[Aggregator] Downloaded image for imported item #50035

Заедно учиме и создаваме: нови знаења и вештини преку органски лековити билки

 Продолжуваме со успешно реализирање на активностите во рамки на проектот „Заедно сме посилни 2“, кој го имплементираме со поддршка од Фондација Kvinna Till Kvinna. Во оваа работилница учествуваа лица со попреченост
од Вардарскиот Плански Регион, односно корисници од Општина Градско и корисници на социјалните услуги од ПОРАКА Неготино.
 Успешно се одржа уште една од низата работилници за органски лековити билки и изработка на природни производи.
 Под водство на ментор, учесниците се запознаа со својствата и придобивките од неколку лековити билки како рузмарин, жалфија, невен и лаванда.
 Преку практичен пристап, чекор по чекор им беа објаснети постапките, од подготовка и обработка на билките, нивно сушење и правилно чување, до комбинирање и изработка на различни природни производи.
 Учесниците активно учествуваа во процесот на подготовка, изработка и пакување на производите, следејќи ги сите чекори заедно со менторот. Овој практичен и едукативен пристап им овозможи да стекнат нови знаења, да ги развијат своите вештини и да бидат дел од целиот процес.
На овие сесии, учесниците имаа можност:
✔ да се запознаат со основите на користење на органски лековити билки
✔ да научат чекор по чекор како се подготвуваат и пакуваат природни производи
✔ да ги истражат својствата на рузмарин, жалфија, невен и лаванда
✔ активно да учествуваат во процесот на изработка и пакување
✔ да ја развијат својата креативност и фини моторни вештини
✔ да стекнат чувство на постигнување и самодоверба

The post Заедно учиме и создаваме: нови знаења и вештини преку органски лековити билки appeared first on Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености Велес

Продолжи со читање

  • МОТ усвои прва меѓународна конвенција за достоинствена работа во платформската економија

    Меѓународната организација на трудот (МОТ) ја усвои Конвенцијата бр. 193 за достоинствена работа во платформската економија, првиот меѓународен трудов стандард посветен на работата преку дигитални платформи. Конвенцијата беше усвоена на 12 јуни 2026 година, на 114-тата сесија на Меѓународната конференција на трудот во Женева. Новата Конвенција одговара на брзите промени…

  • Нова глобална база на политики и закони за јавни услуги, грижа и правично јавно финансирање

    Global Initiative for Economic, Social and Cultural Rights (GI-ESCR) ја објави новата Global Repository of Promising Policies and Laws – глобална база која на едно место обединува примери на политики и закони насочени кон унапредување на јавните услуги, системите за грижа и поправедното јавно финансирање. Базата е создадена за да…

  • Скринингот заврши. Добро е да имаме план за постапување по него

    Поминаа речиси четири години од почетокот на скринингот и повеќе од две и пол години од неговото завршување во декември 2023 година. Европската комисија во меѓувреме ги објави скрининг-извештаите за сите шест преговарачки кластери. Со нив Република Северна Македонија доби детална дијагноза и домашна задача за степенот на усогласеност со правото и стандардите на Европската […]
    The post Скринингот заврши. Добро е да имаме план за постапување по него appeared first on IDSCS.

  • Соопштение за медиуми – Герила акција: Чекална – симбол на корупцијата во здравството

    Чекална која ги симболизира најчестите форми корупција во здравството утринава беше поставена на скверот помеѓу булеварот Партизански одреди и улицата Ленинова. Станува збор за „герила“ акција чија цел е преку уметничка инсталација во просторот, директно да ги соочи граѓаните и надлежните институции со коруптивните практики во системот на јавното здравство….

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор