|

ЦЕНТАР ЗА СТРАТЕГИСКИ ИСТРАЖУВАЊА И АНАЛИЗИ – БИТОЛA

Вкупен буџет: 310.000 денари

Времетраење: 01.06.2020 – 30.01.2020

КОНСТИТУЕНТИ

Граѓаните на Р. С. Македонија, жени и женски организации, претставници на централната и локалната власт, организации од граѓанскиот сектор, млади, младински организации и младински групи, маргинализирани групи, и други клучни релевантни чинители на локално или национално ниво во областа на доброто владеење, креирање политики, демократија и човекови права

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

ПЛАТФОРМА ЗА ГРАЃАНСКИ МОНИТОРИНГ НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ АГЕНЦИИ

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Граѓанските организации може да дадат придонес во оваа област преку мониторирање на работата на безбедносните институции паралелно со цивилниот надзор на истите и барање на транспарентност од безбедносните институции преку засилен мониторинг на нивното работење, и отворање на дискусија за тоа дали преземените реформски чекори од 2016 година водат во насока на целосна транспарентност и отчетност од безбедносните институции. За постигнување на оваа цел потребно е отворање на широка дебата во земјата која ќе ги вклучува граѓанските организации и потребно е и добро информирање на самите организации на тематиката мониторинг на безбедносните агенции што ќе дозволи дискусија и разбирање на широк спектрум на поврзани безбедносни под-теми.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Отчетни и транспарентни безбедносни институции

Специфична цел: Граѓански надзор врз спроведувањето на надлежностите и функционирањето на безбедносните институции.

РЕЗУЛТАТИ

  • Зголемено разбирање на граѓанските организации на темите поврзани со модерниот безбедносен екосистем, безбедносните политики и работата на безбедносните институции во Република Северна Македонија;
  • Инволвирање на граѓанските организации во дефинирање и поставување на безбедносните теми од интерес за општеството;
  • Зголемена отчетност на безбедносните институции;
  • Променета свест на раководните органи на безбедносните институции за одговорност пред граѓаните;

АКТИВНОСТИ

  1. Создавање онлајн платформа (nadzor.mk, monitoring.mk или слично) за публикување анализи, истражувања, извештаи, мислења, ставови, препораки за работењето на безбедносните институции;
  2. Организирање на две обуки за граѓански организации за темата безбедност, надзор над безбедносните агенции и улогата на граѓанските организации во мониторингот на работата над истите и пишување на анализи, кратки текстови и осврти;
  3. Објавување на еден отворен јавен повик за публикување анализи, истражувања, извештаи, мислења, ставови, препораки за напредокот во работењето на безбедносните институции насочен кон граѓанските организации и академската заедница;
  4. Публикaција на анализите, истражувањата, извештаите, мислењата, ставовите, препораките за работењето на безбедносните институции на создадената онлајн платформа (nadzor.mk, monitoring.mk или слично);
  5. Промовирање на објавените текстови на профилите на платформата на социјалните мрежи (Facebook);
  6. Организирање на една конференција на тема “Вклученоста на граѓанските организации во напредокот на имплементацијата на препораките од Блупринтот во поглед на надзор на безбедносните агенции“.

Продолжи со читање

  • Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп

    Вкупен буџет: 5.347.857 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 30 јуни 2026  година Специфична тема: Родова еднаквост Партнери: Конституенти: Проектот е насочен кон различни групи и актери во Пелагонискиот регион, со специфичен фокус на маргинализираните заедници и клучните чинители вклучени во промовирањето на социјалните промени и справувањето со…

  • Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје

    Вкупен буџет: 5.547.802 МКД Специфична тема: Социјална инклузија Период на реализација:  1 јули 2024 – 30 јуни 2026 година Партнери: Конституенти: Жените од маргинализирани заедници во Скопскиот плански регион кои се во поголем ризик од нееднаков третман поради нивна специфична положба или лична карактеристика. Посебен фокус ќе се стави на…

  • ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Образование Партнери: Конституенти: Граѓани, жители на Скопскиот регион; млади од Скопскиот регион; носители на политики за образование, здравство, економски, социјални и политики за млади (МОН, БРО, МЗ, ИЈЗ, МТСП, АВРМ, МФ, МЕ и…

  • Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија Скопје

    Вкупен буџет: 5.500.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Климатски промени/ Животна средина Партнери: Конституенти:  Учениците од 7до 9 одделение од Општинските основни училишта (ООУ) на Скопскиот регион, како идни двигатели во општеството. Учениците и околу 2500 граѓани ќе имаат пристап до корисни печатени…

  • Центар за развој и промоција ПРОМО ИДЕА – Струмица

    Вкупен буџет: 5.589.950 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 – 31 август 2026 година Специфична тема: Млади Партнери: Конституенти:  Младите во Југоисточниот регион на Република Северна Македонија, поделени во две подгрупи: од 18 до 21 година и од 21 до 29 години, независно од нивниот социоекономски статус, вклучувајќи ученици, студенти, фриленсери,…

  • Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА Неготино

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 –  30 јуни 2026 година Специфична тема: Социјална инклузија Партнери: Конституенти: Семејства и лицата со попреченост, организации на лицата со хендикеп како и лекарските – медицински установи. Засегнатите страни ги опфаќаат лицата со попреченост, старателите, здравствените работници, организациите во заедницата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор