Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Учество на прославата по повод 70 години ИПО “Галеб“ од Скопје

    На 16.11.2025 год. (сабота) во просторот на кино “Фросина“ во комплексот на МКЦ во Скопје делегација на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес составена од нашиот началник Иван Гушев, Љупче Неделковски, Марија Стефановска, Тамара Димовска и Анастасија Давчева беше дел од свечената академија по повот 70 години постоење на извидничкиот…

  • Кога се штеди на превенција – последиците се скапи! Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

    Новата кампања на граѓанските организации кои работат на унапредување на здравствената заштита „Кога се штеди на превенција, последиците се скапи“ потсетува дека игнорирањето на превенцијата […]

  • Бизнис сесија: Родово одговорни семејни политики за ESG и HR успех

    Во Битола, на 13.11.2025 година, спроведовме бизнис сесија на тема Родово одговорни семејни политики за ESG и HR успех. Заедно со 15 претставници 9 компании од Битола и Прилеп и претставнички од Совет за женско

  • Блупринт групата за реформи во правосудството ќе ја следи судската постапка поврзана со трагичниот пожар во Кочани

    Блупринт групата за реформи во правосудството ја известува јавноста дека ќе ја следи судската постапка поврзана со трагичниот пожар во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 млади луѓе, а над 200 лица беа повредени. Почетокот на главната расправа Основниот кривичен суд Скопје ја закажа за 19 ноември 2025 година во […]
    Read More… from Блупринт групата за реформи во правосудството ќе ја следи судската постапка поврзана со трагичниот пожар во Кочани
    The post Блупринт групата за реформи во правосудството ќе ја следи судската постапка поврзана со трагичниот пожар во Кочани appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Посилен систем за поправедна заштита – нов проект за борба против корупцијата во здравството

    Започнува имплементацијата на проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“ чија главна цел е градење транспарентен и одговорен здравствен систем кој одговара на потребите на сите граѓани, особено на жените и маргинализираните групи. Станува збор за национална иницијатива која се темели на три главни активности – обуки на здравствените работници за…

  • A Stronger System for Fairer Protection – A New Project to Combat Corruption in Healthcare

    The implementation of the project “A Stronger System for Fairer Protection: Reducing Corruption in Healthcare” has officially begun. The project’s main goal is to help build a transparent and accountable healthcare system that responds to the needs of all citizens—especially women and marginalized groups. This national initiative is structured around three key components: training healthcare…

  • Младински дијалози во Кочани

    „Има многу предрасуди за младите што се сметаат за неодговорни и несигурни, и работодавците не им даваат шанса на младите луѓе. Сите бараат обучен кадар, а не ни даваат поголема шанса да учиме низ пракса“ – изјави една од учесничките на младинската дебата во Кочани. Младите се изморени од празни зборови и ветувања. Сакаат конечно да видат резултати, нивните пораки јасно да се слушнат и да се реализираат во реални, практични дела од претставниците на власта како на локално така и на национално ниво. Младите сакаат и повеќе учење низ пракса, учество во младински размени, транспарентност и достапност до информации за стипендии, можности за посета на институции и повеќе сознание како истите работат. Ова се пораките на младите од Кочани кои учествуваат на дебатата за национални и ЕУ младински политики која се оддржа во просториите на младинскиот центар „Гнездо“ Кочани. Низ практични примери беа запознаени и со креативното движење „Нов европски Баухаус“ кое овозможува прилагодување на нашиот начин на живот да биде поодржлив и поеколшки, да живееме во хармонија со природата. Активноста се спроведува во склопот на Еразмус+ проектот “Академија за младински политики: Вклучи се – поврзи се – поттикни”. Фотографии од настанот:

  • Посилен систем за поправедна заштита – нов проект за борба против корупцијата во здравството

    Започнува имплементацијата на проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“ чија главна цел е градење транспарентен и одговорен здравствен систем кој одговара на потребите на сите граѓани, особено на жените и маргинализираните групи. Станува збор за национална иницијатива која се темели на три главни активности –…

  • Месечен осврт на Civica Mobilitas

    Ако треба да се опише месецот со еден збор тогаш септември дефинитивно беше зелен. Најприсутни и најистакнати беа проектите кои работат во полето на животната средина, a по нив и оние кои се занимаваат со борбата против корупција, родовата еднаквост и реформите во образованието.
    Во Европа се собрани околу 225 милиони тони цврст комунален отпад во 2020 година, а речиси половина може да се рециклира или искористи повторно. Центарот за ресурси во животната средина (РЕЦ) во новата статија ги претставува проблемите и можните решенија за биоотпадот во нашите градови, со фокус на одржливи практики и подобра иднина за животната средина. РЕЦ и партнерските организации ги споделија пораките за тоа како да го подобриме управувањето со биоотпадот за да придонесеме кон циркуларна економија на утринската програма на ТВ Алфа и така ја доближија оваа можност до поголем број домаќинства.
    Анализата на „Крик“ открива дека многу млади ретко се информираат за состојбата на животната средина, а малкумина знаат како и каде да пријават загадување.
    Еколошката свест кај младите во Република Северна Македонија е на ниско ниво, а изворите на информации често се ограничени или недоверливи. Инфографикот на „Крик“ нуди јасна слика за тоа од каде младите најчесто ги добиваат своите информации, кои се клучните пречки за активно вклучување и како образовниот систем влијае врз нивната еколошка свест. Овие податоци ја нагласуваат потребата за креирање механизми преку кои секој млад човек ќе знае каде да пријави проблем и како да се вклучи во заштитата на природата.
    На 25 септември во просториите на „Млади Хаб“ – Скопје се вмрежија ментори и спроведувачи на зелени иницијативи и за зелени социјални активности. Овие учесници претходно ја завршија обуката „Зелено застапување преку зелена социјална работа и зелена младинска работа“ во Струмица и Скопје и сега, со следните задачи ќе придонесат кон одржлив развој и заедничка грижа за природата.
    Циркуларната економија е еден од столбовите на Зелената агенда, па во истата насока Центарот за климатски промени и Младинската организација Креактив организираа работилница за 300 основци во Кавадарци каде се зборуваше за текстилниот отпад како еден од најбрзорастечките видови отпад. Покрај работилницата, следниот чекор беше голема собирна акција за отпаден текстил на градскиот плоштад во Кавадарци каде беше поставен и контејнер за донирање текстил од страна на граѓаните.
    Здружението „Екотуризам 2016“ Охрид со поддршка од општина Дебрца, за учениците од прво до деветто одделение од основното училиште „Дебрца“ организираше едукативен настан посветен на запознавање на биолошката разновидност на Белчишко Блато.
    Во рамки на истиот проект, ЦКП и партнерите во Скопје го одржаа тематскиот форум „Одржливо и функционално Скопје – перспективи и можности“ каде што присутните граѓани, експерти, институции и граѓански организации  се согласија за два од најголемите предизвици со кои се соочува градот – управување со отпад и зголемена урбанизација.  На Форумот беше отворена дебатата за иднината на Скопје во контекст на Зелената агенда за Западен Балкан (ЗАЗБ), чија цел е климатската неутралност до 2050 година.  Дел од заклучоците кои Центарот за климатски промени можеше да ги извлече од форумот се дека Скопје треба да биде град за луѓето, а не за автомобилите и бетонот; Зелените површини и парковите се јавен ресурс кој мора да се заштити; Урбаното планирање мора да биде транспарентно и насочено кон пешачки и велосипедски патеки и јавен транспорт.
    За улогата на младите во процесот на европската интеграција, предизвиците со кои се соочуваат и начините како може да се зајакне регионалната соработка, во интервју за Балканскиот институт за регионална соработка (БИРС) зборуваше Владимир Ѓорѓевски, директор на локалната подружница на Regional Youth Cooperation Office (RYCO) во Скопје.
    Граѓанските организации и ЈП „Пела Линк“ усвоија две конкретни мерки за подобар јавен превоз за младите од Пелагонија и тоа: Пилот викенд линија за млади (Новаци – Могила – Битола) и Кампања за добро однесување во јавниот превоз. Мерките ќе бидат разгледани на пленарна седница на Регионалната платформа за млади. Преку проектот, Про локал и партнерите им даваат шанса на младите не само да ги кажуваат своите потреби, туку и активно да креираат решенија.
    Сте се запрашале ли досега дали и колку општината во која живеете е отворена кон вас? Одговорот  може да го пронајдете во наодите од Индексот на отвореност за 2025 година, кој беше презентиран на тематскиот форум „Отворена општина – активна заедница“, од Фондацијата „Метаморфозис“, Рурална коалиција и Центарот за социјални иновации „Блинк 42-21“. Индексот открива кои општини се наоѓаат на врвот на листата, а кои се најзатворени, и можеби ќе се изненадите, но големината на општината не е важна кога е во прашање отвореноста и транспарентноста кон своите граѓани.
    Септември го заокруживме со одбележување на 13 издание на „Ден на гравот“ во Теарце,  манифестација која ја промовира земјоделската култура, економскиот раст како и развојот на културниот живот.
    Сите овие активности, настани, иницијативи кои ги спроведуваат организациите, а се дел од проектите поддржани од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, придонесуваат кон менување на моменталната состојба, која според анализата на „Крик“ укажува дека е потребно подлабоко и практично еколошко образование. Од друга страна, дел од нив се посветени кон транспарентноста која треба да е повисока за да се спречи корупцијата на секое поле во општеството.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор