1000246139

РОДОВИТЕ ДЕЗИНФОРМАЦИИ И НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ ВО ПОЛИТИКАТА СЕ ЗАКАНА ЗА ДЕМОКРАТИЈАТА

Кога жените во политиката се соочуваат со закани, сексуализирани навреди или дезинформации, нападот не е насочен само кон нив. Вааквите напади служат да испратат порака до сите жени дека нивното учество во јавниот живот има цена. Затоа насилството врз жените во политиката е напад врз демократијата.

Податоците покажуваат колку е сериозен проблемот. Според истражување на Интерпарламентарната унија, 85 % од анкетираните европски пратенички доживеале психолошко насилство, а 58 % биле цел на сексистички напади на социјалните мрежи. Анализата на International IDEA и Фондацијата „Метаморфозис“ опфатила повеќе од 80 случаи на родово поврзани дезинформации во Северна Македонија во периодот 2021–2024 година, при што бројот на случаи се удвоил во 2023 и 2024 година. Европската комисија во извештајот за 2025 година предупредува дека изборните дезинформации и странското информациско манипулирање и мешање (ФИМИ) остануваат предизвик, додека суштинското политичко зајакнување на жените е ограничено.

Насилството што не се препознава и документира останува без соодветен институционален одговор. Во Северна Македонија сè уште нема систематизирани податоци за насилството врз жените во политиката, ниту усогласен начин да се утврди кои жени се таргетирани, како се шират нападите, кој ги засилува и какви последици имаат врз нивните кандидатури, јавната видливост и останувањето на функција.

Така се создава атмосфера во која жените се самоцензурираат, се повлекуваат или воопшто не се кандидираат. Последиците ги чувствува секоја нападната жена, но и целото општество: се стеснува политичкото учество и се нарушува изборниот интегритет.

Затоа ХЕРА повикува на воспоставување методологија за следење на родовите аспекти на изборниот процес. Таа треба да овозможи следење на нападите засновано на докази во текот на целиот изборен циклус, да помогне да се препознаат можни координирани кампањи и да биде основа за јасни процедури за пријавување, упатување и навремена заштита. За тоа е потребен координиран одговор од Собранието, Државната изборна комисија, политичките партии, надзорните тела, медиумите и граѓанското општество.

Овие пораки ХЕРА ги истакна на тркалезната маса „Унапредување на паритетот и справување со дигиталното насилство врз жените во политиката“, организирана од Собранието на Република Северна Македонија и Интерпарламентарната унија. Програмската раководителка на ХЕРА, Драгана Каровска Чемерска, посочи дека сексуализираните навреди, заканите, објавувањето лични податоци, манипулираните фотографии и координираните клеветнички кампањи не смеат да се прифаќаат како вообичаен дел од политиката. Тие служат за жените да бидат дискредитирани, замолчени или истиснати од јавниот живот.

Она што институциите не го следат, тешко можат да го спречат. А она што институциите го толерираат постепено но сигурно ја стеснува демократијата.
Демократската отпорност на Северна Македонија ќе се мери и според тоа дали жените можат безбедно, слободно и суштински да учествуваат во политичкиот живот.
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА Скопје

Продолжи со читање

  • Заедно за побезбедни заедници: спроведување на Патоказот за СНЕ/БТ на локално ниво

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во соработка со Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам (НКСНЕБТ), го организираше третиот координативен состанок меѓу националните институции, општините и граѓанските организации на 22 септември 2026 година, во хотел „Стоун Бриџ“ во Скопје. Во фокусот беше прашањето како приоритетите од Патоказот за спречување и борба против тероризмот и насилниот екстремизам 2026–2030 да се преточат во функционални механизми за превенција на локално ниво.

  • Дигиталната платформа за пријавување на загадување EcoPatrol.mk презентирана во ЈП „Комунално“ Струга

    Во просториите на Јавното претпријатие „Комунално“ Струга одржавме средба со директорот на ЈП „Комунално“ Струга, г. Ресул Чолаку. За време на средбата, Ариан Џумкар, ангажиран како програмер на дигиталната платформа, ја презентираше платформата EcoPatrol, која им овозможува на граѓаните да пријавуваат загадување и еколошки проблеми преку фотографија, локација и опис

  • Изградба на демократска отпорност во Западен Балкан: Од заробена држава до дигитален суверенитет

    За да се одговори на новите значајни предизвици во борбата против корипција и заробеност на државите од регионот на Западен Балкан, детално анализирани во најновиот Регионален антикорупциски извештај, Мрежата за лидерство за развој и интегритет на Југоисточна Европа (СЕЛДИ) координирана од МЦМС, организираше Форум за политики на 15 септември 2026 година во Подгорица, Црна Гора.

  • Практичен водич за остварување права

    Знаеш ли кои права ти припаѓаат и каде да се обратиш за да ги оствариш? Пристапот до социјална и здравствена заштита, лична документација и статусни права е основа за достоинствен и сигурен живот. Сепак, процедурите, институциите, потребните документи и условите за остварување на одредено право често можат да бидат сложени и тешко разбирливи. Токму затоа…

  • МЗМП достави извештај до ГРЕВИО за спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија

    Македонското здружение на млади правници (МЗМП) достави извештај до Групата експерти за акција против насилството врз жените и семејното насилство – ГРЕВИО, како придонес кон следењето на спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија. Извештајот го опфаќа периодот од 2023 до 2026 година и се […]
    The post МЗМП достави извештај до ГРЕВИО за спроведувањето на Истанбулската конвенција во Северна Македонија appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор