Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](4)

Здружение на еколози „Натура“ – Струга

Вкупен буџет: 2.848.300 денари

Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци)

Специфична тема: Зелени иницијативи

Партнери:

Извиднички одред „Мирко Милески“ – Кичево

Конституенти: 

Граѓани од Југозападниот регион (Струга, Охрид, Вевчани, Дебар и Кичево); млади лица; жени; ученици и наставници; граѓански организации; локални власти и општински администрации; образовни институции; медиуми; локални заедници; волонтери и активисти за животна средина.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападен регион

ОПИС НА АКЦИЈАТА

Акцијата предвидува воспоставување регионална граѓанска мрежа за мониторинг на квалитетот на воздухот преку поставување нискобуџетни мерни инструменти во пет општини од Југозападниот регион. Проектот вклучува обуки за граѓани, млади и волонтери за користење и интерпретација на податоците, јавни настани и дијалози со општините, како и активности за споделување и јавно објавување на податоците. Преку овие активности се поттикнува активно граѓанско учество и институционална соработка за подобрување на локалните политики за квалитет на воздухот.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Подобрување на управувањето со квалитетот на воздухот преку зголемено граѓанско учество, пристап до податоци и соработка со општините во Југозападниот регион.

Специфична цел:

  • Воспоставување на мрежа од најмалку 30 граѓански инструменти за мерење на квалитетот на воздухот во пет општини
  • Зголемување на учеството на граѓаните во мониторингот и донесувањето одлуки поврзани со квалитетот на воздухот
  • Зајакнување на соработката меѓу граѓаните, граѓанските организации и локалните власти во управувањето со квалитетот на воздухот

 РЕЗУЛТАТИ

  1. Воспоставена мрежа на граѓански инструменти за мерење на квалитетот на воздухот
  2. Зајакнати капацитети на 100 граѓани, наставници и млади активисти
  3. Воспоставен функционален дијалог и соработка меѓу граѓаните и општините

АКТИВНОСТИ

  1. Мапирање и избор на локации за поставување инструменти
  2. Координација со општините
  3. Набавка, поставување и поврзување на инструментите на www.klimerko.org платформата
  4. Спроведување на инфо-кампања за подигање на јавната свест
  5. Развивање програма и прирачник за обуки
  6. Спроведување обуки
  7. Формирање на мали групи на „еко-набљудувачи“, (граѓани, наставници, ученици и НВО) во секоја општина
  8. Формирање Регионален совет за воздух
  9. Организирање на јавни форуми во сите 5 општини
  10. Заеднички препораки и планови
  11. Регионална конференција

ВЕБ СТРАНИЦА

https://natyra.org.mk/

Продолжи со читање

  • Локалните медиуми и етичките стандарди во фокусот на средбата во Куманово

    Во организација на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), на 25 март во Куманово се одржа консултативна средба со новинари и уредници од регионалниот центар, на која во фокусот беа измените на Кодексот на новинарите и состојбите во локалните медиуми. …

  • Новинарите од Битола и Прилеп дебатираа за новите етички стандарди во новинарската професија

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) на 17 март 2026 година во Битола одржа консултативна средба со новинари и уредници од регионалниот центар, во рамки на процесот за финализирање на новиот текст на Кодексот на новинарите. Средбата ја отвори Жанета …

  • Работен состанок на редакцијата на Локал Актив Пелагонија во Прилеп

    Советот за етика во медиумите на Македонија учествуваше на состанок на редакцијата на медиумот на заедницата Локал Актив Пелагонија, во Прилеп, организиран од Институтот РЕСИС.  На средбата што се одржа на 17 февруари учествуваа новин… Повеќе… “Работен состанок на редакцијата на Локал Актив Пелагонија во Прилеп”
    Source

  • Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ)

    Вкупен буџет: 3.240.057 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.10.2026 (10 месеци) Специфична тема: Борба против корупција и истражувачко новинарство Партнери: Македонски институт за медиуми (МИМ) Конституенти:  Новинари и уредници од локални, приватни и национални медиуми Новинари и уредници од Македонската радио телевизија (МРТ) Медиумски професионалци и медиумски организации Граѓани како корисници…

  • Зелен институт – Скопје

    Вкупен буџет: 2.999.983 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Здружение на сопственици на приватни шуми – Берово Конституенти:  Граѓани; земјоделци; сопственици на приватни шуми; локални заедници; граѓански организации; локални власти и јавни институции; образовни институции; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Нула биоотпад: Системски…

  • РЕСИС – Скопје

    Вкупен буџет: 3.000.000 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: ОВОЗМОЖУВАЧКА ОКОЛИНА ЗА РАЗВОЈ НА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО Партнери: Совет за етика во медиумите во Македонија – СЕММ Конституенти:  Граѓански организации и неформални групи кои работат на теми поврзани со општествен развој и јавни политики, активни граѓани, млади и…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор