|

Здружение на граѓани за промоција на женската активност Тиииит! Инк. – Скопје

Буџет обезбеден од Цивика мобилитас: 1,798,099 МКД

Времетраење: 15 месеци

КОНСТИТУЕНТИ

Директни конституенти се жени и девојки од Република Северна Македонија.

Како индиректни конституенти ќе бидат вклучени граѓанските организации, медиумите, новинарите и надлежните институции: Министерство за здравство, Институт за јавно здравје, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за образование и наука.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Крај за менструална сиромаштија – Застапување за намалување на менструалната сиромаштија во РСМ

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Акцијата ќе овозможи општествени промени преку креирање на функционални механизми и мерки за подобрен пристап на жените и девојките до средства за менструална хигиена што директно ќе придонесе кон намалување на менструалната сиромаштија во РСМ.

Акцијата ќе придонесе кон формирање на неформална национална мрежа од граѓански организации, експерти и поддржувачи која аргументирано и конструктивно ќе застапува и  соработува со институциите и ќе ги советува за тековни и итни прашања од клучна важност поврзани со родовата еднаквост.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Унапредување на пристапот до средства за менструална хигиена на жените и девојките во РСМ и адресирање на менструалната сиромаштија преку подигање на јавната свест и промени во политиките кои ќе доведат до социјално – инклузивно управување и унапредување на родовата еднаквост.

Специфична цел/и: Да се креираат функционални механизми и мерки за пристап на жените и девојките до средства за менструална хигиена и отворање на јавна дебата за менструалната сиромаштија.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Сеопфатна студија за пристапот до менструална хигиена во Република Северна Македонија, проценка на состојбите со менструалната сиромаштија и препораки за унапредување на политиките;
  2. Отворена дискусија во јавната сфера за менструалната сиромаштија и за зголемување на  пристапот до средствата за менструална хигиена;
  3. Воспоставена неформална национална платформа за заедничко креирање мерки и политики за подобрен пристап до средства за менструална хигиена преку активно вклучени претставници на граѓанскиот сектор и носители на одлуки од надлежните институции;
  4. Започнат процес на застапување за прифаќање и воведување на функционални механизми и мерки за подобрен пристап на жените и девојките до средства за менструална хигиена и намалување на манструалната сиромаштија.

АКТИВНОСТИ

  1. Изработка на сеопфатна студија за пристапот до менструална хигиена во Република Северна Македонија како основа за согледување на состојбите со менструалната сиромаштија;
  2. Дизајн на методологија;
  3. Оnline анкета за пристапот до менструална хигиена кај девојки и жени;
  4. Проценка на трошоците за менструална хигиена;
  5. Национално репрезентативна анкета за пристапот до менструална хигиена кај девојки од средни училишта;
  6. Организирање на јавен настан за промоција на студијата;
  7. Спроведување на национална кампања за подигнување на свеста за потребата од пристапна менструална хигиена и отворање на прашањето за менструалната сиромаштија во јавната сфера;
  8. Креирање неформална национална платформа за застапување за прашањето за подобар пристап до менструална хигиена;
  9. Организирање на средби со потенцијални соработници и поддржувачи;
  10. Потпишување на меморандуми за соработка на организацијата со членовите на мрежата новоформираната мрежа како и со институциите преку кои ќе се адресира ова прашање (МЗ, ИЈЗ, МТСП, МОН);
  11. Започнување на процес нс застапување за вклучување на мерки и решенија во националните стратешки документи кои би требало да го регулираат ова прашање за крај на менструалната сиромаштија;
  12. Креирање на пакет мерки за унапредување на пристапот до менструална хигиена;
  13. Застапување за вклучување на прашањето за подобар пристап до менструална хигиена во новата Национална Стратегија за сексуално и репродуктивно здравје 2020-2030;
  14. Застапување за измени и дополнување на Законот за данок на додадената вредност.

Веб страна

Продолжи со читање

  • Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп

    Вкупен буџет: 5.347.857 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 30 јуни 2026  година Специфична тема: Родова еднаквост Партнери: Конституенти: Проектот е насочен кон различни групи и актери во Пелагонискиот регион, со специфичен фокус на маргинализираните заедници и клучните чинители вклучени во промовирањето на социјалните промени и справувањето со…

  • Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје

    Вкупен буџет: 5.547.802 МКД Специфична тема: Социјална инклузија Период на реализација:  1 јули 2024 – 30 јуни 2026 година Партнери: Конституенти: Жените од маргинализирани заедници во Скопскиот плански регион кои се во поголем ризик од нееднаков третман поради нивна специфична положба или лична карактеристика. Посебен фокус ќе се стави на…

  • ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Образование Партнери: Конституенти: Граѓани, жители на Скопскиот регион; млади од Скопскиот регион; носители на политики за образование, здравство, економски, социјални и политики за млади (МОН, БРО, МЗ, ИЈЗ, МТСП, АВРМ, МФ, МЕ и…

  • Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија Скопје

    Вкупен буџет: 5.500.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Климатски промени/ Животна средина Партнери: Конституенти:  Учениците од 7до 9 одделение од Општинските основни училишта (ООУ) на Скопскиот регион, како идни двигатели во општеството. Учениците и околу 2500 граѓани ќе имаат пристап до корисни печатени…

  • Центар за развој и промоција ПРОМО ИДЕА – Струмица

    Вкупен буџет: 5.589.950 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 – 31 август 2026 година Специфична тема: Млади Партнери: Конституенти:  Младите во Југоисточниот регион на Република Северна Македонија, поделени во две подгрупи: од 18 до 21 година и од 21 до 29 години, независно од нивниот социоекономски статус, вклучувајќи ученици, студенти, фриленсери,…

  • Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА Неготино

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 –  30 јуни 2026 година Специфична тема: Социјална инклузија Партнери: Конституенти: Семејства и лицата со попреченост, организации на лицата со хендикеп како и лекарските – медицински установи. Засегнатите страни ги опфаќаат лицата со попреченост, старателите, здравствените работници, организациите во заедницата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор