Photo Javen povik

ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ДВАЈЦА НАДВОРЕШНИ КОНСУЛТАНТИ ЗА ПОДДРШКА НА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА УЧИЛИШЕН КАДАР

ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ДВАЈЦА НАДВОРЕШНИ КОНСУЛТАНТИ ЗА ПОДДРШКА НА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА УЧИЛИШЕН КАДАР

Проект Зајакнување на инклузијата на децата со ПОП

Македонски центар за граѓанско образование – МЦГО Скопје објавува јавен повик за избор на двајца надворешни консултанти со експертиза во областа на инклузивното образование, кои ќе подготват и спроведат долгорочна програма за професионален развој заснована на практична работа.

Потребно е да се развие модуларна програма и пакет материјали за обука за примена на инклузивна педагогија, универзален дизајн за учење (UDL) и употреба на асистивна технологија (AT), како и на интегрирање на образование за правата на детето (CRE) и интеркултурното образование (ICE) во наставниот процес за обука на вкупно 96 учесници кои се претставници на училишните инклузивни тимови (УИТ) и наставниот кадар на 24-те училишта вклучени во проектот. Покрај модуларна програма и пакет материјали за обука ќе се реализираат и менторски посети во проектните училишта по завршувањето на обуките.

Активноста е во рамки на проектот „Зајакнување на инклузијата на децата со посебни образовни потреби“ во реализација на Македонски центар за граѓанско образование – МЦГО Скопје и финансиска поддршка на Детската фондација Песталоци од Швајцарија.

ЛИНК ДО СИТЕ ИНФОРМАЦИИ И ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА ЗА ИЗБОРОТ:

https://drive.google.com/file/d/1hMgOHzNN9XatnhGczrUBHb3904LrRILY/view?usp=drive_link

Временска рамка за јавниот повик

Временска рамка за јавниот повик

  • Објавување на повикот: 14.08.2026
  • Краен рок за пријавување: 24.08.2026 до 17:00 часот
  • Поставување прашања преку емаил: до 20.08.2026, 17:00 часот
  • Известување за изборот: 31.08.2026
  • Изработка на модуларна програма и пакет материјали за обука: 12 работни дена од известување за изборот
  • Спроведување на обуките: втора половина на септември – почеток на октомври 2026
  • Посети на училишта: период октомври – 15 декември 2026
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО)

Продолжи со читање

  • Повик за учество во иницијативата за проценка на деловен интегритет: Станете дел од Белата книга за деловен интегритет!

    Дали вашата компанија негува високи етички стандарди, транспарентност и политики за заштита од корупција?
    Ги покануваме сите одговорни и визионерски компании во Република Северна Македонија да се пријават и да бидат дел од процесот на мапирање и проценка на деловниот интегритет.

  • Youth Climate Diplomacy Forum – Skopje Local Point: Повик за млади за климатска акција и дипломатија

    Младите се важен дел од разговорот за климатските промени и иднината на животната средина. Тие не се само идни носители на промени, туку и активни учесници во процесите што се одвиваат денес. Токму затоа, Eco Logic – Скопје, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го организира презентацискиот и промотивниот настан за YCDF Skopje […]

  • Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели

    RISE Balkans Зајакнување на гласот на младите: одговорност, интегритет, солидарност и граѓанско ангажирање на Балканот Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели Регионалниот проект RISE Balkans бара мотивирани и ангажирани млади луѓе кои ќе се приклучат на возбудлива програма за лидерство меѓу врсници – Млади граѓански двигатели. Избраните учесници ќе бидат обучени како фасилитатори на Клиниките за добро владеење – интерактивни, тематски работилници кои се дизајнирани да го доближат владеењето до граѓаните и…

  • [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција

    Мобилизација заснована на податоци и консултации со граѓаните Пријави се за дводневната онлајн програма на 28 и 29 септември, од 15:00 до 19:00 часот, и запознај се со практични алатки за застапување, вклучување на граѓаните и поттикнување општествени промени. Како да го препознаеме проблемот што сакаме да го решиме? Како да ги разбереме искуствата на […]
    The post [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција appeared first on МОФ.

  • Јавен повик за пријавување на студенти/ки и млади новинари/ки за Национален тренинг за професионално новинарство, иновативни медиумски алатки и медиумска писменост

    Во ера на брз проток на информации и дигитални предизвици, зајакнувањето на капацитетите на идните и младите новинари е клучно за квалитетно и професионално известување. Овој национален тренинг ќе ви обезбеди практични знаења и вештини за користење на современи алатки и ќе ви помогне суштински да ги разберете клучните предизвици на медиумската писменост. Преку интерактивни […]
    Read More… from Јавен повик за пријавување на студенти/ки и млади новинари/ки за Национален тренинг за професионално новинарство, иновативни медиумски алатки и медиумска писменост
    The post Јавен повик за пријавување на студенти/ки и млади новинари/ки за Национален тренинг за професионално новинарство, иновативни медиумски алатки и медиумска писменост appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор