[Aggregator] Downloaded image for imported item #50033

Креативноста нe обединува – заедно создаваме можности!

 Креативноста повторно не обедини! Во рамки на проектот „Заедно сме посилни 2“, кој го имплементираме со поддршка од Фондација Kvinna Till Kvinna, реализиравме работилница за шиење, кроење и украсување на ташни, на која учествуваа лица со попреченост од Општина Градско и корисници на социјалните услуги од ПОРАКА Неготино.
 Овојпат реализиравме инспиративна работилница за шиење, кроење и украсување на ташни, која обедини учесници од различни средини во Вардарскиот Плански Регион. На работилницата учествуваа лица со попреченост од Општина Градско, како и корисници на социјалните услуги на ПОРАКА Неготино, кои преку заедничка работа, дружење и размена на идеи создадоа уникатни рачни изработки.
 Низ практичен и интерактивен процес, учесниците ги украсија своите ташни.
 Со поддршка од ментор, тие се запознаа со различни техники на изработка и декорирање, а секој имаше можност својата креативност да ја претвори во уникатен производ.
 Работилницата беше повеќе од креативна активност, таа беше простор за дружење, меѓусебна поддршка, стекнување нови вештини и градење самодоверба.
 Преку оваа работилница учесниците:
 стекнаа основни вештини за кроење и шиење;
 научија техники за украсување и персонализација на ташни;
 работеа со различни материјали и алати;
 ги развиваа своите фини моторни вештини и креативност;
 ја зајакнаа самодовербата и чувството на личен успех.
 Заедно создаваме можности, поттикнуваме инклузија и покажуваме дека креативноста е јазик што ги поврзува сите.

The post Креативноста нe обединува – заедно создаваме можности! appeared first on Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености Велес

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор