Author: ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

  • Отворен е нов Инстаграм канал „Safe Muabeti“: Ваш безбеден простор за поддршка и информации

    ХОПС го претставува „Safe Muabeti“, нашиот нов Инстаграм канал посветен на обезбедување поддршка и информации за психоактивни супстанци. Овој канал, достапен на https://www.instagram.com/safemuabeti?igsh=MWt3b3hnY3lnYW1qbA==, е безбедно и анонимно место, специјално креирано за млади кои бараат информации, поддршка или стручна помош во врска со употребата на супстанци, без разлика дали се работи за превенција, намалување на штета или одвикнување. Каналот е лансиран овој месец со цел да се создаде отворена платформа за дијалог и поддршка.Употребата на психоактивни супстанци, а особено на нови психоактивни супстанци (НПС), претставува сè поголем проблем на јавното здравство и заедницата. НПС се синтетички супстанци кои ги имитираат ефектите на традиционалните дроги, но често се непредвидливи и многу поопасни заради непознатиот состав и јачина. Достапноста на овие супстанци преку интернет и социјалните мрежи дополнително ја отежнува ситуацијата, правејќи ги лесно достапни за младите. Недостатокот на информации и стигматизацијата често ги спречуваат младите луѓе да побараат помош, што може да доведе до сериозни здравствени и социјални последици.Токму затоа „Safe Muabeti“ е осмислен како безбеден простор каде што може да се разговара за овие чувствителни теми без страв од осуда. Нашиот пристап се заснова на намалување на штетата (harm reduction) со крајна цел – подобрување на здравјето и квалитетот на живот, вклучувајќи ја и поддршката за апстиненција кога е тоа соодветно. Веруваме дека со информирање, едукација и обезбедување поддршка можеме да им помогнеме на поединците да носат посигурни одлуки и да го подобрат своето здравје и квалитет на живот, промовирајќи одговорно однесување и здрав начин на живот.На каналот „Safe Muabeti“ можете да најдете:Сигурна поддршка: Тим од стручни експерти е тука да одговори на вашите прашања и да даде совети, насочувајќи ве кон најдобрите решенија за вашето здравје.Анонимност: Вашата приватност е наш приоритет. Можете да поставувате прашања без да го откриете вашиот идентитет.Релевантни информации: Едукативна содржина за различни супстанци, ризици, превенција и начини за намалување на штетата.Модерирана дискусија: Поттикнуваме разговор во безбедна средина, каде што професионалци ги модерираат дискусиите за да обезбедат точни информации и поддршка, спречувајќи несоодветни содржини.Каналот „Safe Muabeti“ е дел од поширокиот NextGEN Проект, кој има за цел да обезбеди сеопфатна поддршка за младите. Како дел од овој проект, наскоро ќе го лансираме и нашиот посветен веб-сајт, кој ќе претставува ексклузивна онлајн платформа за поддршка, помош и едукација. Веб-сајтот ќе понуди дополнителни ресурси, детални информации и интерактивни алатки, проширувајќи ги можностите за пристап до стручна помош.Ве покануваме да се придружите на заедницата „Safe Muabeti“ на Инстаграм. Вашето учество е клучно!Следете нè: Бидете во тек со најновите информации и објави.Поставувајте прашања: Не двоумете се да побарате совет или информации од нашиот тим на експерти.Споделете го линкот: Помогнете ни да допреме до што поголем број луѓе на кои им е потребна поддршка. Споделете го линкот https://www.instagram.com/safemuabeti?igsh=MWt3b3hnY3lnYW1qbA== со вашите пријатели, семејство и на социјалните мрежи.Вклучете се во разговорите: Вашите искуства и мислења, споделени на одговорен начин, се важни и можат да им помогнат на другите.Заедно можеме да создадеме опкружување во кое чувствителните теми се третираат со разбирање и емпатија, а секој има пристап до потребните информации и поддршка за да донесе здрави одлуки. Придружете ни се и да бидеме дел од позитивната промена!

  • Повик за надворешен експерт

    ПОВИК ЗА АНГАЖМАН НА НАДВОРЕШЕН ЕКСПЕРТ/КА за изработка на Policy Paper (Документ за политики) за поддршка на имплементацијата на Националната програма за превенција на употреба на дроги во средните училишта. За потребите на проектот „Воспоставување на национален систем за превенција на употреба на дрога во училиштата“, поддржан од Европскиот инструмент за демократија и човекови права […]
    The post Повик за надворешен експерт appeared first on ХОПС.

  • Како Северна Македонија се соочува со предизвикот на употребата на супстанции кај младите?

    Употребата на психоактивни супстанции претставува сè поголем предизвик низ цела Европа, а Северна Македонија не е исклучок. Иако канабисот сè уште е најчесто користена супстанција, порастот на употребата на синтетички дроги – особено меѓу младите – бара итна и координирана реакција. Ние од ХОПС, длабоко сме посветени на намалување на штетите и подобрување на јавното здравје, и сакаме вниманието да го насочиме кон клучните статистики што ја отсликуваат сериозноста на овој проблем во нашата земја.Тековна состојба и загрижувачки податоци:Според истражувањето на ХОПС, резултатите покажуваат високи стапки на употреба на различни супстанции:Канабис: 74% од испитаниците изјавиле дека користеле канабис во последниот месец.Кокаин: 40% од испитаниците користеле кокаин.МДМА (екстази): 30% од испитаниците користеле МДМА.Амфетамини: Значителен процент изјавиле употреба и на амфетамини.Овие податоци јасно укажуваат на широка распространетост на различни психоактивни супстанции на нелегалниот пазар.Дополнително, извештајот „Substance Abuse among the General Population in the Republic of Macedonia“ од 2017 година, поддржан од Европскиот центар за мониторинг на дроги и зависности од дроги (EMCDDA), дава поширока слика за состојбата во општата популација. Во него се нагласува присуството на нови психоактивни супстанции, како „legal highs“, „bath salts“ и „research chemicals“ (како катинони, фенетиламини, мефедрон), кои се појавуваат во форма на билни мешавини за пушење, прашоци, кристали или таблети. Нивната непозната јачина и состав дополнително ја усложнуваат ситуацијата.Младите и влијанието на пандемијата:КОВИД-19 остави значителни последици врз менталното здравје и секојдневниот живот на младите. Според истражувањето за младински трендови од 2022 година:58% од младите изјавиле дека нивниот живот значително се променил за време на пандемијата.Речиси половина (43,9%) веруваат дека животот донекаде ќе се врати во нормала, додека 10,2% немаат никаква надеж за тоа.Овие резултати упатуваат на тоа дека чувството на несигурност и намалената надеж може да ги направат младите поподложни на употреба на супстанции, како начин за справување со стресот и неизвесноста. Законската рамка и потребата од услуги за тестирање супстанции:Сегашната законска рамка во Северна Македонија ниту го забранува ниту го овозможува спроведувањето на услуги за проверка или анализа на составот на супстанциите кои сè почесто се користат. Тоа претставува сериозна пречка во превенцијата од предозирања и други штетни последици. Воведувањето вакви услуги е клучен чекор кој бара конкретни законски измени, како и јасна и усогласена пракса од страна на надлежните институции на национално и локално ниво. Со тоа ќе се овозможи безбедно спроведување на програмите и ќе им се даде можност на луѓето кои користат дроги да ги тестираат супстанциите без страв од кривично гонење. Повик за заедничка акција:Како организација што работи директно со заедницата, ХОПС смета дека решението лежи во мултисекторски пристап кој вклучува:Измени на законската рамка – неопходно е да се воспостави правна основа за безбедно и ефикасно спроведување на услуги за тестирање супстанции.Воспоставување сервиси за проверка/тестирање супстанции – спроведени од Министерството за здравство во соработка со граѓански организации со искуство во програми за намалување на штети.Едукација и подигање на свеста – преку кампањи насочени кон младите, со информации за ризиците од употреба на супстанции со непознат состав.Психосоцијална поддршка – зајакнување на програмите за ментално здравје кај младите.Ги повикуваме сите релевантни чинители – образовните институции, граѓанските организации, академската заедница и меѓународните партнери – да ги здружиме силите. Единствено преку заедничка и акција заснована на податоци и добри практики, можеме ефективно да се справиме со проблемот на употреба на психоактивни супстанции и да ја заштитиме иднината на младите во Северна Македонија.

  • Што ни кажуваат младите, и дали некој конечно ги слуша?

    Во рамки на проектот NextGEN (NextGen Намалување на штети: Справување со предизвикот на новите психоактивни супстанции), кој се однесува на воспоставување на он-лајн сервиси кои треба да понудат едукација за безбедно однесување на младите со новите психоактивни супстанци, почнавме да ги прашуваме младите: Што знаете за новите дроги? Каде и како дознавате за нив? Кому […]
    The post Што ни кажуваат младите, и дали некој конечно ги слуша? appeared first on ХОПС.

  • Голем чекор напред: Министерството за образование и наука се приклучува како партнер во проектот за спречување на употреба на дроги во средните училишта!

    Употребата на психоактивни супстанции кај младите е алармантна. Според последните истражувања, речиси 40% од младите експериментираат од љубопитност, а 28.6% од лична незадоволност. Овие бројки не се само статистика – тие се повик за акција.Како одговор, започнавме иницијатива за воспоставување на „Национален систем за превенција на употреба на дроги во училиштата“, предводен од ХОПС во партнерство со граѓанскиот сектор и институциите.Нашите цели:Развој и усвојување на национални стандарди и програма за превенцијаИзработка на практичен прирачник за наставници, психолози и педагозиОбука на над 200 професионалциПилот програма во избрано средно училиштеДенес со задоволство објавуваме дека Министерството за образование и наука официјално ја поддржува и стана партнер во иницијативата за воспоставување на „Национален систем за превенција на употреба на дроги во училиштата“!Ова е клучен чекор кон институционализација на превенцијата – не како ад-хок активност, туку како системски пристап кој ќе го заштити здравјето и иднината на учениците во Северна Македонија.Благодарност до МОН за визијата и партнерството. Сега е време за заедничка имплементација.

  • Донаторски кружок 2025: Заедно за безбедна младешка љубопитност

    На 12 јуни 2025, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје учествуваше на Донаторскиот Кружок организиран од Конект, настан кој обедини над 120 граѓани и компании во заедничка мисија за подобро општество. Преку оваа иницијатива беа собрани 683.000 денари за поддршка на три граѓански организации, од кои една беше и ХОПС.Нашата иницијатива е насочена кон едукација на младите за безбедност при експериментирање со дроги во ноќни клубови, паркови и фестивали. Истражувањата покажуваат дека 70% од младите експериментираат со дроги без да имаат пристап до проверени информации и поддршка. Затоа, средствата обезбедени преку овој настан ќе помогнат стручните лица на ХОПС да бидат советници  на терен – подготвени да одговорат на прашања, да понудат помош и да промовираат здрави животни избори.Донаторскиот Кружок 2025 уште еднаш ја потврди важноста на колективното давање како двигател за позитивни промени. Благодарение на поддршката од граѓаните и корпоративните донатори, оваа иницијатива не само што ќе ја зајакне работата на ХОПС, туку и ќе придонесе за посигурна иднина на младите во нашата заедница. Да градиме заедно хумано и солидарно општество. Поддржете не: www.hops.org.mk/donacii

  • Настан: Едукацијата менува, казната крши

    Дојдете и бидете дел од глобалната кампања „Support. Don’t Punish.“ (Поддржи. Не казнувај.) на настанот што ќе се одржи на 20 јуни, со почеток во 20:00 часот, во 1020 Kitchen & Bar во Лептокарија.Долгогодишната репресија и казнувањето на луѓето за лична употреба на дроги се покажаа како крајно неефикасни и штетни. Овие застарени пристапи ги туркаат луѓето на маргините на општеството, наместо да им понудат поддршка. Време е да ги промениме овие политики и да се фокусираме на поддршка, здравје и човекови права.Додека разменуваме мислења за оваа важна тема, ќе уживаме во одличен DJ сет од DJ BB14 x BV14. Истовремено, ќе имаме можност да проследиме и live art перформанс на mr. Poked, кој визуелно ќе ја пренесе пораката „Едукацијата менува, казната крши“.Не пропуштајте ја можноста да се забавувате, да размените мислења и да придонесете за позитивни промени во нашето општество. Ве очекуваме!

