|

Здружение на граѓани за култура и уметност АН–БЛОК Скопје

Вкупен буџет овозможен од Цивика мобилитас: 314.154 МКД

Времетраење: 4 месеци

КОНСТИТУЕНТИ

Директни конституенти: 100 млади лица (4 групи по 25 учесници) на возраст од 16 до 19 години од двата пола, со различен социо-економски статус и различна етничка и верска припадност, ученици во СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“.

Индиректни конституенти: корисници на услуги во Клиниката за детски болести или Дом за стари лица „ЖАНА-С“, ЈУ Детски дом „11 Октомври“, како и пошироката средина како опкружување на  горенаведените корисници.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Поттикнување општествена одговорност кај младите преку волонтерски активности.

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Добивање неформална едукација на младите кои ќе ја применат во реализирање волонтерски активности со што ќе придонесат за подобрување на квалитетот на животот на локално ниво, а ќе се здобијат со позитивни општествени вредности.

При формирање на директната целна група акцент ќе биде ставен на  родовата застапеност.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел:  

Поттикнување општествена одговорност кај младите преку активно и квалитетно искористување на слободното време и нивно вклучување во волонтерски активности од областа на културата и уметноста со акцент на негување на здрави животни навики.

Специфична цел/и:

Развивање свесност за совесно и одговорно однесување, како и зголемување на самодовербата.

РЕЗУЛТАТИ

  • Стекнати знаења од Законот за волонтерство на РСМ;
  • Подобрени способности за комуникација со старите лица, деца со здрав развој и со болно дете и со деца без родители;
  • Поттикнати позитивни општествени вредности;
  • Развиена свесност за совесно и одговорно однесување и зголемена самодоверба;
  • Правилно и корисно организирање на слободно време и здрави стилови на живеење;
  • Правилен раст и развој и градењето на здрави личности со стабилни морални вредности;
  • Пресретнување на потребите на заедницата и јакнење на врските во истата;
  • Стекнато волонтерско работно искуство, промовирани позитивни волонтерски практики, како и нивното значење.

АКТИВНОСТИ

Вкупно за сите 4 групи со по 25 учесници ќе се одржат:

  • 12 теоретски семинари;
  • 4 работилници;
  • 4 подготвителни волонтерски работилници;
  • 4 волонтерски активности.

Продолжи со читање

  • Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп

    Вкупен буџет: 5.347.857 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 30 јуни 2026  година Специфична тема: Родова еднаквост Партнери: Конституенти: Проектот е насочен кон различни групи и актери во Пелагонискиот регион, со специфичен фокус на маргинализираните заедници и клучните чинители вклучени во промовирањето на социјалните промени и справувањето со…

  • Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје

    Вкупен буџет: 5.547.802 МКД Специфична тема: Социјална инклузија Период на реализација:  1 јули 2024 – 30 јуни 2026 година Партнери: Конституенти: Жените од маргинализирани заедници во Скопскиот плански регион кои се во поголем ризик од нееднаков третман поради нивна специфична положба или лична карактеристика. Посебен фокус ќе се стави на…

  • ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Образование Партнери: Конституенти: Граѓани, жители на Скопскиот регион; млади од Скопскиот регион; носители на политики за образование, здравство, економски, социјални и политики за млади (МОН, БРО, МЗ, ИЈЗ, МТСП, АВРМ, МФ, МЕ и…

  • Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија Скопје

    Вкупен буџет: 5.500.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Климатски промени/ Животна средина Партнери: Конституенти:  Учениците од 7до 9 одделение од Општинските основни училишта (ООУ) на Скопскиот регион, како идни двигатели во општеството. Учениците и околу 2500 граѓани ќе имаат пристап до корисни печатени…

  • Центар за развој и промоција ПРОМО ИДЕА – Струмица

    Вкупен буџет: 5.589.950 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 – 31 август 2026 година Специфична тема: Млади Партнери: Конституенти:  Младите во Југоисточниот регион на Република Северна Македонија, поделени во две подгрупи: од 18 до 21 година и од 21 до 29 години, независно од нивниот социоекономски статус, вклучувајќи ученици, студенти, фриленсери,…

  • Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА Неготино

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 –  30 јуни 2026 година Специфична тема: Социјална инклузија Партнери: Конституенти: Семејства и лицата со попреченост, организации на лицата со хендикеп како и лекарските – медицински установи. Засегнатите страни ги опфаќаат лицата со попреченост, старателите, здравствените работници, организациите во заедницата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор