|

НВО ЦЕНТАР ЗА ХУМАНИ ОДНОСИ – КРУШЕВО

Вкупенбуџет: 330.000 денари

Времетраење: 15.06.2020 – 15.06.2021

КОНСТИТУЕНТИ

Центар за хумани односи е продолжение на креативните центри кои се формираа на локално ниво.  Логично и конституентите на Центарот за хумани односи се млади кои поминаа низ процесите на граѓанското образование и креативните индустрии уште од своите средношколски денови, составена од професионалци во различни сфери од локалната заедница.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Здружување и јакнење на згрижувачките семејства во општина Крушево – инклузија во заедницата

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Клучни алки во процесот на инклузијата се семјествата (биолошки или згрижувачки) и нивната континуирана едукација на полето на јакнење на нивните индивидуални вештини. Во општина Крушево бројот на згрижувачки семејства од 2005 до денес забележа значителен раст што се должи најмногу на големиот број на повозрасни но и на млади жени кои останаа надвор од пазарот на трудот. Општина Крушево уште таа далечна 2005 го согледа потенцијалот за зголемување на бројот на згрижувачките семејства и преку еден проект на МТИСП опреми една просторија во рамките на детската градинка, за дневен престој на лицата со попречености. Во овој дневен центар се вработија со полно работно време 5 лица и тој Дневен центар  веќе 15 години успешно нуди секојдневна грижа за се поголемиот број на лица од згрижувачките семејства но и од неколку биолошки семејства во Крушево. Со овој дневен центар се олеснува макотрпната секојдневна рутина не само на згрижувачот, но на целото негово семејство околу грижата за лицето со потешкотии во развојот.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Здружување и јакнење на капацитетите на членови од згрижувачките семејства на лицата со потешкотии во развојот во општина Крушево, со нивна едукација и вклучување во процесите на носење одлуки на локално ниво.

Специфични цели:

  1. Едукација и поддршка на згрижувачките семејства во процесот на здружување и бенфитите од здружувањето;
  2. Јакнење на капацитетите индивидуално на секој член и на тимот од згрижувачи за одредување на приоритети на згрижувачките семејства во локалната средина;
  3. Креирање на модули за таканаречен  „работен амбиент“ – поточно симулација на работа во слаткарница, во фризерски салон, при пакување и слично;

РЕЗУЛТАТИ

  • Едуцирани членовите на сите згрижувачки семејства (25) за нивните права и нивна инклузија во сите процеси на локално ниво;
  • Зголемена солидарност внатре во заедницата на згрижувачи;
  • Одредени 3 приоритетни акции кои ќе бида тпредложени за реализација на Советот на општина Крушево и пред градоначалникот;
  • Сензибилирани институции и локална заедница за поголема инклузија на лицата со потешкотии во развојот и нивните згрижувачи.

АКТИВНОСТИ

  1. Посета на членовите на Советот на општина Крушево на Дневниот центар за лица со посебни потреби;
  2. Тридневна едукативна работилница за членовите на згрижувачките семејства за изготвување на предлог приоритети и процесот на нивно вградување во буџетот на општината;
  3. Формирање на тим за мобилност од повозрасните згрижувачи;
  4. Вклучување на двајца згрижувачи во Советот за превенција во општина Крушево;
  5. Подготовка на анкета “Лицата со потешкотии помеѓу нас или со нас„
  6. Осмислување и реализарање на 6 модули за „работните амбиенти“;
  7. Формирање на Фонд за интервентна поддршка на згрижувачките во Буџетот на општина Крушево и во заедницата на згрижувачи;
  8. Организирана посета на театарска представа за деца – Прилеп;
  9. Изработка на видео од сите активности кое ќе биде прикачено на web страната на општина Крушево.

Веб страна

Продолжи со читање

  • Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп

    Вкупен буџет: 5.347.857 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 30 јуни 2026  година Специфична тема: Родова еднаквост Партнери: Конституенти: Проектот е насочен кон различни групи и актери во Пелагонискиот регион, со специфичен фокус на маргинализираните заедници и клучните чинители вклучени во промовирањето на социјалните промени и справувањето со…

  • Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје

    Вкупен буџет: 5.547.802 МКД Специфична тема: Социјална инклузија Период на реализација:  1 јули 2024 – 30 јуни 2026 година Партнери: Конституенти: Жените од маргинализирани заедници во Скопскиот плански регион кои се во поголем ризик од нееднаков третман поради нивна специфична положба или лична карактеристика. Посебен фокус ќе се стави на…

  • ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Образование Партнери: Конституенти: Граѓани, жители на Скопскиот регион; млади од Скопскиот регион; носители на политики за образование, здравство, економски, социјални и политики за млади (МОН, БРО, МЗ, ИЈЗ, МТСП, АВРМ, МФ, МЕ и…

  • Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија Скопје

    Вкупен буџет: 5.500.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Климатски промени/ Животна средина Партнери: Конституенти:  Учениците од 7до 9 одделение од Општинските основни училишта (ООУ) на Скопскиот регион, како идни двигатели во општеството. Учениците и околу 2500 граѓани ќе имаат пристап до корисни печатени…

  • Центар за развој и промоција ПРОМО ИДЕА – Струмица

    Вкупен буџет: 5.589.950 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 – 31 август 2026 година Специфична тема: Млади Партнери: Конституенти:  Младите во Југоисточниот регион на Република Северна Македонија, поделени во две подгрупи: од 18 до 21 година и од 21 до 29 години, независно од нивниот социоекономски статус, вклучувајќи ученици, студенти, фриленсери,…

  • Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА Неготино

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 –  30 јуни 2026 година Специфична тема: Социјална инклузија Партнери: Конституенти: Семејства и лицата со попреченост, организации на лицата со хендикеп како и лекарските – медицински установи. Засегнатите страни ги опфаќаат лицата со попреченост, старателите, здравствените работници, организациите во заедницата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор