Untitled Design(7)
|

Општински литературен награден конкурс, по повод Текстилијада 10

Литературен награден конкурс за песна и краток расказ на тема: „Наши права, наша иднина“!

Право на учество на Конкурсот, со свои творби, имаат ученици од основните и средните училишта во Штип.

Литературните творби се доставуваат на следната електронска адреса: konkurs2026@glasentekstilec.mk со назнака: За награден конкурс.

Заедно со творбата, се доставуваат: име и презиме (на авторот), со неговата адреса, училиште и телефонски број;

За сите учесници темата е: „Наши права, наша иднина“!

Се предвидува да бидат доделени по 3 (три) награди, во две конкуренции:

  • за ученици од 6-9 одделение (I, II, III награда);
  • за средношколци (I, II, III награда).

Конкурсот трае од 01.09.2026 до 28.09.2026 година.

Резултатите ќе бидат објавени и наградите доделени во просториите на НУ – УБ „Гоце Делчев“ – Штип.

 на ден 02.10.2026 (петок) во 16:30 часот.

 Во Штип,  01.09.2026 год. од Конкурсната комисија.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“

Продолжи со читање

  • Колку се развиени вашите комуникации? Нова алатка за самооценка на комуникациските практики на граѓанските организации

    Граѓанскиот ресурсен центар ја објави новата алатка за самооценка на комуникациските практики на граѓанските организации. За околу 20 до 30 минути вашата организација ќе добие оценка за осум области од комуникациите, опис на нивото на развиеност и насоки за следните чекори. Со самооценката ќе добиете реална слика за тоа како…

  • Реакција на Платформата на граѓански организации за борба против корупција и Блупринт групата за реформи на правосудство за новиот Кривичен законик: Забрзаните рокови не смеат да ја потиснат суштинската дебата

    Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и Блупринт групата за реформи во правосудството укажуваат дека донесувањето на целосно нов Кривичен законик претставува една од најзначајните и најкомплексните законодавни интервенции во правниот систем. Поради тоа, процесот не смее да биде сведен на исполнување формален рок или забрзано усогласување на текстот, туку мора да обезбеди […]

  • Отворен повик за практикант во ИМКА

    Вклучи се Отворен повик за практикант во ИМКА преку WUS Заинтересиран/а си за медиуми, новинарство или комуникологија? Сакаш да стекнеш практично искуство, да ги развиеш своите вештини и да ги направиш првите професионални чекори во полето на комуникациите? ИМКА те поканува да се вклучиш како практикант/ка и да стекнеш практично искуство преку работа на реални проекти, креирање содржини и раскажување приказни за младите луѓе и активностите во заедницата. Практикантството се реализира во рамки на Career Transition Support Programme 2026, програма на World University Service (WUS) Germany, која им помага на студентите и неодамна дипломираните млади луѓе да го направат преминот од образование кон професионална кариера. Покрај практичното искуство, програмата нуди и: Месечен надоместок од 250 евра за период од 3 до 6 месеци; Менторство, кариерно советување и обуки за професионален развој; Можности за професионално поврзување и истражување на идни кариерни насоки.   Период на практикантство: 3 до 6 месеци Локација: ИМКА, ул. Крушево, бр. 5 (Младински центар Битола) Поле на работа: Медиуми и комуникации   Што ќе работиш?  – Подготовка и пишување текстови, статии и приказни за активностите и проектите на ИМКА;– Креирање содржини за веб-страницата и социјалните медиуми;– Фотографирање и видео-документирање на настани и активности;– Учество во подготовка на комуникациски материјали и промотивни содржини;– Следење на активностите на организацијата и претставување на приказните и искуствата на младите луѓе.   Кој може да аплицира? Повикот е наменет за студенти од државните универзитети во Македонија кои:– Се апсолвенти на студии по новинарство, комуникологија, медиуми или сродни студиски области;– Дипломирале во последните 12 месеци во една од овие области;– Се на магистерски студии во некоја од овие области;– Се мотивирани да стекнат практично искуство и да ги развиваат своите професионални вештини;– Имаат интерес за новинарство, медиуми, комуникации и раскажување приказни.   Испратете го вашето CV на contact@ymca.mk со назнака ПРИЈАВА ЗА ПРАКТИКАНТСТВО најдоцна до 30.11. За дополнителни информации за програмата и условите за учество, можете да се обратите и директно до WUS Germany на northmacedonia@wusgermany.de. Кандидатите кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани.

  • СЕДУМ ФЕМИЦИДИ, ИЛЈАДНИЦИ ПРИЈАВИ И СИСТЕМ ШТО НИКАКО НЕ УСПЕВА ДА ЗАШТИТИ  – БАРАМЕ ЗАШТИТА ДЕНЕС, А НЕ ПРАВДА ПО СМРТТА!

    Скопје, 25 ноември 2026 година – На самиот старт на глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“, ХЕРА Mлади алармираат дека институционалната негрижа […]

  • Јавен повик за учество на креативен натпревар

    Општински креативен натпревар
    „Младите за ЕУ – ЕУ вредности низ наши очи“
    Младински Совет Прилеп (МСП), во рамки на проектот „Младите за ЕУ – Зајакнување на младинското учество и комуникацијата на патот кон ЕУ интеграција″ спроведуван со финансиска поддршка од Шведска преку проектот „Поддршка за европската интеграција на Северна Македонија“, имплементиран од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС), објавува отворен повик за учество во Oпштински креативен натпревар.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор