Untitled Design (13)

Повик – за избор на млади фасилитатори

Здружението Центар за развој и промоција Промо Идеа Струмица објавува повик за избор на млади лица кои ќе бидат вклучени како фасилитатори во рамки на обуката која ќе се спроведе како дел од проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“. Проектот има за цел да придонесе кон подобрување на финансиската писменост кај младите лица во Југоисточниот регион, преку развој на знаења и вештини поврзани со управување со јавните и локалните финансии, препознавање на ризици и појави на корупција, како и поттикнување одговорно и информирано финансиско одлучување Вклучувањето на лицата претставува можност за активно учество на младите во процесот на неформална едукација, развој на комуникациски и организациски вештини и стекнување практично искуство во работа со врсници.

Улога на фасилитаторите:

  • Поддршка при организација и реализација на обуките;
  • Асистенција на обучувачите и експертите за време на тренинг сесиите;
  • Поддршка за време на интерактивни активности, работа во групи и дискусии;
  • Помош во комуникацијата со учесниците и обезбедување активно учество на младите во обуките;
  • Учество на обуката организирана од здружението

Право на учество имаат:

  • Млади лица на возраст од 18 до 29 години;;
  • Лица од општините во Југоисточниот регион;
  • Лица со интерес за финансиска писменост, младински активизам, граѓанско учество и неформално образование;
  • Лица со мотивација за работа со врснички групи и подготвеност за активно учество во обуките

Начин на пријавување

Овој повик е споделен со младите членови на здружението Промо Идеа Струмица, испратен до три партнерски организации и објавен на веб страната на организацијата.
Заинтересираните кандидати потребно е да пополнат формулар за пријавување, достапен на овој линк или преку пополнување на писмена форма која е достапна во просториите на Up Hub Струмица.

Критериуми за избор

Избор на едно или максимум две лица кои ќе бидат вклучени како фасилитатори, ќе се изврши врз основа на следните критериуми:
– Претходно учество во младински активности, обуки, волонтерски иницијативи или граѓански активности поврзани со финансии, јавни политики и граѓанско учество (30 поени максимум);
– Претходно искуство во работа со млади, фасилитација на групи, волонтерски активности или младински организации (20 поени максимум)
– Резултати од проверка на основни познавања од областа на јавните и локалните финансии (5 поени -1 прашање/ 20 поени максимум);
– Резултати од интервју (30 поени максимум);

Максимум поени: 100

Најмногу две лица со освоени над 80 бодови ќе бидат избрани за учество како фасилитатори. Доколку повеќе од две лица имаат освоени над 80 бодови, ќе се спроведе дополнително тестирање.
Рокот за пријавување е 03 април, до 15 часот. Избор на едно или најмногу две лица ќе се изврши најдоцна до 17 април. Изборот на фасилитатор ќе го спроведе тим утврден од организацијата, составен од две лица, врз основа на утврдените критериуми.

Проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“ е поддржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, а го спроведуваат здруженијата Промо Идеа и Новус од Струмица, како и Здружение Круна Плус Радовиш.
Содржината и мислењата кои се изразени во овој повик се единствена одговорност на Здружение Центар за развој и промоција Промо Идеа Струмица и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение Центар за развој и промоција Промо идеа Струмица

Продолжи со читање

  • Јавен повик за избор на експерт(к)и за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на животната средина

    Македонското здружение на млади правници (МЗМП) објавува јавен повик за избор на двајца/две експерт(к)и за изработка на Извештај за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на правата од областа на животната средина во рамки на проектот „Зајакнато граѓанско учество во заштита на животната […]
    The post Јавен повик за избор на експерт(к)и за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на животната средина appeared first on Myla.

  • Повик за нови членови на Управниор одбор на МОФ

    Врз основа на член 19 и 27 од Статутот на Младинскиот образовен форум, како и врз основа на одлука на Претседателот на Младински образовен форум донесена на 01.10.2026 година, на 01.10.2026 се распишува ПОВИК за нови членови на Управниот одбор Повикот се распишува за избор на нов состав на Управниот одбор на Младински образовен форум […]
    The post Повик за нови членови на Управниор одбор на МОФ appeared first on МОФ.

  • Повик за учество во иницијативата за проценка на деловен интегритет: Станете дел од Белата книга за деловен интегритет!

    Дали вашата компанија негува високи етички стандарди, транспарентност и политики за заштита од корупција?
    Ги покануваме сите одговорни и визионерски компании во Република Северна Македонија да се пријават и да бидат дел од процесот на мапирање и проценка на деловниот интегритет.

  • Youth Climate Diplomacy Forum – Skopje Local Point: Повик за млади за климатска акција и дипломатија

    Младите се важен дел од разговорот за климатските промени и иднината на животната средина. Тие не се само идни носители на промени, туку и активни учесници во процесите што се одвиваат денес. Токму затоа, Eco Logic – Скопје, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го организира презентацискиот и промотивниот настан за YCDF Skopje […]

  • Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели

    RISE Balkans Зајакнување на гласот на младите: одговорност, интегритет, солидарност и граѓанско ангажирање на Балканот Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели Регионалниот проект RISE Balkans бара мотивирани и ангажирани млади луѓе кои ќе се приклучат на возбудлива програма за лидерство меѓу врсници – Млади граѓански двигатели. Избраните учесници ќе бидат обучени како фасилитатори на Клиниките за добро владеење – интерактивни, тематски работилници кои се дизајнирани да го доближат владеењето до граѓаните и…

  • [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција

    Мобилизација заснована на податоци и консултации со граѓаните Пријави се за дводневната онлајн програма на 28 и 29 септември, од 15:00 до 19:00 часот, и запознај се со практични алатки за застапување, вклучување на граѓаните и поттикнување општествени промени. Како да го препознаеме проблемот што сакаме да го решиме? Како да ги разбереме искуствата на […]
    The post [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција appeared first on МОФ.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор