Author: Центар за развој и промоција Промо идеа Струмица

  • Промо Идеа и Новус ја претставија младинската мрежа за финансиска писменост на фестивалот „Ден на граѓанските организации“

    На 3 октомври 2026 година, во Градскиот парк во Скопје, се одржа фестивалот „Ден на граѓанските организации“, организиран од Цивика мобилитас. Настанот ги поврза граѓанските организации со граѓаните и овозможи претставување на нивната работа, размена на идеи и запознавање со иницијативи за подобрување на животот во заедниците. Програмата опфати интерактивни работилници, едукативни активности, презентации и […]

  • Во Скопје одржан третиот партнерски состанок на проектот Green B-LEAF

    На 1 октомври 2026 година, во Скопје се одржа третиот партнерски состанок на проектот Green B-LEAF, на кој учествуваа претставници на проектните партнери, меѓу кои и Промо Идеа Струмица. Средбата беше посветена на разгледување на досегашниот напредок во реализацијата на проектот и координација на претстојните активности. Во текот на состанокот беа презентирани резултатите од развојот […]

  • Во Скопје одржана втората средба на мрежата во рамките на проектот Green B-LEAF

    На 30 септември 2026 година, во Скопје се одржа втората средба на меѓународната мрежа (Community of Practice) на проектот Green B-LEAF, со учество на 32 претставници на проектните партнери, општините, експерти и други засегнати страни. На средбата беа презентирани досегашните активности на проектот, како и практични искуства од примената на партиципативното буџетирање во Северна Македонија. […]

  • ФИНАНСИСКАТА ПИСМЕНОСТ – ВЕШТИНАТА ШТО ЈА УЧИМЕ ДУРИ КОГА ЌЕ ЗГРЕШИМЕ

    Учиме за гравитацијата уште во основно училиште – зошто паѓа јаболкото, како се пресметува брзина. Малкумина од нас, меѓутоа, излегле од образовниот систем со јасна претстава како се составува личен буџет, што значи каматна стапка на кредит, или каде одат парите што ги плаќаме преку даноци. А сепак, секој од нас, порано или подоцна, ќе […]

  • МЛАДИ ВО UP HUB – СТРУМИЦА УЧЕА КАКО ПОДОБРО ДА УПРАВУВААТ СО ЛИЧНИТЕ ФИНАНСИИ

    Како да се планира личен буџет, кога штедењето преминува во инвестирање и зошто секоја финансиска одлука е дел од пошироката економска слика – беа дел од прашањата што ги отвори четиридневната обука за финансиски вештини за млади во Up Hub Струмица. Во периодот од 11 до 14 мај 2026 година, 20 млади лица учествуваа на […]

  • Повик – за избор на млади фасилитатори

    Здружението Центар за развој и промоција Промо Идеа Струмица објавува повик за избор на млади лица кои ќе бидат вклучени како фасилитатори во рамки на обуката која ќе се спроведе како дел од проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“. Проектот има за цел да придонесе кон подобрување на финансиската писменост кај младите лица […]

  • Финансиската писменост и младинската вклученост во фокусот на активностите во 2025 година

    Во текот на 2025 година, Промо Идеа Струмица заедно со партнерските организации Новус Струмица и КРУНА Плус – Радовиш реализираше повеќе поврзани активности насочени кон јакнење на финансиската писменост и поттикнување на активна младинска вклученост во Југоисточниот регион. Годината беше обележана со системски пристап – од истражување и анализа, до јавни настани и вмрежување. Истражувањето […]

  • Инвестирањето како клучна финансиска вештина за младите

    Во просториите на Up Hub Струмица, на 17 декември 2025 година, се одржа едукативно предавање посветено на инвестирањето и развојот на финансиски вештини кај младите. Настанот беше насочен кон практично разбирање на инвестирањето во хартии од вредност и улогата на финансиската едукација во носењето секојдневни и долгорочни финансиски одлуки. Во период кога младите сè порано […]

  • Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот

    Во текот на месеците мај и јуни 2025 година, партнерите во рамките на проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“ ги поставија основите на воспоставувањето на младинската мрежа, во која ќе членуваат млади лица од регионот, претставници на организации, компании и други релевантни чинители.

    Во месец мај, во Up Hub Струмица се одржа дебата на тема поврзана со пензискиот систем. Во рамките на дебатата, учесниците ги споделија своите ставови и размислувања за принципот на генерациска одговорност како модел на финансирање на пензиите, а имаа можност да научат повеќе за трите пензиски столбови во државата. Посебен интерес во дебатата предизвика улогата на институциите и економската стабилност како предуслов за одржливост на системот. Оваа дебата беше организирана од страна на Промо Идеа Струмица – Носител на проектот.
    Од страна на партнерите Новус од Струмица, беше организирана инфо сесија со млади од регионот на која се разговараше за теми како што се буџетирање, штедење и носење одговорни финансиски одлуки – важни аспекти на секојдневниот живот кои често изостануваат од формалното образование.

    Во просториите на Креативниот Центар на заедницата НЕКСУС во Радовиш, на 17 јуни 2025, се одржа Регионалната конференција „Финансиска писменост за млади“ – настан кој отвори важни прашања и актуелизираше теми поврзани со финансиската едукација на младите, нивната економска самостојност и улогата на сите чинители во заедницата во подигнување на финансиската култура.
    Конференцијата обедини над 30 учесници од Југоисточниот регион – млади луѓе, наставници, претставници од локалните самоуправи, бизнис-секторот и граѓански организации – кои заеднички дискутираа за реалните предизвици со кои младите се соочуваат во доменот на финансиското знаење и управување со лични средства.

    Покрај едукативниот карактер, конференцијата служеше и како платформа за вмрежување, размена на идеи и поттикнување нови иницијативи во локалните заедници. Учесниците ја изразија потребата овие теми да добијат континуитет и да се доближат уште повеќе до младите – преку работилници, обуки, дигитални ресурси и соработка со образовни институции.
    Проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“  е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas, а го спроведуваат здруженијата Промо Идеа Струмица, Новус Струмица и КРУНА Плус – Радовиш.

  • Финансиска писменост на младите во фокус: Дебата за пензии и инфо сесија за управување со лични финансии

    Во текот на месец мај 2025, младите од Југоисточниот регион активно се вклучија во едукативни активности организирани во рамки на проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“.
    Во Up Hub Струмица се одржа дебата на тема поврзана со пензискиот систем. Во рамките на дебатата, учесниците ги споделија своите ставови и размислувања за принципот на генерациска одговорност како модел на финансирање на пензиите, а имаа можност да научат повеќе за трите пензиски столбови во државата. Посебен интерес во дебатата предизвика улогата на институциите и економската стабилност како предуслов за одржливост на системот. Оваа дебата беше организирана од страна на Промо Идеа Струмица – Носител на проектот.
    Од страна на партнерите Новус од Струмица, беше организирана инфо сесија со млади од регионот на која се разговараше за теми како што се буџетирање, штедење и носење одговорни финансиски одлуки – важни аспекти на секојдневниот живот кои често изостануваат од формалното образование.

    Проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“  е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas, а го спроведуваат здруженијата Промо Идеа Струмица, Новус Струмица и КРУНА Плус – Радовиш.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор