Отворањето на Музичката соба за млади таленти во Прилеп
Со особено задоволство го објавуваме отворањето на Музичката соба за млади таленти во Прилеп, реализирана во рамките на проектот „Младински политики по мерка на младите“.

Со особено задоволство го објавуваме отворањето на Музичката соба за млади таленти во Прилеп, реализирана во рамките на проектот „Младински политики по мерка на младите“.

Во рамки на проектот „Младите се гласот на промените во општините“, во Прилеп се одржа Тркалезна маса помеѓу донесувачи на одлуки и млади на локално ниво на кој учество зедоа градоначалниците на Општина Прилеп и Општина Крушево, членови на советите на двете општини, претставници на локални здруженија, младински активисти и млади од Прилеп и Крушево.

Во рамки на проектот „Иновативно антикорупциско застапување и младинско ангажирање во Северна Македонија“ беше организирана Национална завршна конференција „Младите во борбата против корупцијата“. На конференцијата се собраа граѓански организации, креатори на политики, младински лидери и членови на заедницата за да дискутираат за резултатите од проектот.

Во рамки на проектот „Иновативно антикорупциско застапување и младинско ангажирање во Северна Македонија“, во Кичево се одржа јавна дебата во рамки на иницијативата „Вработување по заслуга, без парична мотификација.“

Во рамките на проектот „Младите се гласот на промените во општините“, успешно беше реализирана втората дводневна обука за млади претставници од Прилеп и Крушево, членови на Локалните Младински Совети и Локалните собранија на млади.
Обуката се фокусираше на мапирање на младинските потреби и застапување во локалната заедница. Учесниците се запознаа со методи за идентификување приоритетни потреби на младите, собирање и анализа на информации од заедницата, подготовка на аргументирани препораки и ефективно застапување пред локални институции.
Овој процес е дел од активностите за јакнење на капацитетите на Локалните Младински Совети, со цел младите да учествуваат поактивно во локалните процеси и да придонесат кон подобрување на локалните политики и услуги за младите.
Учениците покажаа голема посветеност и мотивираност, што ја потврдува важноста на младинското учество и активното вклучување на младите во заедницата.
Младински Совет Прилеп во партнерство со Здружение на млади ЕМПАУРИНГ Крушево го спроведува проектот „Младите се гласот на промените во општините“. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“ финансиран од Европската Унија. Содржината на веста не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар. #јасграѓанинот

Како дел од проектот „Младите се гласот на промените во општините“, започнавме со градење на капацитетите на Локалните Младински Совети. Успешно ја реализиравме првата дводневна обука за младинско учество и младински активизам, во партнерство со Empowering Kрушеvo.
Обуката се одржа во периодот од 03 до 05 ноември во Струга, со учество на претставници од ЛМС Прилеп и ЛМС Крушево – членови на локалните младински совети и локалните собранија на млади од двете општини. Целта на оваа активност е да се поттикне активно вклучување на младите во процесите на донесување одлуки во заедницата и да се создадат одржливи механизми за нивно учество и застапување. Преку интерактивни сесии, дискусии и практични вежби, учесниците стекнаа нови вештини и знаења за младински активизам, партиципативни процеси, како и начини за идентификување и мапирање на младинските потреби на локално ниво.
Ова е само почеток на процесот за операционализација и зајакнување на младинските структури, како важен чекор кон подобрување на партиципативното опкружување за младите – еден од клучните приоритети на Европската Унија.
Младински Совет Прилеп во партнерство со Здружение на млади ЕМПАУРИНГ Крушево го спроведува проектот „Младите се гласот на промените во општините“. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“ финансиран од Европската Унија. Содржината на веста не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар. #јасграѓанинот
#МладиЗаМладите #ЛокалниМладинскиСовети #МладинскоУчество

На крајот на 2025 година, во центарот на Кичево беше реализирана улична акција во рамки на иницијативата „Вработување по заслуга, без парична мотификација“, дел од проектот „Иновативно антикорупциско застапување и младинско ангажирање во Северна Македонија“.

Во Општина Крушево се одржаа непосредни избори за избор на Локален младински совет (ЛМС) –тело кое ќе претставува линк помеѓу младите и локалните власти со одговорност да ги застапува потребите и барањата од младите и да придонесува за унапредување на младинските политики во локалната заедница.

Локалното собрание на млади на Општина Крушево го објави јавниот повик за кандидирање на членови на Локалниот младински совет.

Во рамки за унапредување на младинското учество на локално ниво, формираниот Иницијативен одбор во Крушево одржа работен состанок со цел да го подготви распишувањето на јавен повик за формирање Локално собрание на млади.
Нема повеќе содржини
Нема повеќе содржини
Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.