ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА, КОМУНИКАЦИЈА И ЕДУКАЦИЈА НА РОМИТЕ „СВЕТЛА ИДНИНА“ КОЧАНИ
Вкупен буџет: 315.950 МКД
Времетраење: 5 месеци
КОНСТИТУЕНТИ
Прва група конституенти се сите граѓани на ромската заедница во Општина Кочани.
Втора група конституенти се граѓански организации, урбаната заедница, Општина Кочани и Комунално јавно претпријатие.
ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС
Здравата животна средина е наша одговорност – да покажеме на дело
ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА
Прва компонента: зајакнување на свесноста на граѓаните од ромската заедница за активно учество во иницијативи за заштита на животната средина, но и зајакнување на свесноста за поголема одговорност и културно однесување кога во прашање е животната средина.
Втора компонента: градење на соработка со локалните власти и сите други активни чинители во заедницата со цел да се преземаат конкретни мерки кои се насочени кон подобрување на здравата животна средина, нулта толеранција за депонии, посериозен пристап и подобрување на јавните услуги во делот на јавната чистота и здрава животна средина.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел:
Зајакнување на свесноста на ромската заедница и одговорноста кај локалните власти во Општина Кочани за здрава и чиста животна средина на среден и долг период.
Специфична цел/и:
- Зајакнување на свесноста кај граѓаните за правата и обврските за здрава животна средина во нивните заедници и правилно одржување и унапредување на истата;
- Градење капацитети на заедницата за преземање иницијативи и конкретни мерки за подобра животна средина;
- Зајакнување на капацитетите на локалното месно население за активно застапување и градење на партнерства со локалните власти во насока на заедничко делување и подобрена комуникација при решавање на проблемите во делот на животната средина.
РЕЗУЛТАТИ
- Кај граѓаните од Ромската заедница во Општина Кочани се забележува зголемена свесност и интерес за одржување и унапредување на животната средина во заедницата;
- Граѓаните Роми од Општина Кочани покажуваат зголемен интерес за преземање на мерки и акции за чистење и одржување на здравата животна средина во заедницата;
- Граѓаните од ромската заедница во Општина Кочани имаат подобрени капацитети за застапување на заедницата, при што остваруваат активна комуникација, покажуваат интерес за учество на заеднички проекти и иницијативи за проблеми во заедницата;
- Изработка на краткорочен акциски план 2021 – 2023 за заштита на животната средина во ромските заедници во соработка со Општина Кочани и локалното комунално претпријатие.
АКТИВНОСТИ
- Организирање на две едукативни работилници за подигнување на свеста, правата и одговорностите во процесот на заштита и унапредување на животната средина во ромската заедница во Кочани;
- Организирање на една дводневна обука за 20 учесници – граѓани, членови на локални граѓански организации и активисти за заедничко делување на тема: заедничка брза проценка и анализа на групи на интерес;
- Организирање на две еколошки акции со масовно учество на граѓаните од ромската заедница во Кочани, при што ќе учествуваат и претставници од Општина Кичево и комуналното претпријатие со опрема и возила;
- Организирање на две фокус групи по 10 лица (граѓани од ромската заедница, активисти и претставници од локалните власти), за изработка на краткорочен акциски план за животна средина на ромската заедница во Општина Кочани.