Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Повик за еднодневна обука за застапување засновано на податоци

    logo isshs1Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје организира обуки за моделот на застапување засновано на податоци. Овој модел подразбира вклучување на истражувачки алатки во процесот на анализа на проблемот што се застапува како и современи алатки за визуелизација и употреба на податоци во процес на креирање политики.

  • Новинарски стории за суштинските проблеми на граѓаните

    storija1Македонскиот институт за медиуми, во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, започнуваат со објавување на серијал новинарски стории на теми кои третираат суштински проблеми на граѓаните, од областа на социјална и здравствена заштита, дискриминација, заштита на животна средина, миграции итн.

  • ЗНМ се согласува со оценките на ЕУ за медиумите

    133427257 1024x687Здружението на новинарите на Македонија се согласува со оценката на Европската комисија дека состојбата со слободата на медиумите годинава во Македонија се влошува. Комисијата во извештајот за напредокот на Македонија за годинава, со право заклучува дека во најголем дел од македонските медиуми отсуствува политички плурализам и дека националните телевизии координирано ја поддржуваат владејачката партија.

  • НЕ за фрлањето храна

    BHM logoХрана за сите – Банка за храна Македонија ги поканува сите заинтересирани на презентација на резултатите постигнати во проектот “Храната за гладните, а не на депонија“ што ќе се одржи на 28 октомври 2016, во 11:00 часот во хотелот Континентал во Скопје.

  • Анализата на состојбата на женското претприемништво во Македонија

    Zdruzenie na biznis zeni 10102016 1Здружението на бизнис жени (ЗБЖ) со седиште во Скопје, во рамки на проектот „Состојбата на жените во претприемништвото во РМ“, финансиран преку програмата Цивика мобилитас, во периодот јули-септември успешно го заврши првиот дел – квантитативното истражување за состојбата со жените во претприемништвото во РМ, со теренски анкетни активности во следните општини: Куманово, Битола, Тетово, Гостивар, Кичево, Велес, Струмица, Штип, Кавадарци, Дебар, Крушево и град Скопје.

  • Конкурс за фотографија на тема: „Тагата на провинцијата и неподносливата мачнотија на метрополата“

    Организацијата Култ транзен распиша конкурс кој го третира феноменот на периферијата и оддалеченоста од центарот, но и обратната смисла на оттуѓеноста, каде што центарот е оддалеченост од субјектот (од себе), а периферијата едно невидливо приближување кон внатре. Вечниот судир меѓу јавното и интимното, личното и колективното, тишината и хаосот. Темата на конкурсот ја опфаќа и трагичноста на преселбите-село-град и провинција-метропола.

  • Како да се подигнат капацитетите на месните и урбаните заедници?

    Здружението Форум – Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје во соработка со Европски центар СН7 од Теарце, на 12 октомври 2016 (среда), со почеток во 12:00 часот во хотелот „Континентал“ во Скопје ќе ги презентираат резултатите од проектот „Зајакнување на капацитетите на месните и урбаните заедници“.

  • Соопштение за националната акција за чистење на Македонија

    AJDE MAKEDONIJA 29092016Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија, заедно со главниот покровител Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), преку проектот Цивика Мобилитас и поддржувачите Осигурување Македонија и Еконелектрон, в петок (30.09.2016) во 10 часот на Матка ќе организираат промотивна акција за чистење како најава за националната акција за чистење која ќе се одржи во сабота (01.10.2016) на 150 локации во 50 општини низ Македонија.

  • Одржан тренинг за новата генерација предавачи по дебата на МОФ

    MOF trening za debatni treneriНа 24 и 25 септември, во просториите на Младинскиот образовен форум, се одржа тренингот за дебатни тренери. Тренингот го организираше „Дебатната програма“, а учествуваа дебатери од неколку градови во Македонија и тоа: Скопје, Велес, Тетово, Штип, Неготино, Струмица, Дебар, Кичево и Прилеп.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор