Државното финансирање на граѓанските организации е инвестиција
Во новиот број на Граѓаните за промена, фокусот е ставен на овозможувачката околина.
„Нема напредок во сеопфатната реформа на рамката за државно финансирање на граѓанските организации“–ова е старо-новата констатација на Извештајот за овозможувачка околина за 2023 година што беше објавен минатиот месец. Се разбира, ова не е единствениот елемент на овозможувачката околина, но секако е еден од оние за кои најчесто дебатираат институциите и граѓанските организации, за жал, како што вели извештајот, без поместувања.






