Callformedia horizontal mk 1024x536

Јавен повик за аплицирање за мали грантови за продукција на медиумска содржина

Проектот SMS Facility – Поддршка за малите медиуми од Западен Балкан објавува Јавен повик за аплицирање за Мали грантови за продукција на медиумска содржина за апликанти од Северна Македонија.

Овој проект се имплементира од конзорциум составен од шест граѓански организации за поддршка на медиуми – Centar za promociju civilnog društva CPCD (Босна и Херцеговина) како водечки апликант (ВА), Thomson Media gGmbH (Германија), Science & Innovation for Development SCIDEV (Албанија), Kosovo Glocal (Косово), Centar za demokratsku tranziciju CDT (Црна Гора) и Фондација Метаморфозис (Северна Македонија) кои го имплементираат проектот во шест земји од Западен Балкан и е ко-финансиран од Европската Унија. Проектот SMS Facility – Поддршка за малите медиуми од Западен Балкан е насочен кон унапредување на медиумската слобода, организацискиот капацитет и институционалната отпорност на малите медиуми низ регионот. 

За повикот

Целта на овој повик е да обезбеди насочена финансиска поддршка за мали и локални медиумски организации низ Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија), со цел подобрување на квалитетот, професионализмот и влијанието на нивната медиумска содржина.

Преку оваа шема, SMS Facility ќе ги поддржи малите и локалните медиуми во подобрувањето на квалитетот и професионализмот на нивната содржина, со фокус на релевантноста за локалните заедници и на новинарскиот интегритет.

Временска рамка за предлог-проекти

Сите финансирани проекти мора да бидат завршени во рок од 12 месеци од потпишувањето на договорот. Последен рок за аплицирање е 25 јуни 2026 23:59.

Начин на аплицирање

Во следните документи можете да ги најдете деталните упатства и потребните формулари за аплицирање:

  • Анекс 1 – Упатство за SMS MKD MCP 01/2026
  • Анекс 2 – Формулар за проектен предлог SMS MKD МCP 01/2026
  • Анекс 3 – Буџет SMS MKD MCP 01/2026

Целокупната документација, вклучувајќи детални упатства за апликантите и формулари за апликација, е достапна на следниот линк.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Метаморфозис

Продолжи со читање

  • Јавен повик за ангажирање тројца експерти за напредни обуки за еколошка правда

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање тројца експерти за подготовка и спроведување тематски сесии во рамки на три еднодневни напредни обуки за еколошка правда, организирани во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители. Се предвидува ангажирање по еден експерт за следните позиции: Експерт за практиката на Европскиот суд […]

  • Повик за ангажирање млади активисти за соработка со Локал Актив

    Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Институтот РЕСИС имаат потреба од ангажирање млади активисти од сите региони на земјава, кои би сакале да учествуваат во создавање истражувачки и аналитички стории што ќе се објават н… Повеќе… “Повик за ангажирање млади активисти за соработка со Локал Актив”
    Source

  • ПОВИК за ангажирање млади активисти во рамки на иницијативата Локал Актив

    Институтот РЕСИС и Советот за етика во медиумите на Македонија имаат потреба од ангажирање млади активисти од сите региони на земјава, кои би сакале да учествуваат во создавање истражувачки и аналитички стории што ќе се објават на онлајн медиумите на заедницата Локал Актив Исток, Локал Актив Вардар и Локал Актив…

  • ЈАВЕН ПОВИК: Поставување на онлајн платформа за креирање на профили на локални занаетчии

    Назив на проектот: Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија Здружението на граѓани Иницијатива за европска перспектива – ИЕП го спроведува проектот „Дигитално оживување на занаетчиството: Оспособување на младите од руралните средини преку технолошки поттикнати модели на социјални претпријатија” , кој е дел од програмата BOOST […]

  • Јавен повик за ангажирање на експерти/експертки за имплементација на родово сензитивна менторска програма во правосудството

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА), во рамки на проектот „Менторство во правосудството и младинско учество за родова еднаквост“, објавува Јавен повик за ангажирање на експерти за имплементација на родово сензитивната менторска програма во правосудството. Со јавниот повик се предвидува ангажирање на: Позиција 1 – Експерт/ка – правник/правничка Позиција 2 – Експерт/ка – родов […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор