Author: Младински Совет Прилеп

  • Младите во акција: Обука за застапување и младинско учество во Велес

    Во периодот од 06 до 09 февруари 2025 година, Младински Совет Прилеп учествуваше на Обука за застапување и младинско учество во Велес, каде што младите лидери работеа на застапување и активно учество во заедницата. Оваа обука беше можност за стекнување знаења, споделување искуства и развивање стратегии за создавање позитивни промени. 

    Што научивме? 
    Преку интерактивни работилници, тимска работа и практични примери, учесниците работеа на: 
    ✔ Разбирање на застапувањето – што е застапување, зошто е важно и како да се применува во пракса? ✔ Формирање на акциски планови – структурирање на идеи и конкретни чекори за застапување ✔ Мобилизација на млади – стратегии за вклучување на заедницата во застапувачки иницијативи ✔ Планирање и спроведување на кампањи – комуникациски алатки, дигитални платформи и методи за ефективно застапување 
    Зошто е важно младинското застапување? 
    Младите се двигател на општествените промени! Преку застапување, тие можат да го кренат својот глас, да иницираат решенија за проблеми на локално и национално ниво како и да создадат поинклузивно општество. 
    Оваа обука не само што ги зајакна знаењата и вештините на учесниците, туку и создаде простор за вмрежување, размена на идеи и развој на нови иницијативи кои ќе продолжат да носат позитивни промени. 
    👉 Подготвени сте да се вклучите? Доколку сакате да дознаете повеќе за застапувањето или да се приклучите кон младински иницијативи, контактирајте нè! 
     Коалиција на младински организации СЕГА го спроведува проектот “Зајакнување на младите преку нови можности 2 за Пелагонискиот регион” во партнерство со СОС Детско село Македонија.

  • Младите се гласот на промените во општините

    На 17 јануари, во духот на младинскиот активизам и локалната демократија, се одржа првиот координативен состанок со Емпауринг Крушево од проектот „Младите се гласот на промените во општините“.

    Целта на состанокот: Главната цел беше поставување на јасна стратегија за спроведување на проектните активности, распределба на одговорностите и дефинирање на конкретни чекори за постигнување на очекуваните резултати.
    Што се дискутираше?

    Организација на работилници: Преку кои младите ќе стекнат знаења и вештини за активен ангажман.
    Формирање и зајакнување на Локалните младински совети (ЛМС): Тела кои што ќе служат како мост помеѓу младите и локалните власти.
    Кампања „Младите да бидат слушнати“: Креативни видео и радио поткасти за промоција на младинскиот активизам.
    Менторска поддршка: Насочена кон осигурување дека младите ќе се чувствуваат подготвени да ги застапуваат своите интереси.
    Дијалог помеѓу млади и локални власти: Организирање на средби со кои што ќе се поддржи дијалогот.

    Проектни очекувања: Со финансиска и стручна поддршка од Граѓанскиот ресурсен центар – ГРЦ, овој проект ќе се реализира во текот на 9 месеци и ќе опфати повеќе активности насочени кон:

    Зајакнување на капацитетите на младите
    Воспоставување и операционализација на локалните младински совети во Прилеп и Крушево;
    Зголемување на информираноста за младинскиот активизам

    Партнерска синергија:
    На состанокот, партнерите покажаа посветеност и креативност, придонесувајќи со идеи за тоа како овој проект може да го промени начинот на кој младите ќе се активираат во локалните заедници.
    Што следува?
    Во текот на наредните девет месеци, проектот ќе се фокусира на креирање услови за младинско учество, зајакнување на капацитетите на младите и промовирање на транспарентна и отчетна локална власт.
    Следете нè за повеќе информации за активностите и резултатите од проектот!
    Младински Совет Прилеп во партнерство со Здружение на млади ЕМПАУРИНГ Крушево го спроведува проектот „Младите се гласот на промените во општините“. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија. Содржината на веста не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар.
    #ЈасГраѓанинот во вашите комуникации на социјалните медиуми
    #МладитеСеГласот #МладинскиСоветПрилеп #АктивноГраѓанство #ЛокалнаДемократија

  • Прва секторска работилница за младински политики

    На 30.12.2024 година во просториите на Младински Совет Прилеп се одржа и првата секторска работилница за младински политики.

    Оваа работилница имаше за цел да ги постави темелите на креирање ефективни политики за млади кои ќе ги водат локалните и регионалните промени.
    На оваа работилница присуствуваа претставници од Општина Прилеп, претставници од Младински Совет Прилеп како и млади лица кои активно учествуваат во развојот на заедницата.
    На работилницата учествуваше и експертот кој ги презентираше фазите на истражувањето кои ќе помогнат во дефинирање на младинските потреби и предизвици.
    Претставниците од општината споделија информации за предизвиците со кои се соочуваат младите во нашиот град.
    Ние во соработка со нив ќе изградиме подобра иднина овозможувајќи им да прераснат во креативни и активни граѓани.
    Оваа активност е резултат на проектот „Младински политики по мерка на младите“.Проектот е поддржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

  • Дали младите од Македонија имаат доволно можности за активно учество?

    На 23 декември 2024, Младински Совет Прилеп беше дел од Завршната конференција, каде беа претставени предложените измени за подобрување на Законот за младинско учество и младински политики. 
    Водени од трите национални мрежи: Коалиција на младински организации СЕГА, Национален младински совет на Македонија и Сојуз за младинска работа, а  со поддршка на младинските организации, се изработија предлози кои ќе ја унапредат младинската политика во земјава!

    Со овие предлози, ќе осигураме дека: 

    Ќе се формира Националното собрание на млади! 

    Ќе се формира Национално советодавно тело!

    Секој град ќе има Локален младински совет!

    Ќе се отворат Младински Центри во секоја општина! 

    Државата и општините ќе одвојат дел од буџетот за младински активности!

    Ќе се воведат прекршочни одредби за градоначалниците кои нема да го спроведуваат законот!

    Нашата цел е реално остварување на правото на младите на младинско организирање и младинско учество!

  • Меѓународен ден на волонтери!

    По повод 5 декември, Меѓународниот ден на волонтерството, организиравме настан „Инспиративни разговори за волонтерството“ во соработка со Коалиција на младински организации СЕГА.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор