Author: Коалиција сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници МАРГИНИ Скопје

  • Кога те нема, најприсутна си тогаш: Родот и сексуалноста помеѓу субверзија и дисциплина во македонската култура

    Со задоволство го објавуваме дигиталното издание на зборникот „Кога те нема, најприсутна си тогаш: Родот и сексуалноста помеѓу субверзија и дисциплина во македонската култура“ (ур. Славчо Димитров и Мања Величковска, Коалиција МАРГИНИ) Публикацијата сега е достапна бесплатно за читање и преземање.   Овој интердисциплинарен зборник истражува…

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ДИЗАЈНЕР/КА

    1. За проектот Коалиција МАРГИНИ објавува јавен повик за ангажирање на дизајнер/ка за подготовка на визуелен дизајн на три (3) извештаи во рамки на проектот WE CARE: United we stand to fight against sexual and gender-based violence. 2. Опис на ангажманот Избраниот/ата дизајнер/ка ќе биде…

  • Повик за ангажирање на национален/а истражувач/ка

    📣 ПОВИК за ангажирање на национален/а истражувач/ка – Policy Analyst  во рамки на проектот  “Working Safe: Socio-economic Inclusion of the LGBTQI+ Community in the Western Balkans and Turkey” (ERA) Коалиција МАРГИНИ објавува јавен повик за ангажирање на еден/една национален/а policy analyst за подготовка на национален…

  • И ПОСЛЕ Сѐ, ПРОБЛЕМИ СО РОДОТ – Критички истражувања за родот, полот и сексуалноста

    Го објавуваме и дигитално изданието И ПОСЛЕ Сѐ, ПРОБЛЕМИ СО РОДОТ – Критички истражувања за родот, полот и сексуалноста, зборник што произлезе од потребата да се создаде простор за колективно критичко мислење во услови на растечка антиродова реторика и засилен неоконзервативен притисок. Наместо да се…

  • Придушени гласови: Анализа на застапеноста на родовите и на ЛГБТИК+ перспективите на локалните избори 2025 година

    Коалиција Маргини изминатиов направи мониторинг на локалните избори во Северна Македонија и како резултат ја издаваме нашата публикација „ Придушени гласови: Анализа на застапеноста на родовите и на ЛГБТИК+ перспективите на локалните избори 2025 година“. Уредник на апликацијата е Ангел Димитриевски, а авторка на публикацијата…

  • Репродукција или казна: Како власта ни ја дисциплинира иднината

    05 Jul Репродукција или казна: Како власта ни ја дисциплинира иднинатаКоалиција Маргини: Да се зборува за зголемување на наталитет како политички хоризонт, а не како резултат на веќе постојна нееднаквост, е политичко лицемерие кое не само што не нуди решение, туку го засилува проблемот.Остро ја осудуваме изјавата на Мицкоски дека „време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца, младите ќе стапуваат во брак, а оние кои што се отселени ќе се вратат“. Ова е далеку од наивна визија, и претставува редефинирање на државата како биополитички проект, во кој државноста се мери преку способноста да се дисциплинира телото, да се контролира приватноста и да се одреди кој живот вреди.Наместо признание на одговорност, добиваме најава на морален императив, што репродуцира политички цинизам и наводна загриженост што го продолжува насилството врз сите што не се вклопуваат во моделот на „добрата“ држава. За да го наметне падот на наталитетот како најголема закана, Мицкоски ја користи демографијата како алатка за дефокус и релативизирање на дневните трагедии, додека жртвите, болката и гневот што го одбележуваат нашето секојдневие ги сведува на „драматични вести“ што го вознемируваат неговото премиерско спокојство!Во земја каде што една третина од жените се невработени, каде жени умираат при породување и нивните органи се крадат, каде самохраните мајки се оставени без поддршка, каде ЛГБТИ луѓето, како и сите што живеат надвор од хетеронормативниот модел, немаат ниту елементарно признание и правна можност за градење заедници, каде што сиромаштијата е структурна состојба, а пристапот до труд селективен, исклучувачки и непредвидлив – да се зборува за зголемување на наталитет како политички хоризонт, а не како резултат на веќе постојна нееднаквост, е политичко лицемерие кое не само што не нуди решение, туку го засилува проблемот.Најавите за даночни санкции за немажени и неженети лица, е познат механизам за статистичко бришење на сиромаштијата и за казнување на оние што не се вклопуваат. Ако животот е прескап, одговорот не е да се смени формулата што го покажува тоа, туку да се промени состојбата што го предизвикува.Мицкоски нуди логика во која сиромаштијата и животот надвор од конзервативниот фетиш за нуклеарното семејство се повод за вина, поради која овие луѓе треба да се покорат или прилагодат – во име на апстрактен морал што ги негира нивните конкретни животи.Самохраните родител(к)и, лезбејките, геј луѓето, транс лицата, сите вонбрачни, нерегистрирани, непризнати, невидливи форми на живот во ваквата визија избришани од политичката замисла што признава само еден модел: бракот како доказ за нормалност, мајчинството како услов за признание, и семејството како алатка на државна репродукција. Во оваа примарно фашистичка, и подоцна општо авторитарна политика, жената не постои надвор од улогата на мајка, а детето не постои ако е родено „надвор од бракот“..Кога дури и официјалните податоци покажуваат дека масовната миграција е резултат на долгорочна економска несигурност, корупција, непотизам и институционален колапс – состојби што актуелната власт не само што не ги решила, туку активно ги одржува – премиерот бесрамно тврди дека ќе „живееме со повеќе срце“ ако се мажиме, раѓаме и се враќаме дома. Во држава каде што срцевите заболувања се водечка причина за смрт, каде што загадениот воздух го прави секое вдишување ризик, каде што здравствениот систем е нефункционален, а телото се третира како трошок – апелот на Мицкоски не звучи како повик на живот, туку како замаглување на неправдата што го одбива истиот тој живот.Уште повеќе, тој зборува и како да не е премиер. Како да не е политички наследник на практики што ни ја цементирале сегашната демографската криза. Како да страда од Пинокио-синдром, Мицкоски се претставува како некој кој дури сега, конечно се освестува и станува „вистинско момче“, па и ја презема државата „во свои раце“, како досега да немал никаква улога и одговорност. Со овој јазичен маневар прави целен обид за бришење на политичката одговорност и за претставување на веќе постојната состојба како нешто што тукушто почнува и што допрва треба да се решава, со што е јасно дека нема никаква намера вистински да се погрижи за проблемот.Оттука, повеќе од јасно е дека луѓето не заминуваат затоа што се откажале од потребата да создаваат заедници и семејства, туку затоа што државата одамна се откажала од нив!Поврзувањето на достоинственото живеење со послушноста кон бракот и репродукцијата не е политичка визија, туку биоморален диктат што ја префрла вината врз поединецот и ги поништува условите што државата одбива да ги гарантира.

  • Меланхоличната тежина на сексот

    Од: Грација Атанасовскатекстот е оригинално објавен на meduza.mk Амиа Сринивасан, филозофина и теоретичарка, во воведот на својата книга Правото на секс (The Right to Sex, 2021) вели дека, во денешно време, навикнати сме да гледаме на сексот како на нешто што постои надвор од политиката. Таа раскажува…

  • Од образованието очекуваме да биде коректор на општеството | Оддржан Јавен форум за родова еднаквост

    На 30 октомври 2024 година, во хотел Арка, Скопје, се одржа Јавен форум за еднаквост во образованието. На првиот панел се дискутираше за предизвиците и можностите во воведувањето нови инклузивни образовни политики, додека во вториот панел фокусот беше ставен на институционалното насилство кон младите. Настанот…

  • Реакција за предлог законот за изменување и дополнување на Законот за основно образование и Предлог законот за средно образование

    Платформата за родова еднаквост најостро реагира на предлогот на Министерството за образование и наука за Закон за изменување и дополнување на Законот за основно образование во кој го промени членот за заштита од дискриминација на начин што ги отстранува дискриминаторските основи род, сексуална ориентација и…

  • Род и моден код во училишните правила на облекување

    Пишува: Илја Лин ГладковаТекстот е оригинално објавен на trn.mk „Така треба, а не залепени хеланки, голи мешиња, провокативни ко да имаат 20 години, на ништо не личат, ни учат ни слушаат само која од која поразголена“ „Така треба да биде! А не како да си во…

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор