Author: Институт за европска политика

Мисијата на ЕПИ е да обезбеди дебата за решенија преку високо квалитетни истражувања и предлози за европски политики, насочена кон носителите на одлуки и пошироката јавност.

[Отворен повик] ЕПИ има потреба од волонтер/ка

Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје има потреба од ангажман на волонтер/ка кој/а ќе биде вклучен/а во проектните активности на организацијата. Времетраењето на ангжманот е предвидено да трае три месеци, со можност за продолжување. Како услови за волонтирање, ЕПИ го наведува следново:   Додипломски студии (правни, политички); Солидно познавање…

ЕПИ презентираше на 46. Претсесија од четвртиот циклус на УПП и одржа застапувачки состаноци со постојани мисии во ООН

ЕПИ минатата недела учествуваше на 46. претсесија од четвртиот циклус на Универзалниот периодичен преглед (УПП) во канцелариите на Обединетите нации во Женева, Швајцарија. Нашата истражувачка, Ангела Делевска ја презентираше изјавата на ЕПИ која опфаќа две актуелни прашања, предизвиците и пречките за независноста и плурализмот на националното тело за еднаквост, односно…

Потпишани грантовите договори со три организации за зајакнување на граѓанската вклученост во РЈА

ЕПИ потпиша договори за грант со три граѓански организации кои ќе работат проекти за вклученост на граѓанските организации во реформата на јавна администрација на локално ниво.   „Организацијата на потрошувачи на Македонија“ ќе спроведува 10-месечен проект во кој ќе работат на дигитализација и модернизација на јавните комунални услуги во Охрид….

Граѓанските организации, институциите и експертите ги дискутираа клучните наоди и препораки од осмиот Извештај во сенка за Поглавје 23

Клучните наоди и препораки од осмиот по ред Извештај во сенка за Поглавје 23 кој Институтот за европска политика го изработува, вчера беа дискутирани со претставници од институциите, граѓанските организации и експерти. Овој извештај во сенка го опфаќа периодот од октомври 2022 година до септември 2023 и ги обединува во…

Разнишани темели на преговорите

Кратка анализа на извештајот на ЕК за Република Северна Македонија 2023 година Клучните елементи од годинешниот пакетот за проширување се условените препораки за почеток на преговорите со Украина, Молдавија и Босна и Херцеговина, кандидатскиот статус за Грузија, како и Планот за раст што го објави Комисијата. Анализата на оценките на…

Дебата: Потребни се реформи дома за приближување кон ЕУ

Северна Македонија треба да направи напори да ги заврши реформите во земјава за да може да стане членка на ЕУ. Ова беше заклучокот на дебатниот настан „Новите геополитички случувања и влијанието врз Северна Македонија“ кој се одржа вчера во Скопје со граѓаните од Скопскиот регион.   Граѓаните, сепак, забележуваат и…

Информативна сесија за грантовата шема „Вклучување на граѓаните во реформата на јавната администрација (РЈА) на локално ниво“

Институтот за европска политика – Скопје организира информативна сесија за грантовата шема „Вклучување на граѓаните во реформата на јавната администрација (РЈА) на локално ниво“ во рамките на Проектот WeBER 3.0. Информативната сесија ќе се одржи на ден 19 октомври 2020 (четврток) онлајн преку платформата Zoom во 11.30 часот. За повеќе информации…

Блупринт групата за реформи во правосудството се повлекува од процесот за изработка на новиот Кривичен законик

Блупринт групата на граѓански организации за реформи во правосудството соопштува дека се повлекува од понатамошно учество и давање придонес во процесот на изработка на новиот Кривичен Законик. Сметаме дека нашето учество е беспредметно во постапка која суштински го озаконува незаконитото, што е дополнително спротивно на нашата мисија за конструктивно, транспарентно…

[Отворен повик] Грантова шема: Вклучување на граѓаните во реформата на јавната администрација (РЈА) на локално ниво

Проектот „Овозможување на реформа на јавната администрација во Западен Балкан – WeBER 3.0“ е три и пол годишен регионален проект вреден 1.444.451 EUR, финансиран од страна на Европската Унија, претставена од Европската комисија и кофинасиран од Австриска развојна агенција. Периодот на имплементација на проектот е од февруари 2023 до јули…

Извештајот за темелни права на ФРА изработен од ЕПИ презентиран во Собранието

Наодите од Годишниот извештај за темелните права на Агенцијата за темелни права на Европската Унија (ФРА)  беа презентирани и дискутирани на јавна расправа во Собранието на Република Северна Македонија во петокот. Овој извештај четврта година по ред е изработен од Институтот за европска политика, како национален истражувачки центар за ФРА…

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор