Потпишани грантовите договори со три организации за зајакнување на граѓанската вклученост во РЈА

ЕПИ потпиша договори за грант со три граѓански организации кои ќе работат проекти за вклученост на граѓанските организации во реформата на јавна администрација на локално ниво.

 

„Организацијата на потрошувачи на Македонија“ ќе спроведува 10-месечен проект во кој ќе работат на дигитализација и модернизација на јавните комунални услуги во Охрид. „Центарот за социјални иновации Блинк 42-21“ ќе работат на 10-месечен проект за искористувањето на технологијата за подобрување на јавните услуги преку дигиталната платформа мЗаедница. Организацијата „Про локал“ ќе работи на 14-месечен проект за дигитална општина поблиска до граѓаните, со проект во Битола.

Тематски и преку специфични активности, проектите поддржани преку грантовата шема ќе бидат силно интегрирани во структурата на Проектот WeBER 3.0 и директно ќе придонесат кон остварување на целопкупните цели на проектот.

 

За избраните грантисти од сите земји од Западен Балкан беше организирана тридневна обука во Белград која опфаќаше два дена посветени на методологијата за размислување за дизајн (design thinking)  и еден ден посветен на процедурите за финансиско управување и добрите практики во областа на управување со проекти.

 

Грантовата шема е дел од проектот „Овозможување на реформа на јавната администрација во Западен Балкан – WeBER 3.0“ спроведуван од мрежата на граѓански организации „Мисли за Европа“ (Think for Europe), финансиран од Европската Унија, претставена од Европската комисија и кофинасиран од Австриска развојна агенција.

The post Потпишани грантовите договори со три организации за зајакнување на граѓанската вклученост во РЈА appeared first on EPI.

Продолжи со читање

  • Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето

    Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда. Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и […]

  • Како да се слушне гласот на граѓаните? РЕСИС организираше работилница и дебата во Велес

    Како граѓанските барања и проблеми да бидат повидливи и слушнати од локалната власт? Токму ова прашање беше во срцето на работилницата и јавната дебата што Институтот РЕСИС ја одржа во Велес со граѓани и со претставници на општините од Вардарскиот Регион.

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    На 19 мај, во Скопје, Фондацијата Метаморфозис во соработка со International IDEA го организираше настанот „Зајакнување на отпорноста кон изборни манипулации со информации“, посветен на справувањето со странското мешање и манипулациите со информации (ФИМИ), дезинформациите и заканите по изборниот интегритет. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Справување со изборно поврзани манипулации со информации и […]

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор