Header web call for participation 1024x576 1 rqfu7pcdrjs4loghqerxpcoafe1l0ei66cfq4j5aam

Отворен повик: Придружете ѝ се на ENGAGEUROPE заедницата!

Придружете ѝ се на ENGAGEUROPE заедницата!

Ширум Европа, демократското учество и довербата во институциите се соочуваат со растечки предизвици. Во исто време, дебатите за иднината на Европската унија, проширувањето, демократското управување и учеството на граѓаните стануваат сè поважни, особено во контекст на геополитичките промени и ангажманот на ЕУ со соседните и земјите-кандидатки.

Во тој контекст, проектот „Мобилизирање на граѓаните за иднината на европската демократија преку застапување базирано на податоци, ангажирање и мобилност“ (ENGAGEEUROPE), финансиран од програмата CERV на Европската Унија, ги здружува граѓанските организации и академските партнери од цела Европа за да поттикне дијалог, граѓански ангажман и учество во демократските процеси поврзани со иднината на Европската унија.

Во текот на целиот проект, ќе настојуваме да промовираме значајни размени и структурирани дијалози меѓу младите граѓани и засегнати страни низ цела Европа, оспособувајќи ги да ја артикулираат својата долгорочна визија за Европската унија и поттикнувајќи подлабоко разбирање на клучните демократски приоритети и политички предизвици на ЕУ, со што ќе се зголеми нивното активно учество, чувството за европски идентитет и директниот придонес во обликувањето на идните процеси на европска интеграција и демократско управување.

ENGAGEEUROPE бара мотивирани млади луѓе кои се љубопитни, посветени и сакаат да ја артикулираат својата долгорочна визија за Европската Унија и да поттикнат подлабоко разбирање на клучните демократски приоритети на ЕУ и предизвиците на јавните политики.

Критериуми што треба да се исполнат

Учесникот во ENGAGEEUROPE мора:

  • Да е на возраст од 18 до 30 години во моментот на аплицирање,
  • Да е жител на една од шесте земји-партнери, земја-членка на ЕУ или други земји учеснички во програмата CERV,
  • Да може да комуницира на англиски јазик (работно ниво),
  • Да биде посветен за целото времетраење на програмата,
  • Да биде мотивиран да се вклучи во граѓански прашања и прашања поврзани со ЕУ,

Особено ги охрабруваме да се пријават младите жени и небинарните млади луѓе, младите со попреченост, младите од руралните средини и младите професионалци.

Како да се пријавите?

Прочитајте го целиот отворен повик овде и пополнете го онлајн формуларот за апликација овде.

Потребни ви се повеќе информации?

За дополнителни информации, пишете на info@scidevcenter.org.

Проектот „Мобилизирање на граѓаните за иднината на европската демократија преку застапување базирано на податоци, ангажирање и мобилност “ (ENGAGEUROPE, проект бр. 101253265) го води Центарот за наука и иновации за развој (SCiDEV), Албанија, и се спроведува во партнерство со Балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“ – Скопје (Македонија), Младински образовен форум – YEF (Македонија),  Универзитетот во Скадар „Luigj Gurakuqi“ (Албанија), Youropia Cultural Association (Шпанија), Центарот за компаративни и меѓународни студии – CCIS (Албанија), Здружението на млади со попреченост Црна Гора – AYDM (Црна Гора), Младинска иницијатива за човекови права – YIHR Хрватска, и Младинска иницијатива за човекови права – Србија.

Проектот е финансиран од Европската унија во рамките на програмата Граѓани, еднаквост, права и вредности (CERV).

The post Отворен повик: Придружете ѝ се на ENGAGEUROPE заедницата! appeared first on МОФ.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Младински Образовен Форум

Продолжи со читање

  • Јавен повик за избор на експерт(к)и за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на животната средина

    Македонското здружение на млади правници (МЗМП) објавува јавен повик за избор на двајца/две експерт(к)и за изработка на Извештај за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на правата од областа на животната средина во рамки на проектот „Зајакнато граѓанско учество во заштита на животната […]
    The post Јавен повик за избор на експерт(к)и за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на животната средина appeared first on Myla.

  • Повик за нови членови на Управниор одбор на МОФ

    Врз основа на член 19 и 27 од Статутот на Младинскиот образовен форум, како и врз основа на одлука на Претседателот на Младински образовен форум донесена на 01.10.2026 година, на 01.10.2026 се распишува ПОВИК за нови членови на Управниот одбор Повикот се распишува за избор на нов состав на Управниот одбор на Младински образовен форум […]
    The post Повик за нови членови на Управниор одбор на МОФ appeared first on МОФ.

  • Повик за учество во иницијативата за проценка на деловен интегритет: Станете дел од Белата книга за деловен интегритет!

    Дали вашата компанија негува високи етички стандарди, транспарентност и политики за заштита од корупција?
    Ги покануваме сите одговорни и визионерски компании во Република Северна Македонија да се пријават и да бидат дел од процесот на мапирање и проценка на деловниот интегритет.

  • Youth Climate Diplomacy Forum – Skopje Local Point: Повик за млади за климатска акција и дипломатија

    Младите се важен дел од разговорот за климатските промени и иднината на животната средина. Тие не се само идни носители на промени, туку и активни учесници во процесите што се одвиваат денес. Токму затоа, Eco Logic – Скопје, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го организира презентацискиот и промотивниот настан за YCDF Skopje […]

  • Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели

    RISE Balkans Зајакнување на гласот на младите: одговорност, интегритет, солидарност и граѓанско ангажирање на Балканот Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели Регионалниот проект RISE Balkans бара мотивирани и ангажирани млади луѓе кои ќе се приклучат на возбудлива програма за лидерство меѓу врсници – Млади граѓански двигатели. Избраните учесници ќе бидат обучени како фасилитатори на Клиниките за добро владеење – интерактивни, тематски работилници кои се дизајнирани да го доближат владеењето до граѓаните и…

  • [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција

    Мобилизација заснована на податоци и консултации со граѓаните Пријави се за дводневната онлајн програма на 28 и 29 септември, од 15:00 до 19:00 часот, и запознај се со практични алатки за застапување, вклучување на граѓаните и поттикнување општествени промени. Како да го препознаеме проблемот што сакаме да го решиме? Како да ги разбереме искуствата на […]
    The post [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција appeared first on МОФ.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор