Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Одржана средба на платформата за еколошка правда

    На 28 мај 2026 година, во Македонската академија на науките и уметностите во Скопје, Платформата за еколошка правда одржа средба посветена на актуелни прашања поврзани со животната средина, комуникацијата и судската практика. Во рамки на настанот, м-р Моника Аксентиевска од Институтот за комуникациски студии имаше излагање на тема „Комуникацијата како двигател за промени во заедницата […]

  • Почеток на системот за селекција подготовка и селективно собирање на био отпад за компостирање во компостари во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“

    На 26.05.2026 год. започнавме со селекција, подготовка, селективно собирање на органски отпад од страна на учениците и граѓаните со цел тој да се употреби во училишните компостари кои ги поседуваат училиштата, и добивање на компост. Првото училиште со кое ја започнавме оваа активност е ООУ „Јан Амос Коменски″ од општина Карпош. Во наредниот период продолжуваме и со други училишта.
    Граѓаните и учениците во претходниот период селектираа и собираа био отпад со цел тој денес да се стави во компостарите. На овој начин граѓаните и учениците го поттикнуваат и применуваат принципот за циркуларна економија. Учениците кои беа обучени и добија знаење во склоп на активностите ќе ги пренсеуваат своите стекнати знаења за селекција, подготовка, чување, селективно собирање и предавање на био-отпадот за понатамошно постапување, до своите најблиски (родители и роднини) и до поблиското соседство. На тој начин ќе придонесат повеќе домаќинства, да се запознаат со начините на селекција, подготовка, чување и селективно собирање на органскиот отпад, со цел негово искористување во био-технолошка лабораторија и/или биокомпостара. Училиштето замоли во селекцијата и собирањето на отпадот да учествуваат и неколку локални ресторани кои генерираат био отпад. Оваа активност ја вршиме со поддршка на Општина Карпош која го поддржува системот за селекција на органски отпад и негово компостирање во компостарите во училиштата.
    Само преку соработка помеѓу институциите, граѓанските организации, училиштата и граѓаните можеме да создадеме одржливи решенија за предизвиците со кои се соочуваме.
     
    Оваа активност се остварува во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија, з
    Проектот е подржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    #CivicaMobilitass, #CHinMK, Цивика мобилитас (civicamobilitas.mk)

  • Шарен велосипедски свет: креативна работилница и донација на велосипедски паркинзи во ООУ „Петар Поп Арсов“

    Минатата недела во ООУ „Петар Поп Арсов“ се одржа креативната работилница за декорација и донација на велосипедски паркинзи „Шарен велосипедски свет“, во организација и како донација од Еко Логик. На работилницата учествуваа 55 дечиња од второ одделение, кои преку игра и креативна практична работа имаа можност да се запознаат со основните принципи на реупотреба и […]

  • Кога децата создаваат промена: Вело-Буре паркинзите како приказна за креативност, реупотреба и одржлива мобилност

    На 21.05.2026, во рамки на Денот без автомобили организиран од Вело Училишта / Car Free Day by Velo School, oрганизиравме креативна работилница што го претвори училишниот двор во простор исполнет со боја, идеи и детска енергија. Повеќе од 100 дечиња учествуваа во активности за декорација, кроење и лепење со користени и отпадни велосипедски гуми. Преку […]

  • Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“ испрати силна порака за младинско учество, доверба и иднина во Македонија

    Над 200 млади ја поддржаа Декларацијата за инклузивно владеење и градење мир Над 200 млади од различни градови, заедници и организации минатата недела во Скопје […]

  • Активност за плевење и уредување на насадот со лаванда

    Со многу посветеност, труд и тимска работа деновиве се реализираше активност за плевење и уредување на насадот со лаванда, кој е дел од социјалното претприемништво на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес. Лавандата е едно од најмиризливите и најлековити органски билки кои ги одгледуваме со…

  • Презентација на конференција од UN Women

    Денес учествувавме на конференцијата „Трансформација на системите за грижа во Северна Македонија преку инклузивен, родово-одговорен пристап“, организирана од UN Women Skopje, во партнерство со институциите и со поддршка на British Embassy Skopje. Во фокусот беше студијата „Трансформација на системите за грижа во Северна Македонија: Род, потреби за грижа и модели на финансирање за инклузивна економија […]
    The post Презентација на конференција од UN Women first appeared on Finance Think.
    The post Презентација на конференција од UN Women appeared first on Finance Think.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор