Како средношколците ја разбираат трговијата со луѓе – презентација на истражувачки извештај
Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), на 30 март 2016 година, во Центарот за развој на младите – Гостивар (општинска зграда) ќе го презентира Извештајот од истражувањето за перцепциите и сфаќањата на средношколците и ранливите групи за современите форми на трговија со луѓе во Куманово и Гостивар.


На 29.03.2016 година (вторник), со почеток во 14 часот, во клубот ГЕМ во Скопје организацијата КХАМ од Делчево ќе ја одржи тркалезната маса на тема „Иницијатива за бесплатни стоматолошки услуги за деца од 7 до 14 години чии семејства се корисници на социјална парична помош“.