  • Kампања „Едукацијата менува, казната крши“

    Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје ја започна кампањата „Едукацијата менува, казната крши“, како дел од глобалното движење „Support. Don’t Punish“. Главната цел на оваа иницијатива е да се нагласи неопходноста од итни реформи во актуелните политики за дроги во Северна Македонија, особено по неодамнешните измени на Законот за прекршоци против јавен ред и мир.Традиционалните политики на „војна против дрогите“ од минатиот век донесоа огромни штети, криминализирајќи ги луѓето кои употребуваат дроги и туркајќи ги на маргините на општеството. Ова резултираше со ускратување на основните човекови права, вклучувајќи пристап до здравствена грижа и третман.Како одговор на овие репресивни политики, во 2013 година започна глобалното движење „Support, don’t punish“ („Поддржи, не казнувај“). Оваа иницијатива се залага за политики кои се фокусираат на јавното здравје и човековите права, наместо на прогон и репресија. Целта е да се подигне свеста, да се зајакнат заедниците погодени од овие политики и да се отвори дијалог со креаторите на политиките.ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, повеќе од една деценија е активен дел од оваа глобална кампања. Нашата цел е да го пренасочиме фокусот од казнувањето кон неопходната поддршка и почитување на правата на луѓето кои употребуваат дроги.Неодамна, Собранието ги усвои измените на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, со кои се воведе парична казна од 100 до 250 евра за поседување наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори за лична употреба. Иако предлагачите тврдат дека ова ќе овозможи санкционирање и одвраќање на рецидивистите, ХОПС смета дека овие причини не соодветствуваат со праксата.Кампањата се фокусира на неколку клучни аргументи:Едукацијата пред казната: Основниот принцип е дека едукацијата и превенцијата се многу поефективни во справувањето со проблемите поврзани со дрогите отколку строгите казнени мерки. Казнувањето, особено за корисниците на дроги, честопати води кон стигматизација, социјална исклученост и влошување на проблемот, наместо негово решавање.Хуман пристап: ХОПС се залага за хуман пристап кон луѓето кои користат дроги, третирајќи ги како индивидуи на кои им е потребна поддршка и помош, а не само казна. Ова вклучува пристап до здравствени услуги, советување и програми за намалување на штети.Потреба од реформи: Постоечките закони и политики за дроги се застарени и неефикасни. Неодамнешните измени на Законот за прекршоци против јавен ред и мир, кои можеби предвидуваат построги казни, се гледаат како чекор наназад кој потенцијално може да ја влоши состојбата.Глобална поддршка: Кампањата е дел од поширокото меѓународно движење „Support. Don’t Punish“, што ѝ дава тежина и ја става во контекст на глобалните напори за хуманизирање на политиките за дроги.Поканети сте на настанот „Едукацијата менува, казната крши“, дел од глобалната кампања „Support. Don’t Punish“.Кога: 20 јуни, од 20:00 часот Каде: 1020 Kitchen & Bar 📍Лептокарија Што: разговор, музика од BB14 x BV14, и live art перформанс на mr. Poked.Дојдете да размениме мислења и да се забавувамe.

  • Kампања „Едукација менува, казната крши“

    Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје ја започна кампањата „Едукација менува, казната крши“, како дел од глобалното движење „Support. Don’t Punish“. Главната цел на оваа иницијатива е да се нагласи неопходноста од итни реформи во актуелните политики за дроги во Северена Македонија, особено по неодамнешните измени на Законот за прекршоци против јавен ред и мир.Традиционалните политики на „војна против дрогите“ од минатиот век донесоа огромни штети, криминализирајќи ги луѓето кои употребуваат дроги и туркајќи ги на маргините на општеството. Ова резултираше со ускратување на основните човекови права, вклучувајќи пристап до здравствена грижа и третман.Како одговор на овие репресивни политики, во 2013 година започна глобалното движење „Support, don’t punish“ („Поддржи, не казнувај“). Оваа иницијатива се залага за политики кои се фокусираат на јавното здравје и човековите права, наместо на прогон и репресија. Целта е да се подигне свеста, да се зајакнат заедниците погодени од овие политики и да се отвори дијалог со креаторите на политиките.ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, повеќе од една деценија е активен дел од оваа глобална кампања. Нашата цел е да го пренасочиме фокусот од казнувањето кон неопходната поддршка и почитување на правата на луѓето кои употребуваат дроги.Неодамна, Собранието ги усвои измените на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, со кои се воведе парична казна од 100 до 250 евра за поседување наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори за лична употреба. Иако предлагачите тврдат дека ова ќе овозможи санкционирање и одвраќање на рецидивистите, ХОПС смета дека овие причини не соодветствуваат со праксата.Кампањата се фокусира на неколку клучни аргументи:Едукацијата пред казната: Основниот принцип е дека едукацијата и превенцијата се многу поефективни во справувањето со проблемите поврзани со дрогите отколку строгите казнени мерки. Казнувањето, особено за корисниците на дроги, честопати води кон стигматизација, социјална исклученост и влошување на проблемот, наместо негово решавање.Хуман пристап: ХОПС се залага за хуман пристап кон луѓето кои користат дроги, третирајќи ги како индивидуи на кои им е потребна поддршка и помош, а не само казна. Ова вклучува пристап до здравствени услуги, советување и програми за намалување на штети.Потреба од реформи: Постоечките закони и политики за дроги се застарени и неефикасни. Неодамнешните измени на Законот за прекршоци против јавен ред и мир, кои можеби предвидуваат построги казни, се гледаат како чекор наназад кој потенцијално може да ја влоши состојбата.Глобална поддршка: Кампањата е дел од поширокото меѓународно движење „Поддржи, не казнувај“, што ѝ дава тежина и ја става во контекст на глобалните напори за хуманизирање на политиките за дроги.Поканети сте на настанот „Едукација менува, казната крши“, дел од глобалната кампања „Support. Don’t Punish“.Кога: 20 јуни, од 20:00 часот Каде: 1020 Kitchen & Bar 📍Лептокарија Што: Дискусија, музика од BB14 x BV14 ,live art перформанс на mr. Poked пренесувајќи ја порака „Едукација менува, казната крши“.Дојдете да размениме мислења и да се забавувамe.

  • Започна проектот „Воспоставување на национален систем за превенција на употреба на дрога во средните училишта“

    ХОПС – Опции за здрав живот, во јануари 2025 година започна со спроведување на проектот „Воспоставување на национален систем за превенција на употреба на дрога во средните училишта“, финансиран од Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).Целта на проектот е да се воспостави национална, системски поддржана и научно заснована програма за превенција на употреба на дроги меѓу младите, која ќе биде применлива и одржлива во рамките на формалниот образовен систем.Контекст и потребаВо услови на отсуство на стандардизиран пристап кон превенција, голем број од активностите кои се спроведуваат во училиштата се ад-хок, неусогласени и неретко неосновани на научни принципи. Проектот има за цел да го смени ова преку воспоставување структуриран и институционален систем на превенција, кој ќе се базира на докази, континуитет и соработка со сите засегнати страни.Главни активностиПроектот ќе се реализира во текот на 24 месеци и опфаќа:Разработка на национална програма и стандарди за превенција, во соработка со Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје;Вклучување на 108 средни училишта од различни региони на земјата и идентификација на најмалку 400 стручни лица (наставници, психолози, педагози, социјални работници);Организирање на 9 обуки за 216 учесници, со цел градење капацитети за примена на програмата;Развивање на модел-училиште како конкретен пример за практична имплементација на стандардите;Одржување на 3 јавни настани/форуми, преку кои ќе се поттикне поширока дискусија за пристапите кон младинска превенција;Дистрибуција на информативни и визуелни материјали, вклучително и прирачници, флаери, брошури и брендирани материјали за поддршка на видливоста.Очекувани резултатиСо воспоставување на стандардизиран систем, проектот има за цел:Да ја подигне свеста кај младите, родителите и наставниот кадар за ризиците поврзани со употребата на дрога;Да придонесе кон создавање институционален одговор базиран на истражување и факти;Да иницира долгорочна вклученост на образовните институции во превентивните политики;Да создаде модел кој ќе биде пример за понатамошно национално ширење и институционално прифаќање.Проектот се спроведува во партнерство со:Министерството за образование и наукаМинистерството за здравствоБирото за развој на образованиетоИнститутот за јавно здравјеСредни училишта од различни региони ДисклејмерПроектот „Воспоставување на национален систем за превенција на употреба на дрога во средните училишта“ е финансиран од Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).Содржината на оваа објава е единствена одговорност на ХОПС – Опции за здрав живот и не ја одразува нужно гледната точка на Европската Унија.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор