Author: Здружение за заштита и унапредување на животната средина ЕКО ЛОГИК

  • Еко Логик избран за контакт точка на YCDF – нов чекор кон поодржлива иднина

    Со огромно задоволство ја објавуваме веста дека Еко Логик е официјално избран како контакт точка за Скопје во рамките на Форумот за Младинска Климатска Дипломатија за Југоисточна Европа (Youth Climate Diplomacy Forum – YCDF). Овој избор не е само признание за нашата долгорочна работа во полето на животната средина, туку и значајна можност за понатамошно […]

  • Еко Логик на Националниот форум 2025 – зајакнување на улогата на граѓанското општество

    На 26 ноември 2025 година, Еко Логик учествуваше на Националниот форум – Саем на граѓански организации, кој оваа година се одржа под мотото „Соработка на Владата со граѓанското општество“. Настанот претставуваше важна можност за дијалог, размена на искуства и унапредување на соработката помеѓу институциите и граѓанските организации. Во рамките на саемот, тимот на Еко Логик […]

  • Eco Logic: Посветени на инклузивно и одржливо учење преку проектот DIFERAL

    Eco Logic со гордост учествува во европскиот проект DIFERAL, иницијатива која ги обединува диференцираната настава и еколошкото образование за да создаде училници во кои секој ученик има можност да напредува. Проектот има за цел да поттикне современи пристапи во наставата, при што различните потреби, способности и интереси на учениците се претворени во силна основа за […]

  • Инклузивно и одржливо учење низ Европа: Како DIFERAL ја трансформира наставата

    Во време кога европските училишта сè повеќе се соочуваат со предизвикот да обезбедат образование што е истовремено инклузивно, креативно и одржливо, проектот DIFERAL се издвојува како пример за вистинска трансформација. Проектот има за цел да промовира еколошки ориентирано и диференцирано учење, поддржувајќи ги наставниците во креирањето образовни средини кои ги почитуваат различните потреби на учениците […]

  • Еко Логик го проширува својот тим со волонтерка од Турција

    Во Еко Логик секогаш со задоволство ги пречекуваме младите луѓе кои сакаат да придонесат кон позитивни промени во заедницата. Волонтерството кај нас претставува можност за практично учење, културна размена, личен и професионален развој. Токму такво искуство ја очекува и Мине од Фетије, Турција, која ни се приклучува како волонтерка со длабока посветеност кон биологијата, одржливоста […]

  • Eco Logic меѓу најбараните организации на INNEXA Alliance 2025 во Мадрид

    На 4 и 5 ноември, во Talent Garden – Мадрид, се одржа настанот на INNEXA Alliance, кој обедини 127 учесници, 84 организации и 34 земји од 3 континенти, меѓу кои беа универзитети, компании, јавни институции и граѓански организации посветени на иновации, одржливост и прекугранична соработка. Вкупно беа организирани 445 состаноци, а нашата организација беше препознаена […]

  • Eco-Logic стана член на CONNECT International

    Со голема чест и гордост објавуваме дека нашата работа беше препознаена со што Eco-Logic станува најнов член на CONNECT International – европска мрежа која обединува поединци и организации посветени на подршка на младите и заштита на дигиталните права. CONNECT International ги обединува организациите кои веруваат дека партнерствата и мрежите се важен двигател на промени, а […]

  • Десетина моќни гласови и една заедничка порака: Скопје заслужува да биде подобар и позелен град

    Вчера, на 30 октомври, амфитеатарот на Нетавил се претвори во сцена каде што градот проговори – преку гласовите на активисти, експерти, средношколци и пензионери кои споделија една заедничка визија: Скопје заслужува да биде поубаво, позелено и похумано место за живеење. Под наслов „Што со пост-изборно Скопје?“, граѓаните имаа можност да дискутираат, да прашаат и да […]

  • INNO Kids – Кога учењето станува игра, а играта инспирација!

    Настанот INNO Kids ја претстави новата димензија на образованието – онаа во која учењето станува забавно, динамично и инспиративно. Овој еднодневен настан собра повеќе од 40 наставници од различни училишта и дисциплини, обединети околу една идеја – дека образованието може и треба да биде креативно, инклузивно и насочено кон активна улога на учениците. Во текот […]

  • Bure-Cycle: Иновативно решение за одржлива урбана мобилност

    Reference No. MKD25_0010 – 01Времетраење на проектот: 1 септември 2025 – 31 мај 2026 Eco Logic ја претставува иницијативата Bure-Cycle, развиена со цел да придонесе кон одржлива урбана мобилност и подобрување на квалитетот на јавните простори преку принципите на циркуларната економија.Производот претставува модел на велосипедски паркинзи изработени од пренаменети метални буриња и искористени внатрешни гуми […]

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор