[Aggregator] Downloaded image for imported item #51960

Промо Идеа и Новус ја претставија младинската мрежа за финансиска писменост на фестивалот „Ден на граѓанските организации“

На 3 октомври 2026 година, во Градскиот парк во Скопје, се одржа фестивалот „Ден на граѓанските организации“, организиран од Цивика мобилитас. Настанот ги поврза граѓанските организации со граѓаните и овозможи претставување на нивната работа, размена на идеи и запознавање со иницијативи за подобрување на животот во заедниците. Програмата опфати интерактивни работилници, едукативни активности, презентации и музички настапи.

Промо Идеа – Струмица учествуваше на фестивалот заедно со партнерската организација Новус, во рамки на проектот „Мрежа за финансиска писменост на младите во Југоистокот“. На заедничкиот штанд беа претставени информации и промотивни материјали за мрежата, нејзините активности и можностите за вклучување на нови членови.

Во фокусот на претставувањето беше важноста на финансиската писменост за секојдневниот живот на младите — од планирање на личниот буџет и управување со трошоците, до штедење и носење информирани финансиски одлуки. Преку информативните флаери со QR-код, посетителите имаа можност да пристапат до дополнителни информации и да се регистрираат за учество во мрежата.

Мрежата, воспоставена во Југоисточниот регион, се проширува и кон младите од другите региони во државата. Членството е целосно доброволно и бесплатно, а овозможува добивање информации и покани за настани и обуки за финансиска писменост, како и едукативни материјали преку е-пошта.

Учеството на фестивалот беше можност Промо Идеа и Новус да ја доближат оваа иницијатива до пошироката јавност и да поттикнат поголем интерес за финансиско образование. Преку заедничките активности, двете организации продолжуваат да ги поддржуваат младите во стекнувањето практични знаења и вештини за посамостојно и поодговорно управување со личните финансии.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение Центар за развој и промоција Промо идеа Струмица

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор