|

Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје

Вкупен буџет:  3.966.380 МКД

Времетраење: 24 месеци

КРАТОК ОПИС НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

„Заедно Посилни“ е здружение на заедницата на луѓето што живеат со ХИВ во Република Северна Македонија, кое обезбедува поддршка за нив и ги штити нивните права. Дејствува за зајакнување на луѓето со ХИВ како рамноправни членови на општеството, за почитување на нивното достоинство и за остварување на нивните здравствени и човекови права; посебно се залага за обезбедување континуиран пристап до современа антиретровирусна терапија и сеопфатен третман на ХИВ-инфекцијата и на состојби поврзани или неповрзани со ХИВ, во согласност со најсовремените достигнувања на науката.

Во рамките на оваа мисија, покрај директни услуги за врсничка, социјална и правна поддршка, ЗАЕДНО ПОСИЛНИ е особено активно вклучено во креирањето на јавните политики во врска со ХИВ, како и здравствената заштита и јавното здравје.

КОНСТИТУЕНТИ

  • Луѓето што живеат со ХИВ, вклучувајќи ги и оние што не се свесни за својот ХИВ-статус, од коишто најголемиот број се дел од ЛГБТ заедницата;
  • Пошироко геј и бисексуалните мажи, другите мажи што имаат секс со мажи, транс луѓето и воопшто припадниците на пошироката ЛГБТК заедница, а особено младите од овие групи/заедници;
  • Институциите, односно донесувачите на одлуки и експертите, од областа здравствената заштита и јавното здравје, како институциите и телата надлежни за спречување и заштита од дискриминација и заштита на човековите права;
  • Општата јавност.

РЕЗУЛТАТИ

  • Механизмот за финансирање на активностите од националната програма за ХИВ што ги спроведуваат граѓанските организации се потпира на стандарди за квалитет на услугите што се нудат;
  • Лицата што живеат со или се засегнати од ХИВ се вклучени во суштински активности за здружението, преку различни механизми, вклучувајќи и волонтерство;
  • Соработката помеѓу повеќе организации што ги штитат правата на различни групи пациентите поттикнува јавна дискусија за прашањето за обезбедување лекови во Р.С. Македонија;
  • Преку своето делување Здружението придонесува за информирано учество на граѓанскиот сектор и засегнатите заедници во креирањето на здравствените политики;

Веб страна

Продолжи со читање

  • Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп

    Вкупен буџет: 5.347.857 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 30 јуни 2026  година Специфична тема: Родова еднаквост Партнери: Конституенти: Проектот е насочен кон различни групи и актери во Пелагонискиот регион, со специфичен фокус на маргинализираните заедници и клучните чинители вклучени во промовирањето на социјалните промени и справувањето со…

  • Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје

    Вкупен буџет: 5.547.802 МКД Специфична тема: Социјална инклузија Период на реализација:  1 јули 2024 – 30 јуни 2026 година Партнери: Конституенти: Жените од маргинализирани заедници во Скопскиот плански регион кои се во поголем ризик од нееднаков третман поради нивна специфична положба или лична карактеристика. Посебен фокус ќе се стави на…

  • ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Образование Партнери: Конституенти: Граѓани, жители на Скопскиот регион; млади од Скопскиот регион; носители на политики за образование, здравство, економски, социјални и политики за млади (МОН, БРО, МЗ, ИЈЗ, МТСП, АВРМ, МФ, МЕ и…

  • Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија Скопје

    Вкупен буџет: 5.500.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Климатски промени/ Животна средина Партнери: Конституенти:  Учениците од 7до 9 одделение од Општинските основни училишта (ООУ) на Скопскиот регион, како идни двигатели во општеството. Учениците и околу 2500 граѓани ќе имаат пристап до корисни печатени…

  • Центар за развој и промоција ПРОМО ИДЕА – Струмица

    Вкупен буџет: 5.589.950 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 – 31 август 2026 година Специфична тема: Млади Партнери: Конституенти:  Младите во Југоисточниот регион на Република Северна Македонија, поделени во две подгрупи: од 18 до 21 година и од 21 до 29 години, независно од нивниот социоекономски статус, вклучувајќи ученици, студенти, фриленсери,…

  • Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА Неготино

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 –  30 јуни 2026 година Специфична тема: Социјална инклузија Партнери: Конституенти: Семејства и лицата со попреченост, организации на лицата со хендикеп како и лекарските – медицински установи. Засегнатите страни ги опфаќаат лицата со попреченост, старателите, здравствените работници, организациите во заедницата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор