|

ЕКОЛОШКО ДРУШТВО ЗДРАВЕЦ 2002

Вкупен буџет: 300.000 МКД

Времетраење: 01.12.2020 – 30.11.2021 (12 месеци)

КОНСТИТУЕНТИ

Еколошкото друштво „Здравец 2002“ е основано во 2002 година како еколошкото друштво за заштита на животната средина на територијата на општина Македонска Каменица, каде како главен загадувач се јавува рудникот Саса кој се наога во подножието на Осоговските Планини.

Еколошкото друштво „Здравец 2002“ дејствува на територијата на општина Македонска Каменица и се залага за заштита на животната средина, градење на правилен однос на човекот кон својата околина и природна средина, едукација и јакнење на јавната свест. 

Со цел заштита и унапредување на состојбите на сите чинители на квалитетен живот, еколошкото друштвото соработува со граѓани и организации од локално, регионално, државно и меѓународно ниво.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Мониторинг на Каменичка Река

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Вршење на контрола на испуштање на тешки метали и други примеси во Каменичка Река од страна на рудник Саса. На ден 14.09.2020 година се случи еколошка катстрофа кога од јаловиштето број 4 истече 3.000 м3 јаловина во Каменичка Река каде се влева во Калиманско Езеро. Со самото истекување на јаловината се уништи флората и фауната која постепено закрепнуваше од претходната штета што се случи на 09.01.2019 година каде пукна цевка за довод на јаловина во јаловиште 3 и сета јаловина која доаѓа од флотација истече во водите на Каменичка Река. Првата еколошка катастрофа беше на 30.08.2008 година кога во водите на Каменичка Река истекоа 700.000 м3 јаловина во Калиманско Езеро која и ден денес не е исчистена.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Мониторинг на Каменичка Река и испитување на присуство на тешки метали и други примеси во водата до дозволенте граници според МКД.

Специфична цел: Штетното влијание на тешките метали и други примеси со испуштање на јаловината во речното корито на Каменичка Река кое дејстува штетно врз животинскиот и растителниот свет, а особено врз луѓето кои живееат покрај течението на реката.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Исчистена Каменичака Река за 12 месеци од вршењето мониторингот од тешки метали и други примеси и враќање на Каменичка Река во нормалата до дозволените граници на загадување според МКД.

АКТИВНОСТИ

  1. Состанок со Општината и Рудник Саса и известување дека ЕД „Здравец 2002“ ќе прави мониторинг на Каменичка Река во траење од 12 месеци додека да се врати Каменичка Река во првобитната состојба.
  2. Состанок со НВО, Спортски друштва и граѓаните на општина Македонскиа Каменица и информирање за спроведување на активности за мониторинг на Каменичка Река.
  3. Отварање линија Зелен Телефон каде граѓаните може да го информираат ЕД Здравец 2002 во секое време за загадување на водите на Каменичка Река.
  4. Формирање на Еко патроли за контролирање на Каменичка Река од загадување и фотографирање од лице место.
  5. 12 месеци земање на мостра од водите на Каменичка Река.
  6. Мострите ќе се носат во акредитирана лабараторија за присуство на тешки метали и други примеси во водите според МКД табелата.
  7. Водење на документација за добиените резултати од акредитираната лабараторија.
  8. Објавување на резултати од мерењето на веб страната на еколошкото друштво.
  9. Завршна конференција и презентирање на резултатите од мерењето на тешки метали и други примеси.
  10. Печатење на брошура со резултати од извршените мерења од мониторингот на Каменичка Река.
  11. Доставување барање од страна на ЕД „Здравец 2002“до Совет на општина Македонска Каменица за усвојување да продолжи мониторингот на Каменичка Река по завршување на проектот.

Веб страна

Продолжи со читање

  • Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп

    Вкупен буџет: 5.347.857 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 30 јуни 2026  година Специфична тема: Родова еднаквост Партнери: Конституенти: Проектот е насочен кон различни групи и актери во Пелагонискиот регион, со специфичен фокус на маргинализираните заедници и клучните чинители вклучени во промовирањето на социјалните промени и справувањето со…

  • Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје

    Вкупен буџет: 5.547.802 МКД Специфична тема: Социјална инклузија Период на реализација:  1 јули 2024 – 30 јуни 2026 година Партнери: Конституенти: Жените од маргинализирани заедници во Скопскиот плански регион кои се во поголем ризик од нееднаков третман поради нивна специфична положба или лична карактеристика. Посебен фокус ќе се стави на…

  • ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Образование Партнери: Конституенти: Граѓани, жители на Скопскиот регион; млади од Скопскиот регион; носители на политики за образование, здравство, економски, социјални и политики за млади (МОН, БРО, МЗ, ИЈЗ, МТСП, АВРМ, МФ, МЕ и…

  • Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија Скопје

    Вкупен буџет: 5.500.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Климатски промени/ Животна средина Партнери: Конституенти:  Учениците од 7до 9 одделение од Општинските основни училишта (ООУ) на Скопскиот регион, како идни двигатели во општеството. Учениците и околу 2500 граѓани ќе имаат пристап до корисни печатени…

  • Центар за развој и промоција ПРОМО ИДЕА – Струмица

    Вкупен буџет: 5.589.950 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 – 31 август 2026 година Специфична тема: Млади Партнери: Конституенти:  Младите во Југоисточниот регион на Република Северна Македонија, поделени во две подгрупи: од 18 до 21 година и од 21 до 29 години, независно од нивниот социоекономски статус, вклучувајќи ученици, студенти, фриленсери,…

  • Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА Неготино

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 –  30 јуни 2026 година Специфична тема: Социјална инклузија Партнери: Конституенти: Семејства и лицата со попреченост, организации на лицата со хендикеп како и лекарските – медицински установи. Засегнатите страни ги опфаќаат лицата со попреченост, старателите, здравствените работници, организациите во заедницата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор