Здружение за развој на слободно информациско општество – Слободен Софтвер Македонија Скопје
Објавено: 26/10/2020
Вкупенбуџет: 329.000 денари
Времетраење: 01.07.2020 – 30.01.2020
КОНСТИТУЕНТИ
Конституенти се сите индивидуи во републиката кои веруваат и се залагаат за начелата на слободен софтвер.
ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС
ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ ЗА ОТВОРЕНА ИДНИНА
ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА
И покрај постоењето на Стратегија за отворени податоци 2018-2020 и сајт www.otvorenipodatoci.gov.mk на којшто се објавени 230 податочни сетови групирани во осум категории од 52 организации, забележливо е дека граѓанските организации во земјата слабо и несоодветно ги користат во своето работење. Дополнителен предизвик е слабиот капацитет на граѓанските организации и недостаток на ресурси да ги отворат своите податоци и да се вмрежат со другите граѓански организации од секторот со цел размена на податоци или континуираност во проучувањето на некоја општествена ситуација. Ваквата ситуација доведува до чест дискунтинуитет на проучувањата, неодржливост на проектни резултати и затвореност на граѓанските организации.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Транспарентно, отчетно и социјално-инклузивно управување на национално и локално ниво.
Специфична цел: Граѓанските организации активно учествуваат во процесите на креирање и донесување одлуки што води кон подобрени политики и практики.
РЕЗУЛТАТИ
- Силен и транспарентен граѓански сектор;
- Подобрена околина за развој на граѓанскиот сектор;
- Граѓанско учество во процесите на креирање и донесување одлуки
АКТИВНОСТИ
- Истражување за користење на отворени податоци во граѓанскиот сектор
- Медиумска кампања за придобивките од користењето на пристапот на отворени податоци
- Обука за користење на пристапот на отворени податоци за граѓанскиот сектор
- Зборник со трудови за отворени владини податоци со препораки
- Средби со владини институции за претставување на Зборникот и препораките
- Отворени денови за техничка помош во хаклаб Кика