|

ЗДРУЖЕНИЕ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА РАБОТНИЦИТЕ – ДОСТОИНСТВЕН РАБОТНИК

Вкупен буџет: 329.100 МКД

Времетраење: 01.12.2020 – 30.06.2020 (7 месеци)

КОНСТИТУЕНТИ

Конституенти на здружението Достоинствен Работник се млади лица до 29 годишна возраст од различна социо-културна и етничка припадност.

Јавен и приватен сектор: Општина Прилеп, средните училишта, бизнис секторот во оваа општина.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Унапредување и одржување правични и продуктивни работни средини за развој на локалната заедница.

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Проблемот на пазарот на трудот изразен во форма на несоодветно квалификувани работници според потребитеби влијаел на идниот економски раст и преку создавање на бариери за претпријатијата се креира јаз со кој ќе биде тешко да се пополнат работни места кои се високо побарувани, бидејќи динамичноста на економијата ќе бара соодветно формално образование и дополнителни обуки. Недоволниот број на квалификувани работници според потребите, во услови на пандемија кога нема доволна понуда на работници со соодветни вештини, е една од пречките за раст на стапката на вработување.

Според податоците објавени на Агенцијата за вработување на национално ниво, за слободните работни места, работодавачите се изјасниле дека се соочиле со одредени потешкотии при пополнување на работните места: немање доволно работно искуство, немање на знаења и вештини за извршување на работните задачи кои ги побарува работното место.

Усогласувањете на потребите во локалната заедница би можело да има значаен ефект и врз локалниот економски развој за што е потребен координиран пристап за унапредување на образовниот систем и програмите на средните стручни училишта да одговорат на предизвиците со кои се соочуваат компаниите и предвидување на идните потреби за надминување на неусогласеноста на побарувачката на работна сила со образовниот систем.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Да се создадат пристојни работни места за младите лица до 29 години и нивно активно вклучување во пазарот на трудот на локално ниво од страна на работодавачите.

Специфична цел/и:

  • Да се подобрат условите во инвестициската политика на локалната заедница, развој на претпријатијата, образованието и активните политики на пазарот на трудот од страна на општината;
  • Да се зголеми свесноста за предностите и предизвиците на социјалното претприемништво кај младите лица од средните технички училишта;

РЕЗУЛТАТИ

  1. Зајакнати капацитетите на Економскиот совет при општина Прилеп;
  2. Организирани две работнилници за кариерно советување со најмалку 50 ученици од петте средни училишта во општина Прилеп;
  3. Подготвен и дистрибуиран пропаганден материјал до конституентите;
  4. Подготвен и дистрибиран Прирачник до конституентите;

АКТИВНОСТИ

  1. Организирање на две работилници за јакнење на капацитетите на Економскиот совет при општина Прилеп;
  2. Организирање на две работилници за кариерно советување;
  3. Подготвување на пропаганден материјал (постер, флаер, и сл.);
  4. Подготвување на Прирачник за кариерно советување и социјално претприемништво.

Веб страна

Продолжи со читање

  • Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп

    Вкупен буџет: 5.347.857 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 30 јуни 2026  година Специфична тема: Родова еднаквост Партнери: Конституенти: Проектот е насочен кон различни групи и актери во Пелагонискиот регион, со специфичен фокус на маргинализираните заедници и клучните чинители вклучени во промовирањето на социјалните промени и справувањето со…

  • Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје

    Вкупен буџет: 5.547.802 МКД Специфична тема: Социјална инклузија Период на реализација:  1 јули 2024 – 30 јуни 2026 година Партнери: Конституенти: Жените од маргинализирани заедници во Скопскиот плански регион кои се во поголем ризик од нееднаков третман поради нивна специфична положба или лична карактеристика. Посебен фокус ќе се стави на…

  • ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Образование Партнери: Конституенти: Граѓани, жители на Скопскиот регион; млади од Скопскиот регион; носители на политики за образование, здравство, економски, социјални и политики за млади (МОН, БРО, МЗ, ИЈЗ, МТСП, АВРМ, МФ, МЕ и…

  • Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија Скопје

    Вкупен буџет: 5.500.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Климатски промени/ Животна средина Партнери: Конституенти:  Учениците од 7до 9 одделение од Општинските основни училишта (ООУ) на Скопскиот регион, како идни двигатели во општеството. Учениците и околу 2500 граѓани ќе имаат пристап до корисни печатени…

  • Центар за развој и промоција ПРОМО ИДЕА – Струмица

    Вкупен буџет: 5.589.950 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 – 31 август 2026 година Специфична тема: Млади Партнери: Конституенти:  Младите во Југоисточниот регион на Република Северна Македонија, поделени во две подгрупи: од 18 до 21 година и од 21 до 29 години, независно од нивниот социоекономски статус, вклучувајќи ученици, студенти, фриленсери,…

  • Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА Неготино

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 –  30 јуни 2026 година Специфична тема: Социјална инклузија Партнери: Конституенти: Семејства и лицата со попреченост, организации на лицата со хендикеп како и лекарските – медицински установи. Засегнатите страни ги опфаќаат лицата со попреченост, старателите, здравствените работници, организациите во заедницата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор