ НА ВЕБ-АПЛИКАЦИЈАТА „ECO PATROL“

ПОСТАПКА СО БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ

Информации за проектот:

НОСИТЕЛ: Здружение на еколози „Натура“ – Струга

ДОНАТОР: Европски фонд за Балканот

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ: 5 месеци – 15.06.2026 до 15.10.2026

ОПИС НА ЗАДАЧАТА НА ОВАА БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ

Во рамките на проектот „Eco Patrol – Дигитална платформа за пријавување и реакција на загадување во реално време“, покрај останатите проектни активности, предвидена е следната активност:

A1.1. Ангажирање на ИТ експерт за развој на веб-апликацијата „Eco Patrol“.

За таа цел потребно е ангажирање на искусен Web App Developer, кој под директен надзор на Здружението на еколози „Натура“ – Струга и проектниот координатор ќе биде одговорен за развојот, имплементацијата и техничката функционалност на веб-апликацијата „Eco Patrol“.

Главни очекувани резултати

Главниот очекуван резултат од работата на ангажираниот експерт е развој на функционална веб-апликација која ќе овозможи дигитално пријавување и управување со случаи на загадување.

Експертот ќе биде одговорен за:

  • Анализа на техничките барања на платформата;
  • Развој на backend и frontend на веб-апликацијата;
  • Развој на сигурен систем за регистрација и најава на корисници;
  • Имплементација на различни кориснички улоги:
    • Граѓани;
    • Јавни комунални претпријатија;
    • Организации за заштита на животната средина;
    • Администратор.
  • Развој на модул за пријавување загадување со:
    • прикачување фотографии;
    • автоматско или рачно внесување на GPS локација;
    • избор на категорија на загадување.
  • Развој на интерактивна мапа за приказ на сите пријавени случаи;
  • Развој на административен панел за управување со пријавите;
  • Имплементација на систем за промена на статусот на пријавите (Ново, Во тек, Решено);
  • Интеграција на cloud база на податоци за безбедно складирање на сите информации и фотографии;
  • Оптимизација на перформансите и безбедноста на платформата;
  • Подготовка на техничка документација и основно упатство за користење;
  • Отстранување на евентуални технички проблеми во текот на пилот-фазата.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ НА ЕКСПЕРТОТ

За да може да биде ангажиран, експертот треба да ги исполнува следните услови:

  • Завршено високо образование од областа на информатичките технологии, компјутерските науки или сродна област;
  • Најмалку 1 година професионално искуство во развој на веб-апликации;
  • Познавање на работа со бази на податоци и cloud технологии;
  • Способност за самостојна работа, почитување на рокови и тимска координација.

Кандидатите задолжително треба да достават:


ВРЕМЕНСКА РАМКА

Периодот за реализација на оваа активност е согласно динамиката на проектот, но не подоцна од завршувањето на петмесечниот период на имплементација.

Максималниот број на експертски денови за реализација на оваа активност е 30 работни дена.

Експертот ќе доставува периодични извештаи до проектниот координатор, а целокупната документација треба да биде подготвена на македонски или англиски јазик.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

  • Плаќањето ќе се изврши во рок од 30 дена по уредно доставена фактура за изработен извештај, со трансакција на паричните средства од страна на Здружението на еколози Натура Струга на сметката на избраниот извршител на услугата.
  • Авансно плаќање не се предвидува. Начинот на плаќање е задолжителен.

 ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА УСЛУГА 

  • Договорниот орган, по спроведената постапка за евалуација на понудите како последна фаза во постапката за барање за прибирање на понуди, договорот му го доделува на понудувачот кој понудил најниска цена.
  • Во случај да е поднесена само една прифатлива понуда во првата фаза од постапката, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на единствениот понудувач кој поднел прифатлива  понуда.

ПРИЈАВУВАЊЕ  

Комплетната понуда, понудувачите треба да ја испратат на еmail: contact@natyra.org.mk или  по пошта на адреса Здружение на еколози „Натура“ Струга, ул. Пролетерски Бригади бр. 22 Струга најдоцна до 07.07.2026 – до 17.00ч со назнака “ИТ ЕКСПЕРТ ЗА РАЗВОЈ НА ВЕБ-АПЛИКАЦИЈАТА „ECO PATROL“,,: (име на понудувачот)“  Понудите кои не ги содржат сите податоци назначени во повикот, односно кон кои не е приложена бараната придружна документација, ќе се сметаат за некомплетирани и нема да се разгледуваат.

Повеќе информации или прашања можете да поставите на contact@natyra.org.mk или телефон +38970601622.

ДОВЕРЛИВОСТ

Сите информации кои се поврзани со повикот и доставените понуди нема да бидат споделувани со никој кој не е официјално вклучен во оценка на понудите. Сите  податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат надвор од овој повик и целта на истиот.

ДОПОЛНИТЕЛНА ИНФОРМАЦИЈА

Сите евентуални трошоци околу прибирање и поднесување на потребната документација за учество на овој повик ги сноси понудувачот.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на еколози „Натура“

Продолжи со читање

  • ЈАВЕН ПОВИК: Поставување на онлајн платформа за креирање на профили на локални занаетчии

    Назив на проектот: Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива – ИЕП го спроведува проектот „Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија” , кој е дел од програмата BOOST […]

  • Јавен повик за ангажирање на експерти/експертки за имплементација на родово сензитивна менторска програма во правосудството

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА), во рамки на проектот „Менторство во правосудството и младинско учество за родова еднаквост“, објавува Јавен повик за ангажирање на експерти за имплементација на родово сензитивната менторска програма во правосудството. Со јавниот повик се предвидува ангажирање на: Позиција 1 – Експерт/ка – правник/правничка Позиција 2 – Експерт/ка – родов […]

  • Повик за прибирање на понуди за угостителски услуги за организирање на настан

    Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и достапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при…

  • Повик за доставување понуди за услуги за хотелско сместување

     
    Младински Совет Прилеп објавува повик за доставување понуди за набавка на услуги за хотелско сместување во рамки на проектот „Младите за ЕУ“ („Youth for EU – Strengthening Youth Participation and Communication on the EU Integration Path “.)

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАБОТКА НА 3 (ТРИ) ЈАВНИ УМЕТНИЧКИ ИНСТАЛАЦИИ ОД РЕУПОТРЕБЕНИ МАТЕРИЈАЛИ

    Центарот за климатски промени за потребите од спроведување на проектот ,, Младите и жените- двигатели на транзицијата кон одржливо управување со отпадот во руралните средини (WeLEADRural)“, финансиран од Француска агенција за развој (AFD) објавува: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАБОТКА НА 3 (ТРИ) ЈАВНИ УМЕТНИЧКИ ИНСТАЛАЦИИ ОД РЕУПОТРЕБЕНИ МАТЕРИЈАЛИ 1.Информации за проектот

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ДВАЈЦА НАДВОРЕШНИ КОНСУЛТАНТИ ЗА ПОДДРШКА НА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА УЧИЛИШЕН КАДАР

    ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ДВАЈЦА НАДВОРЕШНИ КОНСУЛТАНТИ ЗА ПОДДРШКА НА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА УЧИЛИШЕН КАДАР Проект Зајакнување на инклузијата на децата со ПОП Македонски центар за граѓанско образование – МЦГО Скопје објавува јавен повик за избор на двајца надворешни консултанти со експертиза во областа на инклузивното образование, кои ќе подготват и спроведат долгорочна програма […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор