[Aggregator] Downloaded image for imported item #48935

ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА ЗА Ангажирање на ИТ експерт за тестирање на веб-апликацијата „Eco Patrol“

Повик 2/2026: ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА ЗА Ангажирање на ИТ експерт за тестирање на веб-апликацијата „Eco Patrol“

ПОСТАПКА СО БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ

Информации за проектот:

НОСИТЕЛ: Здружение на еколози „Натура“ – Струга

ДОНАТОР: Европски фонд за Балканот

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ: 5 месеци – 15.06.2026 до 15.10.2026

ОПИС НА ЗАДАЧАТА НА ОВАА БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ

Во рамките на проектот „Eco Patrol – Дигитална платформа за пријавување и реакција на загадување во реално време“, покрај останатите проектни активности, предвидена е следната активност:

A1.2. Ангажирање на ИТ експерт за тестирање на веб-апликацијата „Eco Patrol“.

За таа цел потребно е ангажирање на искусен Software Tester, кој под директен надзор на Здружението на еколози „Натура“ – Струга и проектниот координатор ќе биде одговорен за тестирање на функционалноста, квалитетот, сигурноста и употребливоста на веб-апликацијата „Eco Patrol“ пред нејзиното официјално пуштање во употреба.

Главни очекувани резултати

Главниот очекуван резултат од работата на ангажираниот експерт е обезбедување на стабилна, функционална и сигурна веб-апликација која ќе биде подготвена за пилот-имплементација.

Експертот ќе биде одговорен за:

  • Подготовка на план за тестирање на веб-апликацијата;
  • Тестирање на сите функционалности на платформата;
  • Проверка на процесот на регистрација и најава на корисници;
  • Тестирање на модулот за пријавување загадување, вклучувајќи прикачување фотографии и GPS локација;
  • Проверка на функционирањето на различните кориснички улоги (граѓани, комунални претпријатија, еколошки организации и администратор);
  • Тестирање на административниот панел и управувањето со пријавите;
  • Проверка на интегритетот и сигурноста на податоците;
  • Идентификација, документирање и пријавување на технички грешки (bugs);
  • Повторно тестирање по отстранување на забележаните недостатоци;
  • Подготовка на финален извештај за квалитетот и функционалноста на платформата со препораки пред нејзиното официјално користење.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ НА ЕКСПЕРТОТ

За да може да биде ангажиран, експертот треба да ги исполнува следните услови:

  • Завршено високо образование од областа на информатичките технологии, компјутерските науки или сродна област;
  • Најмалку 1 година професионално искуство во тестирање на веб или софтверски апликации;
  • Способност за идентификација, анализа и документирање на софтверски грешки;
  • Добри аналитички способности и внимание на детали;
  • Способност за работа во тим и почитување на рокови.

Кандидатите задолжително треба да достават:


ВРЕМЕНСКА РАМКА

Периодот за реализација на оваа активност е согласно динамиката на проектот, но не подоцна од завршувањето на петмесечниот период на имплементација.

Максималниот број на експертски денови за реализација на оваа активност е 30 дена.

Експертот ќе доставува извештаи до проектниот координатор, а финалниот извештај треба да содржи преглед на сите извршени тестирања, идентификуваните недостатоци, преземените корективни мерки и конечна оценка за подготвеноста на веб-апликацијата за користење.

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

  • Плаќањето ќе се изврши во рок од 30 дена по уредно доставена фактура за изработен извештај, со трансакција на паричните средства од страна на Здружението на еколози Натура Струга на сметката на избраниот извршител на услугата.
  • Авансно плаќање не се предвидува. Начинот на плаќање е задолжителен.

 ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА УСЛУГА 

  • Договорниот орган, по спроведената постапка за евалуација на понудите како последна фаза во постапката за барање за прибирање на понуди, договорот му го доделува на понудувачот кој понудил најниска цена.
  • Во случај да е поднесена само една прифатлива понуда во првата фаза од постапката, договорниот орган може да му го додели договорот за јавна набавка на единствениот понудувач кој поднел прифатлива  понуда.

ПРИЈАВУВАЊЕ  

Комплетната понуда, понудувачите треба да ја испратат на еmail: contact@natyra.org.mk или  по пошта на адреса Здружение на еколози „Натура“ Струга, ул. Пролетерски Бригади бр. 22 Струга најдоцна до 07.07.2026 – до 17.00ч со назнака “ИТ ЕКСПЕРТ ЗА ТЕСТИРАЊЕ НА ВЕБ-АПЛИКАЦИЈАТА „ECO PATROL“,,: (име на понудувачот)“  Понудите кои не ги содржат сите податоци назначени во повикот, односно кон кои не е приложена бараната придружна документација, ќе се сметаат за некомплетирани и нема да се разгледуваат.

Повеќе информации или прашања можете да поставите на contact@natyra.org.mk или телефон +38970601622.

ДОВЕРЛИВОСТ

Сите информации кои се поврзани со повикот и доставените понуди нема да бидат споделувани со никој кој не е официјално вклучен во оценка на понудите. Сите  податоци ќе се третираат како доверливи и нема да се користат надвор од овој повик и целта на истиот.

ДОПОЛНИТЕЛНА ИНФОРМАЦИЈА

Сите евентуални трошоци околу прибирање и поднесување на потребната документација за учество на овој повик ги сноси понудувачот.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на еколози „Натура“

Продолжи со читање

  • Јавен повик за избор на експерт(к)и за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на животната средина

    Македонското здружение на млади правници (МЗМП) објавува јавен повик за избор на двајца/две експерт(к)и за изработка на Извештај за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на правата од областа на животната средина во рамки на проектот „Зајакнато граѓанско учество во заштита на животната […]
    The post Јавен повик за избор на експерт(к)и за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на животната средина appeared first on Myla.

  • Повик за нови членови на Управниор одбор на МОФ

    Врз основа на член 19 и 27 од Статутот на Младинскиот образовен форум, како и врз основа на одлука на Претседателот на Младински образовен форум донесена на 01.10.2026 година, на 01.10.2026 се распишува ПОВИК за нови членови на Управниот одбор Повикот се распишува за избор на нов состав на Управниот одбор на Младински образовен форум […]
    The post Повик за нови членови на Управниор одбор на МОФ appeared first on МОФ.

  • Повик за учество во иницијативата за проценка на деловен интегритет: Станете дел од Белата книга за деловен интегритет!

    Дали вашата компанија негува високи етички стандарди, транспарентност и политики за заштита од корупција?
    Ги покануваме сите одговорни и визионерски компании во Република Северна Македонија да се пријават и да бидат дел од процесот на мапирање и проценка на деловниот интегритет.

  • Youth Climate Diplomacy Forum – Skopje Local Point: Повик за млади за климатска акција и дипломатија

    Младите се важен дел од разговорот за климатските промени и иднината на животната средина. Тие не се само идни носители на промени, туку и активни учесници во процесите што се одвиваат денес. Токму затоа, Eco Logic – Скопје, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го организира презентацискиот и промотивниот настан за YCDF Skopje […]

  • Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели

    RISE Balkans Зајакнување на гласот на младите: одговорност, интегритет, солидарност и граѓанско ангажирање на Балканот Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели Регионалниот проект RISE Balkans бара мотивирани и ангажирани млади луѓе кои ќе се приклучат на возбудлива програма за лидерство меѓу врсници – Млади граѓански двигатели. Избраните учесници ќе бидат обучени како фасилитатори на Клиниките за добро владеење – интерактивни, тематски работилници кои се дизајнирани да го доближат владеењето до граѓаните и…

  • [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција

    Мобилизација заснована на податоци и консултации со граѓаните Пријави се за дводневната онлајн програма на 28 и 29 септември, од 15:00 до 19:00 часот, и запознај се со практични алатки за застапување, вклучување на граѓаните и поттикнување општествени промени. Како да го препознаеме проблемот што сакаме да го решиме? Како да ги разбереме искуствата на […]
    The post [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција appeared first on МОФ.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор