|

ХУМАНИТАРНО И ДОБРОТВОРНО ЗДРУЖЕНИЕ НА РОМИ – МЕСЕЧИНА – ГОСТИВАР

Вкупен буџет: 1.782.500 МКД

Времетраење: 18 месеци

КОНСТИТУЕНТИ

Целна група на проектот се лица неевидентирани во матичната книга на родени, граѓанските организации кои се активни по ова прашање, како и надлежните институции во Република Северна Македонија.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

РЕГИСТРИРАЈ СЕ – БИДИ ВИДЛИВ

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Во февруари 2020 година е донесен Закон за неевидентирани лица во матичната книга на родени. Со овој закон се постигнува лицата неевидентирани во матична книга на родени да се евидентираат во посебна матична книга на родени, поради добивање на извод од посебната матична книга на родени и идентификациска исправа.

Во Република Северна Македонија идентификувани се 750 лица од различна возраст и пол, без извод од матична книга на родените. Овие лица се исклучени од општеството, стигматизирани, необразовани и сите имаат потреба од помош во остварувањето на правата која им ја нуди овој Закон

Проектот иницира теренска акција на активисти на граѓанските организации кои работат на прашања поврзани со остварување на правата на Ромите за помош при регистрација врз основа на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени. На лицата кои ќе се стекнат со извод од посебната матична книга на родени и идентификациска исправа врз основа на овој Закон ќе им се даде административна помош за остварување на правата за образование, здравствена заштита, социјална заштита и вработување со задолжително социјално осигурување согласно Законот.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Придонес кон општествено опкружување за остварување на човековите права, владеење на правото, правична општествена, економска и социјална инклузија во Република Северна Македонија.

Специфична цел/и:

  1. Подобрување на општественото опкружување и соодветно имплементирање на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени;
  2.  Создавање на силно посветени конституенти од граѓанските организации за помош и граѓански ангажман за општествено вклучување на неевидентирани лица во матичната книга на родени.

РЕЗУЛТАТИ

  • Социјално одговорно општествено опкружување кое е посветено во остарување на правата на неевидентирани лица во матичната книга на родени;
  •  Граѓански придонес во креирање на услови за остварување на човековите права и владеење на правото преку развиен механизам за соработка, помош и посветеност за општествено вклучување на лицата не евидентирани во матична книга на родени;
  •  Општествено вклучени лица кои биле нерегистрирани во матичната книга на родени.

АКТИВНОСТИ

  1. Работни средби со претставници на институции и граѓански организации кои работат на прашања поврзани со Роми;
  2. Работилница за креирање Акциски план;
  3. Формирање тим и обука за административна  помош и информирање;
  4. Административна помош за регистрација и информирање на лицата неевидентирани во матичната книга на родени;
  5. Информативни средби во заедницата за активно учество во процесите за социјална инклузија.

Веб страна

Продолжи со читање

  • Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп

    Вкупен буџет: 5.347.857 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 30 јуни 2026  година Специфична тема: Родова еднаквост Партнери: Конституенти: Проектот е насочен кон различни групи и актери во Пелагонискиот регион, со специфичен фокус на маргинализираните заедници и клучните чинители вклучени во промовирањето на социјалните промени и справувањето со…

  • Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје

    Вкупен буџет: 5.547.802 МКД Специфична тема: Социјална инклузија Период на реализација:  1 јули 2024 – 30 јуни 2026 година Партнери: Конституенти: Жените од маргинализирани заедници во Скопскиот плански регион кои се во поголем ризик од нееднаков третман поради нивна специфична положба или лична карактеристика. Посебен фокус ќе се стави на…

  • ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Образование Партнери: Конституенти: Граѓани, жители на Скопскиот регион; млади од Скопскиот регион; носители на политики за образование, здравство, економски, социјални и политики за млади (МОН, БРО, МЗ, ИЈЗ, МТСП, АВРМ, МФ, МЕ и…

  • Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија Скопје

    Вкупен буџет: 5.500.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Климатски промени/ Животна средина Партнери: Конституенти:  Учениците од 7до 9 одделение од Општинските основни училишта (ООУ) на Скопскиот регион, како идни двигатели во општеството. Учениците и околу 2500 граѓани ќе имаат пристап до корисни печатени…

  • Центар за развој и промоција ПРОМО ИДЕА – Струмица

    Вкупен буџет: 5.589.950 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 – 31 август 2026 година Специфична тема: Млади Партнери: Конституенти:  Младите во Југоисточниот регион на Република Северна Македонија, поделени во две подгрупи: од 18 до 21 година и од 21 до 29 години, независно од нивниот социоекономски статус, вклучувајќи ученици, студенти, фриленсери,…

  • Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА Неготино

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 –  30 јуни 2026 година Специфична тема: Социјална инклузија Партнери: Конституенти: Семејства и лицата со попреченост, организации на лицата со хендикеп како и лекарските – медицински установи. Засегнатите страни ги опфаќаат лицата со попреченост, старателите, здравствените работници, организациите во заедницата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор