Header web call for participation 1024x576 1 rqfu7pcdrjs4loghqerxpcoafe1l0ei66cfq4j5aam

Отворен повик: Придружете ѝ се на ENGAGEUROPE заедницата!

Придружете ѝ се на ENGAGEUROPE заедницата!

Ширум Европа, демократското учество и довербата во институциите се соочуваат со растечки предизвици. Во исто време, дебатите за иднината на Европската унија, проширувањето, демократското управување и учеството на граѓаните стануваат сè поважни, особено во контекст на геополитичките промени и ангажманот на ЕУ со соседните и земјите-кандидатки.

Во тој контекст, проектот „Мобилизирање на граѓаните за иднината на европската демократија преку застапување базирано на податоци, ангажирање и мобилност“ (ENGAGEEUROPE), финансиран од програмата CERV на Европската Унија, ги здружува граѓанските организации и академските партнери од цела Европа за да поттикне дијалог, граѓански ангажман и учество во демократските процеси поврзани со иднината на Европската унија.

Во текот на целиот проект, ќе настојуваме да промовираме значајни размени и структурирани дијалози меѓу младите граѓани и засегнати страни низ цела Европа, оспособувајќи ги да ја артикулираат својата долгорочна визија за Европската унија и поттикнувајќи подлабоко разбирање на клучните демократски приоритети и политички предизвици на ЕУ, со што ќе се зголеми нивното активно учество, чувството за европски идентитет и директниот придонес во обликувањето на идните процеси на европска интеграција и демократско управување.

ENGAGEEUROPE бара мотивирани млади луѓе кои се љубопитни, посветени и сакаат да ја артикулираат својата долгорочна визија за Европската Унија и да поттикнат подлабоко разбирање на клучните демократски приоритети на ЕУ и предизвиците на јавните политики.

Критериуми што треба да се исполнат

Учесникот во ENGAGEEUROPE мора:

  • Да е на возраст од 18 до 30 години во моментот на аплицирање,
  • Да е жител на една од шесте земји-партнери, земја-членка на ЕУ или други земји учеснички во програмата CERV,
  • Да може да комуницира на англиски јазик (работно ниво),
  • Да биде посветен за целото времетраење на програмата,
  • Да биде мотивиран да се вклучи во граѓански прашања и прашања поврзани со ЕУ,

Особено ги охрабруваме да се пријават младите жени и небинарните млади луѓе, младите со попреченост, младите од руралните средини и младите професионалци.

Како да се пријавите?

Прочитајте го целиот отворен повик овде и пополнете го онлајн формуларот за апликација овде.

Потребни ви се повеќе информации?

За дополнителни информации, пишете на info@scidevcenter.org.

Проектот „Мобилизирање на граѓаните за иднината на европската демократија преку застапување базирано на податоци, ангажирање и мобилност “ (ENGAGEUROPE, проект бр. 101253265) го води Центарот за наука и иновации за развој (SCiDEV), Албанија, и се спроведува во партнерство со Балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“ – Скопје (Македонија), Младински образовен форум – YEF (Македонија),  Универзитетот во Скадар „Luigj Gurakuqi“ (Албанија)Youropia Cultural Association (Шпанија)Центарот за компаративни и меѓународни студии – CCIS (Албанија)Здружението на млади со попреченост Црна Гора – AYDM (Црна Гора)Младинска иницијатива за човекови права – YIHR Хрватска, и Младинска иницијатива за човекови права – Србија.

Проектот е финансиран од Европската унија во рамките на програмата Граѓани, еднаквост, права и вредности (CERV).

The post Отворен повик: Придружете ѝ се на ENGAGEUROPE заедницата! appeared first on МОФ.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Младински Образовен Форум

Продолжи со читање

  • Повик за прибирање на понуди за угостителски услуги за организирање на настан

    Здравствениот систем во Северна Македонија со години се соочува со сериозни предизвици поврзани со коруптивни практики, кои го намалуваат квалитетот и достапноста на здравствените услуги. Истражувањата укажуваат дека граѓаните, а особено жените од маргинализираните заедници, често се изложени на директни или индиректни барања за неформални плаќања, непотизам и дискриминација при…

  • Повик за доставување понуди за услуги за хотелско сместување

     
    Младински Совет Прилеп објавува повик за доставување понуди за набавка на услуги за хотелско сместување во рамки на проектот „Младите за ЕУ“ („Youth for EU – Strengthening Youth Participation and Communication on the EU Integration Path “.)

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАБОТКА НА 3 (ТРИ) ЈАВНИ УМЕТНИЧКИ ИНСТАЛАЦИИ ОД РЕУПОТРЕБЕНИ МАТЕРИЈАЛИ

    Центарот за климатски промени за потребите од спроведување на проектот ,, Младите и жените- двигатели на транзицијата кон одржливо управување со отпадот во руралните средини (WeLEADRural)“, финансиран од Француска агенција за развој (AFD) објавува: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАБОТКА НА 3 (ТРИ) ЈАВНИ УМЕТНИЧКИ ИНСТАЛАЦИИ ОД РЕУПОТРЕБЕНИ МАТЕРИЈАЛИ 1.Информации за проектот

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ДВАЈЦА НАДВОРЕШНИ КОНСУЛТАНТИ ЗА ПОДДРШКА НА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА УЧИЛИШЕН КАДАР

    ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ДВАЈЦА НАДВОРЕШНИ КОНСУЛТАНТИ ЗА ПОДДРШКА НА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА УЧИЛИШЕН КАДАР Проект Зајакнување на инклузијата на децата со ПОП Македонски центар за граѓанско образование – МЦГО Скопје објавува јавен повик за избор на двајца надворешни консултанти со експертиза во областа на инклузивното образование, кои ќе подготват и спроведат долгорочна програма […]

  • Повик за практикант/ка преку АВРСМ

    Вклучи се Повик за практикант/ка преку АВРСМ Доколку сакаш да стекнеш практично искуство, да ги развиеш твоите вештини и да ги подобриш шансите за вработување, тогаш оваа можност е за тебе! Вклучи се во ИМКА и стекни практично искуство преку работа на реални проекти преку Мерка 4 – Практикантство на АВРСМ. Месечен надоместок: 12.000 ден.Период на практикантство: до 3 месециПозиција: Проектен асистентЛокација: ИМКА Македонија, Битола Кој може да аплицира? Невработени млади лица до 29 години кои:• се евидентирани во АВРСМ• имаат минимум завршено средно образование• немаат работно искуство Што ќе работиш? • Административна и логистичка поддршка на проекти и активности• Работа со документација и архива• Истражување, веб-пребарување и обработка на информации• Поддршка при подготовка на проектни апликации и извештаи• Поддршка при организација на настани и проектни активности Потребно е: познавање на Microsoft Office, е-пошта и Интернет, добро познавање на македонски и англиски јазик, организираност и желба за стекнување нови знаења. Како да аплицираш? Испрати го твоето CV на contact@ymca.mk со назнака ПРИЈАВА ЗА ПРАКТИКАНТ – ПРОЕКТЕН АСИСТЕНТ најдоцна до 17.08.2026 год. По селекцијата од страна на ИМКА, избраните кандидати ќе треба да поднесат пријава за учество во Мерка 4 – Практикантство во работниот клуб на Центарот за вработување. Рокот за пријавување во АВРСМ е 21.08.2026 год. или до исполнување на предвидениот опфат на корисници. Кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор