Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Нова публикација на International IDEA: Глобалната состојба на демократијата 2026 – Демократија во време на конфликти

    Меѓународниот институт за демократија и изборна помош (International IDEA) го објави новиот глобален извештај „Глобалната состојба на демократијата 2026: Демократија во време на конфликти“ (The Global State of Democracy 2026: Democracy in an Age of Conflict), кој ги анализира најновите трендови во развојот и назадувањето на демократијата во светот. Извештајот…

  • РОДОВИТЕ ДЕЗИНФОРМАЦИИ И НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ ВО ПОЛИТИКАТА СЕ ЗАКАНА ЗА ДЕМОКРАТИЈАТА

    Кога жените во политиката се соочуваат со закани, сексуализирани навреди или дезинформации, нападот не е насочен само кон нив. Вааквите напади служат да испратат порака […]

  • МЦМС на регионалниот дијалог за анти-корупциски стратегии во Белград

    Спроведувањето на националните антикорупциски стратегии беше во фокусот на последната консултација на повеќе засегнати страни, која се одржа на 17 септември во Белград, Србија. Настанот беше дел од заедничката програма на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (UNODC) и Регионалната антикорупциска иницијатива (RAI) и беше посветен на претворање на антикорупциските обврски во практични дејствија, зајакнување на улогата и учеството на граѓанското општество во спроведувањето и следењето на стратегиите, како и споделување на искуства и добри практики меѓу земјите од регионот.

  • Итни промени за полесно донирање: поедноставни процедури, дигитализација и јасни даночни олеснувања

    Поедноставување на процедурите, полесно користење на даночните поттикнувања и дигитализација на постапките се меѓу клучните прашања што треба да ги адресираат измените на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности. Ова беше истакнато на

  • Презентирана анализата на Етичкиот кодекс на Македонската радио-телевизија

    Во Македонската радио-телевизија беше презентирана анализата на постоечкиот Етички кодекс на јавниот радиодифузен сервис, подготвена од Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Наодите и препораките беа претставени пред членовите на Програмскиот совет, раководството и уредниците на МРТ. Анализата е подготвена како стручна основа за Програмскиот совет на МРТ во процесот на преиспитување и унапредување на Етичкиот […]

  • Заедно за побезбедни заедници: спроведување на Патоказот за СНЕ/БТ на локално ниво

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во соработка со Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам (НКСНЕБТ), го организираше третиот координативен состанок меѓу националните институции, општините и граѓанските организации на 22 септември 2026 година, во хотел „Стоун Бриџ“ во Скопје. Во фокусот беше прашањето како приоритетите од Патоказот за спречување и борба против тероризмот и насилниот екстремизам 2026–2030 да се преточат во функционални механизми за превенција на локално ниво.

  • Дигиталната платформа за пријавување на загадување EcoPatrol.mk презентирана во ЈП „Комунално“ Струга

    Во просториите на Јавното претпријатие „Комунално“ Струга одржавме средба со директорот на ЈП „Комунално“ Струга, г. Ресул Чолаку. За време на средбата, Ариан Џумкар, ангажиран како програмер на дигиталната платформа, ја презентираше платформата EcoPatrol, која им овозможува на граѓаните да пријавуваат загадување и еколошки проблеми преку фотографија, локација и опис

  • Младите, соработката и инклузијата – сила за промени

    Со особено задоволство присуствувавме на настанот во организација на Фондацијата Импакт Нет и младите лидери – носители на промените. За нас, посебно значење имаше потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу Фондацијата Импакт Нет и Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес, предводено од претседателката Далиборка Златева….

  • Јавна дебата во Делчево: Гласот на жените од руралните заедници во локалното одлучување

    Делчево, 22 септември 2026 – Во Делчево се одржа јавната дебата „Женско лидерство како огледало на заедницата“, посветена на механизмите за граѓанско учество и можностите за поголемо вклучување на жените од локалните и руралните заедници во процесите на локално одлучување. Настанот го организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ Куманово, во соработка со Организација „ЖЕНА“ Делчево, во рамки […]

  • Изградба на демократска отпорност во Западен Балкан: Од заробена држава до дигитален суверенитет

    За да се одговори на новите значајни предизвици во борбата против корипција и заробеност на државите од регионот на Западен Балкан, детално анализирани во најновиот Регионален антикорупциски извештај, Мрежата за лидерство за развој и интегритет на Југоисточна Европа (СЕЛДИ) координирана од МЦМС, организираше Форум за политики на 15 септември 2026 година во Подгорица, Црна Гора.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор