Огласи

  • Оглас за ангажман на лице за комуникации и односи со јавност

    Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје има потреба од лице задолжено за комуникации и односи со јавност. Лицето ќе биде задолжено за комуникациските активности на ЕПИ. Позицијата предвидува полно и редовно работно време. Позицијата овозможува можности за личен развој и надградба, компетитивна компензација и динамична работна средина. Опис на позицијата Имплементација на стратегијата за […]
    The post Оглас за ангажман на лице за комуникации и односи со јавност appeared first on EPI.

  • Повик за практикант/ка преку АВРСМ

    Вклучи се Повик за практикант/ка преку АВРСМ Доколку сакаш да стекнеш практично искуство, да ги развиеш твоите вештини и да ги подобриш шансите за вработување, тогаш оваа можност е за тебе! Вклучи се во ИМКА и стекни практично искуство преку работа на реални проекти преку Мерка 4 – Практикантство на АВРСМ. Месечен надоместок: 12.000 ден.Период на практикантство: до 3 месециПозиција: Проектен асистентЛокација: ИМКА Македонија, Битола Кој може да аплицира? Невработени млади лица до 29 години кои:• се евидентирани во АВРСМ• имаат минимум завршено средно образование• немаат работно искуство Што ќе работиш? • Административна и логистичка поддршка на проекти и активности• Работа со документација и архива• Истражување, веб-пребарување и обработка на информации• Поддршка при подготовка на проектни апликации и извештаи• Поддршка при организација на настани и проектни активности Потребно е: познавање на Microsoft Office, е-пошта и Интернет, добро познавање на македонски и англиски јазик, организираност и желба за стекнување нови знаења. Како да аплицираш? Испрати го твоето CV на contact@ymca.mk со назнака ПРИЈАВА ЗА ПРАКТИКАНТ – ПРОЕКТЕН АСИСТЕНТ најдоцна до 17.08.2026 год. По селекцијата од страна на ИМКА, избраните кандидати ќе треба да поднесат пријава за учество во Мерка 4 – Практикантство во работниот клуб на Центарот за вработување. Рокот за пријавување во АВРСМ е 21.08.2026 год. или до исполнување на предвидениот опфат на корисници. Кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани.

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА 1 (ЕДЕН) ЕКСПЕРТ/ПОНУДУВАЧ ЗА РАЗВОЈ И ИЗРАБОТКА НА ВИДЕО СОДРЖИНИ

    Центарот за климатски промени за потребите од спроведување на проектот „Зајакнување на позитивната перцепција за процесите на праведна транзиција на локално ниво“, во рамките на NDICI CHALLENGE/2024/455-010 ,,Финансирање на поправедни иднини: Проширување на ангажманот и овозможување на инклузивна и родово трансофрмативна климатска правда во Европа и пошироко’’ координиран од страна

  • Повик за практикант преку World University Service

    Вклучи се Повик за практикант преку World University Service Доколку сакаш да стекнеш практично искуство за подобрување на твоите вештини и шансите за вработување, тогаш оваа програма е за тебе! Вклучи се во ИМКА и стекни неопходна пракса преку работа на реални проекти преку програмата за практиканти на WUS (World University Service). Програмата дополнително нуди обуки за тоа како да ја направиш твојата практикантска работа успешна и за тоа како да ја пронајдеш твојата посакувана работа (креирање CV, мотивациско писмо и прво интервју), консултации за практикантска работа и отвoрање на свој бизнис. Месечен надоместок: 15.000 ден. за период 3 до 6 месеци Период на практикантство: 10.2026-06.2027 (3-6 месеци) Ангажман: 30 раб.часа неделно Локација: Младински центар Битола Позиција: Едукатор (искуство или интерес за неформално образование, младинска работа). Преф.педагогија, психологија, социјална или младинска работа) Кој може да аплицира? Студенти од државните универзитети кои се: Во последната фаза од студиите (дипломираат август или септември 2026) или Кои дипломирале не повеќе од 6 месеци пред крајниот рок за пријавување во WUS (30.08.2026) или Кои се на магистерски студии и кои се мотивирани за промени во заедницата Испратете CV на contact@ymca.mk со назнака ПРИЈАВА ЗА ПРАКТИКАНСТВО Рок до 19.08.2026год.   Кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани. ИМКА го задржува правото да го пролонгира повикот доколку смета дека истото е потребно.

  • Јавен повик за изработка на документ за јавни политики

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА), во рамки на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан“, финансиски поддржан од Европската Унија, објавува јавен повик за ангажирање на еден експерт за изработка на документ за јавни политики на тема „Правни и институционални предизвици во областа на шумите и нелегалната сеча“. […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА 1 (ЕДЕН) УМЕТНИК ЗА ИЗРАБОТКА НА 3 (ТРИ) ЈАВНИ УМЕТНИЧКИ ИНСТАЛАЦИИ ОД РЕУПОТРЕБЕНИ МАТЕРИЈАЛИ

    Центарот за климатски промени за потребите од спроведување на проектот ,, Младите и жените- двигатели на транзицијата кон одржливо управување со отпадот во руралните средини (WeLEADRural)“, финансиран од Француска агенција за развој (AFD) објавува: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА  1 (ЕДЕН) УМЕТНИК ЗА ИЗРАБОТКА НА 3 (ТРИ) ЈАВНИ УМЕТНИЧКИ ИНСТАЛАЦИИ

  • Повик за ангажирање на правник за правно советување

    Хуманитарно здружение „Мајка“ – Куманово објавува повик за ангажирање на дипломиран правник за обезбедување услуги на правно советување за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство во рамки на Советувалиштето. Повикот е отворен за кандидати кои ги исполнуваат предвидените услови, а пријавите се доставуваат електронски со потребната документација согласно објавениот повик најдоцна […]

  • ЈАВЕН ОГЛАС за ангажирање на надворешен експерт/експертка за развој на интерни процедури и обука на тимот

    Здружението СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп има потреба од ангажирање на надворешен експерт/експертка за развој и финализирање на интерни процедури релевантни за работата на организацијата со жени и деца изложени на родово базирано и семејно насилство. 1. Предмет на ангажманот Предмет на ангажманот е обезбедување експертска поддршка за развој и финализирање на следните три интерни документи: Како…

  • Јавен повик за ангажирање на експерт/ка за ПР и стратешки комуникации

    Младинската асоцијација „ИМКА Битола“, во соработка со здружение „Конект“ за потребите од спроведување на проектот „Промени за одржливост” поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика Мобилитас објавуваат ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на експерт за ПР

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор