Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Еко Логик на EntreComp Project Incubator во Рим

    Date:
    17/04/2025

    Еко Логик учествуваше на EntreComp Project Incubator, кој се одржа од 13 до 17 април 2025 година во Рим, Италија. Овој настан беше дел од Youth@Work партнерството и беше организиран од Италијанската Национална агенција за Еразмус+, со поддршка од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од Македонија. Во текот на оваа енергична недела, […]

    Еко Логик учествуваше на EntreComp Project Incubator, кој се одржа од 13 до 17 април 2025 година во Рим, Италија.Овој настан беше дел од Youth@Work партнерството и беше организиран од Италијанската Национална агенција за Еразмус+, со поддршка од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност од Македонија.Во текот на оваа енергична недела, учесниците од цела Европа имаа можност да учествуваат во динамични активности, како што се тим билдинг, запознавање со EntreComp Рамката, користење на Scaffold карти за дизајнирање проекти и инспирација од наградени иницијативи.Учесниците ги претставија своите проектни идеи и се поврзаа со Сервал Искендер од TOBB Брисел, што создаде мост помеѓу младинското претприемништво и европските институции.Целото искуство беше водено и збогатено од фантастичниот тим:Мониа Изабела Вишњевска и Ајтач Узунлас – тренери на Youth@Work
    Ралуца Дироецу – координатор на Youth@Work
    Анна Вилани и Лука Пиноко – Италијанска Национална агенција за Еразмус+Со нетрпение ги очекуваме резултатите од новите идеи и поврзувања кои ќе се претворат во конкретни акции!Дознајте повеќе за проектот тука: Youth@Work Partnership

    OTHER Activities Events News

    Со огромно задоволство ве покануваме на настан преку кој ќе се одбележи успешната соработка помеѓу наставници и ученици, кои заедно создадоа значајни едукативни материјали, интегрирајќи теми од уметност, технологија, природни и општествени науки. Овој настан ќе биде вистинска инспирација за вашиот професионален развој. На него ќе бидат претставени: Ако не сте во можност да присуствувате […]
    Read more

    Еко Логик, во соработка со Национален Парк Галичица, организираше едукативна работилница за промоција на прирачникот H4U. Настанот беше отворен за сите и привлече учесници на возраст од 4 до 90 години, кои заедно учествуваа во низа едукативни и забавни игри. Целта на оваа работилница беше на пристапен начин, преку интерактивни активности, да се доближат темите […]
    Read more

    Во рамки на проектот H4U , тимот на Еко Логик имаше можност да го презентира новиот едукативен прирачник пред учениците од 9-то одделение во ООУ „Тодор Ангелевски“ во Битола. Овој настан претставуваше одлична можност да ги запознаеме учениците со значењето на природните живеалишта и биодиверзитетот, преку интерактивни и креативни активности кои се во согласност со […]
    Read more

    Во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, во партнерство со Еко Логик и Флорозон Центар за еколошка демократија, на 10 април, во средата, се реализираше едукативна работилница во Биотехнолошката лабораторија. Работилницата, која беше организирана […]
    Read more

    Во свет каде што одржливоста станува сè поважна, Eco Logic со гордост е дел од проектот „Тренери за одржливост“ – кофинансиран од програмата Еразмус+. Во партнерство со организации од Германија (WNB e.V.), Италија (CSCI Novara) и Кипар (Synthesis), работиме на развој на иновативни образовни материјали и алатки кои ќе ги поттикнат идните генерации да станат […]
    Read more

    Со задоволство ви го претставуваме сетот алатки за одржливост, создаден во рамките на ГЕА проектот, во соработка со нашите партнери од Италија, Белгија, Германија, Литванија и Грција. Овој сет претставува вреден ресурс за сите кои сакаат да го продлабочат своето знаење за животната средина, граѓанската наука и одржливите начини на живеење. 🔗 Истражете го сетот […]
    Read more

  • Кои се начините за ефикасна борба против говорот на омраза

    Говорот на омраза како малигна општествена појава е постојано присутен во јавниот дискурс во Република Северна Македонија. Постојаното видоизменување на оваа појава и проникнувањето во различните сфери од општествениот живот бараат адекватно приспособување на правниот систем, но и на реакциите од страна на институциите.
    Хелсиншкиот комитет за човекови права во рамки на проектот „Борба против говорот на омраза во Република Северна Македонија“ поддржан од  Советот на Европа, на 16 април , во Скопје, организираше панел дискусија за актуелната состојба со говорот на омраза во Северна Македонија. Модераторка на дискусијата беше адвокатката  Бојана Неткова.
    Марија Андреева, проектна раководителка во Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, рече дека борбата против говорот на омраза и нетолераницијата се остварува во партнерство со граѓанските организации и другите здруженија, како и во соработка и поддршка на надлежните институции. Препораката на  Комитетот на министри за борба против говор на омраза, усвоена во 2022 година е клучен документ кој  ги повикува владите да развиваат сеопфатни стратегии за спречување и борба против говорот на омраза. Притоа се издвојуваат неколку пристапи: соодветна правна рамка, собирањето на податоци и подигнувањето на свеста, а ова е можно со градење на квалитетна соработка на сите засегнати страни во општеството.
    Билјана Георгиевска, извршна директорка на  Советот за етика во медиумите, рече дека од вкупно 86 жалби до Советот во 2024 година, 4 се однесувале на говор на омраза. Но нивниот број зависи од препознавањето на прекрушувањето. Најголем број на прекршители, кога станува збор за говорот на омраза во медиумската сфера, се онлајн медиумите, поточно нивниот однос кон коментарите на нивните профили на социјалните мрежи. Тие одбиваат да ги модерираат коментарите на нивните содржини со изговор дека немаат доволно ресурси. Георгиевска нагласи дека жалбите за говор на омраза доаѓаат главно од невладините организации кои се најактивни во овој дел. Подобрување на состојбите можно е само со соработка меѓу институциите, а недоволната соработка доведува до нерешавање на случаите на говор на омраза.
    Славица Анастасовска, правна советничка во Хелсиншкиот комитет за човекови права, ги претстави податоците од минатата година за случаите на говор на омраза, при што се покажува дека се повторуваат вкоренетите предрасуди. Регистрирани се вкупно 1590 случаи во периодот од 1 јануари 2024 до 31 март 2025 година, од кои најголемиот број се однесуваат на говор на омраза врз основа на етничка или национална припадност, а по нив следува сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Хелсиншкиот комитет за овој период  иницирал вкупно 10 постапки и тоа пет до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи, една до Секторот за економски и компјутерски криминал при Сектор за внатрешни работи Скопје,  две до Основното јавно обвинителство во Скопје, една до Комисијата за спречување и заштита од дискриминацијa.  За ниту една постапка која е инцирана пред органите на прогонот до овој момент нема јавно обвинителска одлука.
    Подигнувањето на општествената свест во борбата против говорот на омраза се недоволни без јасна и сеопфатна законска рамка и ефикасна имплементација од страна на институтциите, беше кажано на дискусијата.

  • Eco-Panel discussion on environmental topics

    One inspiring initiative emerged from a discussion on global environmental issues, sparked by a high school student. The project was called Eco-Journey. Its first major activity was an engaging Eco-Panel discussion on environmental topics.

    Our panelists were Frosina Pandurska Dramikjanin, Merita Maksuti, Tamara Radovanovikj Angjelovska, and Kiril Arsovski Przo and they shared valuable insights and provided us with essential information about global environmental challenges. They emphasized the importance of environmental literacy and activism, leaving us both informed and inspired.

    We are truly grateful for their contribution. It was an honor and a pleasure to host this event and welcome such esteemed guests to our school.

  • Работилница на тема дигитални права и слободи

    Вчера, 14-ти април, 2025 година, Платформата за одржлив развој „Лице в лице“, во соработка со „Рурална коалиција“ во просториите на Правен факултет – Кичево, Универзитет “Св. Климент Охридски” – Битола одржа работилница посветена на едно од важните прашања во современото живеење и општество – дигиталните права и слободи Оваа средба…

  • Завршен тридневниот регионален настан на СЕЛДИ: Поттикнување промени: Антикорупциско застапување и влијание врз политики

    Со силна енергија, инспиративни дискусии и практична размена на знаења, МЦМС, во име на СЕЛДИ мрежата, успешно го реализираше тридневниот настан „Поттикнување промени: Антикорупциско застапување и влијание врз политики“. Настанот се одржа од 14 до 16 април 2025 година во Скопје, обединувајќи над 30 претставници од граѓански организации, добитници на мали грантови од СЕЛДИ програмата и претставници на сите партнерски организции на СЕЛДИ од сите шест земји од Западен Балкан и Бугарија.

    Програмата започна со сесии посветени на јакнење на практичните вештини на граѓанските организации – од ефективна комуникација со медиуми, преку градење партнерства и мрежи, до стратегии за мобилизација на ресурси, застапување и влијание врз јавни политики. Воедно, учесниците имаа можност накратко да ги претстават своите организации и да ја споделат целта на проектите што ги спроведуваат во рамки на СЕЛДИ програмата за мали грантови. Ова им овозможи подобро да се запознаат со работата на колегите од регионот и да почнат да размислуваат за можни поврзувања, синергии и идни можности за заедничка соработка.

    Вториот ден го одбележа Средбата на високо ниво „Иновации против нелегалната моќ“, каде се дискутираше за системските предизвици на корупцијата во регионот. Институции, експерти и претставници на граѓанскиот сектор ги адресираа прашањата за политичката волја, заробеноста на државите, и потребата од поактивна вклученост на граѓаните. Се нагласи дека во време на политички и економски несигурности, здруженото делување е клучно за градење општества отпорни на корупција. Поврзувајќи ги локалните антикорупциски иницијативи со глобалните и регионалните политички процеси, настанот им овозможи на партнерите и грантистите на СЕЛДИ да стекнат стратешки увиди за да го засилат своето влијание.

    Дополнително, граѓанските организации имаа можност да ги согледаат глобалните антикорупциски трендови, променливите донаторски стратегии и импликациите од геополитичките промени, вклучително и процесот на пристапување во ЕУ.Третиот ден беше резервиран за запознавање со методологиите што СЕЛДИ ги користи за проценка на корупцијата и состојбата на заробеност на државите, како и да добијат конкретни насоки и совети за подготовка на влијателни документи за јавни политики. На оваа сесија учесниците дискутираа и за тоа како истражувањето и фактите можат да прераснат во конкретни реформи и да придонесат во напорите за справување со корупцијата.

    Во текот на овие три дена присутните имаа можност не само да учат, туку и да разменат искуства и добри практики, поставувајќи темели на една нова платформа на организации кои ги споделуваат истите вредности и кои со својата експертиза и соработка ќе придонесат кон посилен, поотчетен и поотпорен регион. Настанот претставуваше и вистинска можност за градење нови партнерства, регионални соработки и синергии кои ќе продолжат да ја движат борбата против корупцијата и по завршувањето на проектите.

    Следно >

    Поврзани:

  • Магдалена Илиевска е добитничка на „МОФ награда за медиумска извонредност кај младите“

    Магдалена Илиевска со својот труд именуван „Културен мозаик на вредности“ е победничка на јавниот повик на Младински образовен форум за „МОФ награда за медиумска извонредност кај младите“.
    Повикот беше дел од проектот „Младите во Западен Балкан – Виртуелна разгледница“, на кој можеа да учествуваат млади од 15 до 30 години од Македонија кои активно се занимаваат со медиуми, новинарство или медиумска писменост.
    Учесниците на повикот можеа да изберат тема за улогата на младите на Западен Балкан, за иновативен приста кон медиумската писменост и дигиталниот активизам, или тема за интеркултурен дијалог. Трудовите можеа да бидат во било кој мулдимедијален формат – подкаст, есеј, напис, мим, видео, фотографија или кој било друг форма.

    Во продолжение, прочитајте го победничкиот труд на Магдалена Илиевска:
    Културен мозаик на вредностиЕден од главните предизвици со кои се соочуваат сите земји од светот, а посебно земјите од Западен Балкан е мултикултурализмот. Мултикултурализмот претставува постоење на повеќе култури на еден простор, при што ниедна од нив не е доминантна, туку сите од нив се прифатени и се потпираат една на друга со цел да си овозможат заедничка егзистенција. Поимот мултикултурализам се поистоветува со поимот демократија, бидејќи идејата за демократија потекнува од два клучни принципи: индивидуална автономија и еднаквост (рамноправност). Мултикултурализмот во себе вклучува и меѓукултурен дијалог. Меѓукултурен дијалог означува отворена размена на мислења помеѓу поедницни и групи со различно етничко, културно, јазично или верско потекло, врз основа на заемно почитување. Меѓукултурниот дијалог претставува моќно средство за надминување на конфликтите, стереотипите и поттикнување за водење на дијалог и ислушување на другите, кои се од различни култури, верски заедници и сл. Со постоењето на мултикултирализам и меѓукултурен дијалог се негуваат човековите права и владеење на правото. Ричардсон и Фоуерс мултикултурализмот го дефинирале како социјално-интелектуално движење, кое сфаќајќи ја различноста како основна карактеристика и основен принцип за изразување на сопствениот идентитет, поставува барање за рамноправност меѓу сите културни групи.
    Република Северна Македонија од секогаш била мултикултурно општество. На нејзина територија живееле и живеат: Македонци, Срби, Албанци, Бошњаци, Власи и др. Тоа претставува потенцијал, предизвик и мозаик за развој на нашата држава и општеството, кој може да претставува пример за соживот на соседните држави. Иако Уставот на Република Северна Македонија им гарантира права и слободи на сите граѓани, како и заштита на националните малцинства, еден од клучните правни акти за внатрешното уредување на малцинските права во Република Северна Македонија е Охридскиот рамковен договор, склучен на 13 август 2001 година, во текот на ескалацијата на насилствата помеѓу етнички албанската ОНА и македонските вооружени сили во Конфликтот од 2001. Истиот бил потпишан од најголемите политички претставници од тоа време и специјални претставници на ЕУ и САД.  Со него се гарантира дека мултиетничкиот карактер на македонското општество мора да се сочува и да најде свој одраз во јавниот живот. Овој договор го промовира мирот и хармоничниот развој на едно современо општество, почитувајќи го етничниот идентитет на сите граѓани. И покрај тоа што со склучувањето на Охридскиот рамковен договор, Република Северна Македонија стана мултикултурна држава, најголем дел од истражувањата покажуваат меѓуетничка поделеност и предрасуди.
    Најголеми етнички стереотипи се присутни кај младите од сите националности. Следстено на тоа може да се каже дека иако Република Северна Македонија се промовира како мултикултурна држава, далеку сме од тоа. Се’ уште го немаме искористено и достигнато  целукопниот потенцијал за градење на едно општество за сите. Општество каде што ќе владее толеранцијата, како главен предуслов и каде што ќе се изгради културен мозаик на вредности, орнамент од различни култури. Толеранцијата значи почитување на различностите и водење на интеркултурен дијалог на повиско ниво. За постикнување на тоа потребен е придонес на секој еден од нас, а најголема улога во градење на мултикултурно општество ја имаат токму медиумите. Потребно е промовирање на успешни и позитивни приказни за градење на соживот во мултикултурно општество, за да можеме мултикултурата да ја сфатиме како вредност и да стане наше најголемо национално богатство. Потребно е градење на регинален мултикултурен центар, каде што би можеле да учиме едни за други преку заеднички проекти. Организирање на мултикултурни кујни, каде што би можеле да се запознаеме со традиционални јадења од различни култури и националности, бидејќи култура во себе носи свои вредности и карактеристики.
    Само преку запознавањето на различностите на другите, истите би можеле да ги почитуваме и прифатиме како предности и да ги изградиме мостови на разбирање едни со други.
    „Две нешта ја исполнуваат душата секогаш со понов и со поголем восхит – тоа се ѕвезденото небо над мене и моралниот закон во мене“.

  • Конференција на ХЕРА: Младите се гласни, бараат образование без табуа, засновано на факти!

      Учесниците на Националната конференција „Преку инклузивно образование до еднаквост – Патот кон младинско општество!“, организирана од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, […]

  • GREEEN настан: Наставници и ученици во акција за одржливо образование

    Date:
    16/04/2025

    Со огромно задоволство ве покануваме на настан преку кој ќе се одбележи успешната соработка помеѓу наставници и ученици, кои заедно создадоа значајни едукативни материјали, интегрирајќи теми од уметност, технологија, природни и општествени науки. Овој настан ќе биде вистинска инспирација за вашиот професионален развој. На него ќе бидат претставени: Ако не сте во можност да присуствувате […]

    Со огромно задоволство ве покануваме на настан преку кој ќе се одбележи успешната соработка помеѓу наставници и ученици, кои заедно создадоа значајни едукативни материјали, интегрирајќи теми од уметност, технологија, природни и општествени науки. Овој настан ќе биде вистинска инспирација за вашиот професионален развој. На него ќе бидат претставени:Прирачник за претприемништво – нови идеи кои ќе ве инспирираат да ги водите учениците низ светот на претприемачките предизвици.
    Прирачник за воннаставни активности – креативни решенија кои ќе ви помогнат да ги инспирирате учениците да се изразуваат и учат надвор од училницата.
    Онлајн лекции – нови дигитални ресурси кои ќе го збогатат вашето наставно искуство.
    Презентација на најдобрите еколошки иницијативи и претприемачки проекти – извонредни примери на иновации и еколошки проекти во кои учениците активно учествуваа.
    Статии од онлајн весник, создадени од учениците– кои се фокусирани на еколошки прашања и претприемништво – учениците ќе ги споделат своите истражувања и идеи за одржливост, заштита на животната средина и иновации во претприемачкиот сектор. Дополнително, ќе ви споделиме како да подготвите статија која ќе го привлече вниманието на читателите.
    Презентација на стрип – едно поинакво и визуелно инспиративно искуство.Ќе ви бидат претставени основи на подготовка на стрип од развој на ликови и дијалози до целосна реализација.
    Основи на дизајн–  Како визуелно да ги привлечете учениците во наставатаАко не сте во можност да присуствувате лично или сте надвор од Скопје, настанот ќе биде достапен онлајн преку платформата Zoom. (Ви овозможуваме потполно виртуелно искуство, така што можете да бидете дел од овој инспиративен едукативен настан, без разлика на вашето место на живеење.Пријави се. Поврзи се. Инспирирај се. Научи. Сподели. Развивај се себе и учениците.Бројот на учесници е лимитиран. Од таа причина, ќе биде врз принципот “прв дојден- прв услужен“, но истовремено земајќи го во предвид искуството во областа.Настанот е организиран од страна на Здружението на граѓани Еко Логик и ССОУ „Димитрија Чуповски“ – Велес, во рамки на проектот „GREEEN“, поддржан од Националната агенција за европски програми и мобилност.

    OTHER Activities Events News

    Еко Логик, во соработка со Национален Парк Галичица, организираше едукативна работилница за промоција на прирачникот H4U. Настанот беше отворен за сите и привлече учесници на возраст од 4 до 90 години, кои заедно учествуваа во низа едукативни и забавни игри. Целта на оваа работилница беше на пристапен начин, преку интерактивни активности, да се доближат темите […]
    Read more

    Во рамки на проектот H4U , тимот на Еко Логик имаше можност да го презентира новиот едукативен прирачник пред учениците од 9-то одделение во ООУ „Тодор Ангелевски“ во Битола. Овој настан претставуваше одлична можност да ги запознаеме учениците со значењето на природните живеалишта и биодиверзитетот, преку интерактивни и креативни активности кои се во согласност со […]
    Read more

    Во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, во партнерство со Еко Логик и Флорозон Центар за еколошка демократија, на 10 април, во средата, се реализираше едукативна работилница во Биотехнолошката лабораторија. Работилницата, која беше организирана […]
    Read more

    Во свет каде што одржливоста станува сè поважна, Eco Logic со гордост е дел од проектот „Тренери за одржливост“ – кофинансиран од програмата Еразмус+. Во партнерство со организации од Германија (WNB e.V.), Италија (CSCI Novara) и Кипар (Synthesis), работиме на развој на иновативни образовни материјали и алатки кои ќе ги поттикнат идните генерации да станат […]
    Read more

    Со задоволство ви го претставуваме сетот алатки за одржливост, создаден во рамките на ГЕА проектот, во соработка со нашите партнери од Италија, Белгија, Германија, Литванија и Грција. Овој сет претставува вреден ресурс за сите кои сакаат да го продлабочат своето знаење за животната средина, граѓанската наука и одржливите начини на живеење. 🔗 Истражете го сетот […]
    Read more

    ​Во Основното училиште „Малина Попиванова“ во Кочани, ученици и наставници активно учествуваа во пилотирањето на проектот „Цели за одржлив развој за ученици“ (sdgs4pupils), кофинансиран од програмата Еразмус+ на Европската унија.​ Едукативна платформа за ученици Платформата нуди интерактивни презентации, квизови и предизвици за секоја од 17-те Цели за одржлив развој, насочени кон ученици на возраст од […]
    Read more

  • Камп за лидерство и водачи на патроли

    Реализирајки го институционалниот грант од Американскиот мировeн корпус заедно со волонтерот Вероника Чемпион, во периодот од 11-13.04.2025год. во извидничкиот центар Голозинци во општина Чашка, извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес организираше тренинг  за водачи за своите членови. Овој тренинг е дел од целокупните активности со Мировниот корпус. На тренингот се…

  • Градење институционална отпорност: Ефективни механизми за справување со корупцијата

    Денес на 15 март 2025г. Македонскиот центар за меѓународна соработка во име на Регионалната мрежа за лидерство и интегритет во Југоисточна Европа -(СЕЛДИ), ја организираше Средбата на високо ниво – „Борба против корупцијата: Иновации против нелегалната моќ“.

    Во воведните обраќања Александар Кржаловски, Директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка, истакна дека СЕЛДИ од своето основање пред 25 години прерасна во еден од водечките гласови на граѓанското општество во земјите од Западен Балкан во борбата против корупцијата. И покрај зајакнатите демократски капацитети, националните механизми за борба против корупција остануваат случајни, краткорочни и политички мотивирани. Заменик шефот на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија,  Бен Непнау нагласи дека се потребни длабоки и системски општествени промени со конкретни цели, чекори и временска рамка за напредок. „Корупцијата е политички проблем и бара политички решенија и тоа на високо ниво во рамките на институциите“, додаде тој.

    Во рамки на клучната дискусија со фокус на борбата против корупцијата во земјите од Западен Балкан, осврнувајќи се на можните трендови и решенија Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, посочи дека корупцијата не е само административен туку и општествен проблем, а последните четири трагедии во изминатите години, каде стотици граѓани ги изгубија животите, е пример за последиците од истата. Тој воедно истакна дека новата Влада нема повеќе да толерира изговори и  продолжување на статус квото и неодговорното однесување. „Нашата цел е фокусирање на Европската агенда, и имплементирање на реформите за ресетирање на системот за доброто на граѓаните. Во време на неизвесност и војна и со помалку финансиски средства за поддршка во борбата со корупцијата мораме заеднички уште повеќе да се посветиме на изнаоѓање на решенија кои ќе го победат корумпираниот систем и одговорат на предизвиците“, додаде тој.
    Воедно, на панел дискусијата учествуваа и Н.Е Вероник Улман, Амбасадорката на Швајцарија, Никол Варнес, Заменик шефот на мисијата на амбасадата на САД и Барт де Брујин, Регионалниот координатор за владеење на правото од Кралството на Холандија во Србија и Црна Гора. Говорниците  ги споделија нивните согледувања за актуелните предизвици и постигнувања во регионот во справувањето со корупцијата  и влијанието на повлекувањето на странската помош врз антикорупциските напори.

    Средбата опфати и две панел дискусии каде се дискутираше  за  поддршката на доброто владеење и економската стабилност преку ефективни механизми за справување со корупцијата, каде збор земаа Д-р. Тихомира Костова, Аналитичар од Институт за изучување на демократијата од Бугарија, Д-р. Слаѓана Тасева, Декан и Извршен директор на Меѓународната академија за анти-корупција и Марина Ковачиќ, Лидер на компонентата за справување со нелегални текови во Западен Балкан, во рамки на ГИЗ во Северна Македонија.

    Понатаму, во втората панел сесија се зборуваше за градењето  на институционална  отпорност во справување со нелегални финансиски текови и заробеноста на државите. Во оваа сесија говорници беа Миша Поповиќ, Раководител на одделот за добро владеење при Инстиутот за Демократија „Социетас Цивилис“, Билјана Каракашова Шулев, член на Државната комисија за спречување на корупција, Даниела Минева, Виша аналитичарка при Институт за изучување на демократијата од Бугарија и Хендрик Бошмаер, проектен менаџер за Југоисточна Европа, во одделот за глобални односи и соработка на ОЕЦД.

    Воедно беа презентирани резултатите од последниот Регионален анти-корупциски извештај на СЕЛДИ за Западен Балкан, кои говорат за нерамномерниот напредок и застојот на реформите во државите кои остануваат површни и подложни на надворешно влијание. Истовремено корупцијата, клиентелизмот и политичкото влијание врз институциите продолжуваат да го поткопуваат владеењето на правото и пристапот до правда.
    Средбата се организираше во рамки на проектот Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за застапување врз база на докази, влијание врз политики и граѓански ангажман (СЕЛДИ.нет), финансиран од Европската Унија. Настанот е кофинансиран со средства од Централната Европска Иницијатива.

    Следно >

    Поврзани:

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор